Daily news
Случајот „Тревник“ пред Апелација: Одбраната бара да им биде вратен пасошот на браќата Павловиќ
По одлуката на Кривичниот суд да ја прифати предложената мерка од страна на СЈО за обезбедување присуство, односно одземање на патната исправа, обвинетиот Звездан Павловиќ одлуката ја обжали во Апелациониот суд. Тој е обвинет за бесправно градење куќи во Зелениково. Станува збор за случајот „Тревник“ каде се обвинети браќата Павловиќ. Според СЈО, се работи за изградени три викенд-куќи во општина Зелениково надвор од пропишаната процедура. Судија известител за предметот е Лилјана Ивановска Шопов.
„До денес во нашето правосудтво не е поднесено вакво барање за вакво дело. Од аспект на покренато обвинение, од описот на дејствијата нема елементи за кривично дело кои се ставаат на товар кај обвинетиот. Тој поднел барање за градење и го добил, без разлика кога. Од самото обинение нема место за мерка претпазливост”, вели одбраната на Звездан Павловиќ, адвокатката Светлана Савиќ.
„Обвинителниот акт го добивме утринава. Органот на прогон поднесува паушални барања. Од листингот на МВР можете да видите дека обвинетиот Павловиќ во изминатите 5-6 години два- трипати ја има напуштено државата. Сметаме дека ќе ја прифатите нашата жалба и дека ќе го вратите пасошот на невиниот човек“, вели вториот адвокат Анита Бегова.
Според Гаврил Бубевски од СЈО, поднесено е обвинение за бесправно градење. „Во ситуација кога аргументите треба да се соочат на главна расправа, судот усвои соодветна мерка која ќе доведе до решавање на случајот, а со која не му се несоодветно ускратени неговите права. Наведени се повеќе околности, а не само поминување на државната граница”, додава Гаврил Бубевски од СЈО.
На ова реагираше адвокатката на одбраната, Савиќ, која вели дека за некое поднесено барање треба да биде издржано со докази кои ги нема. Звездан Павловиќ немаше што да додаде.
Исто како и за Звездан, одбраната се жали и за мерката претпазловост која му е определена на Срѓан Павловиќ. Одбраната и тука тврди дека нема основи за кривично дело, укажувајќи дека доказите ги доставиле и пред СЈО, а истите ги немало никаде во понатамошната постапка. „Ова е тенденциозна постапка. Во однос на степенот на сомнеж, одбраната достави докази дека ова не е дело за кое се гони. Не знаеме зошто упорно СЈО го тера овој предмет. Од истите причини, бараме овие мерки да бидат укинати“, укажа адвокатката Бегова.
Обвинителот Стевчо Донев укажа дека СЈО ги имало во предвид сите докази, а предложи жалбата да не биде прифатена.
К. Ландов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.