Контакт

Daily news

Советот за фактите ги проверил судските списи за притворите на Грујовски и Бошковски

Објавено пред

Комисијата при Советот за утврдување на фактите, која беше формирана на 25 август за утврдување на неправилностите сторени од страна на судиите што постапувале по предметот познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“, првпат се огласи во јавноста. Од таму преку соопштение информираат дека денеска извршиле увид во списите на предметите во Основниот суд Скопје 1 Скопје и во Апелациониот суд Скопје со цел да прибават потребни факти за изготвување извештај. Станува збор за судиите Ленка Давитковска, поранешна в.д. претседателката на судот, Татјана Михајлова, Дијана Груевска, за апелациските судии Лилјана Ивановска-Шопова, Сафет Кадрии и Цветанка Периќ, како и за судиите на Врховниот суд – Јово Вангеловски, Фаик Арслани, Ристо Катавеновски и Џемали Саити, но и за судиите Васил Грчев и Киро Здравев.
Дополнително, комисијата ќе изврши увид и во списите на предметите во Врховниот суд. Постапката ќе продолжи во согласност со Законот со преземањето и други конкретни дејства за што јавноста ќе биде благовремено известена, најавува претседателот на Советот за утврдување на фактите, и поведување постапка за утврдување одговорност за судијата Сашо Поцевски.
Советот кој поведува постапки за одговорност на судии одлучи да ги разгледа иницијативите против судиите што одлучуваа во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО. Предметите се отвораат по допрен глас и иницијативата на здружението „Зелена лупа“. Комисијата треба да утврди дали судиите сториле неправилности при донесувањето на нивните одлуки и за тоа ќе изготви извештај по кој Советот ќе одлучи дали ќе се поведе постапка за утврдување одговорност на судиите пред Судскиот совет или ќе ја одбие иницијативата.  

Здружението „Зелена лупа“ досега поднесе две иницијативи за 12 судии поврзани со предметите „Таргет“ и „Тврдина“, каде што меѓу делителите на правдата се наоѓа и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Има и други судии од Врховен, но и од Апелациониот и од Основниот суд во Скопје. Здружението „Зелена лупа“ ги иницира овие постапки бидејќи Основниот, Апелациониот и Врховниот суд не ја следеле воспоставената пракса, но и законите во случаите кога СЈО бараше притвори.

dobivaj vesti na viber


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија11 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија14 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија14 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија16 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија17 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура17 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија17 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет18 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија18 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет19 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет19 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа20 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет20 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет20 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија21 час

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ2 дена

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...