Контакт

Daily news

Спасувачки хеликоптер се урна во Индонезија

Објавено пред

Осум патници и членови на екипажот на хеликоптерската спасувачка екипа загинаа во Индонезија. Екипажот тргнал да го евакуира локалното население поради ерупција на вулкан.

dobivaj vesti na viber

Локалните власти соопштија дека хеликоптерот, кој бил во спасувачка мисија, удрил во карпа и се урнал.

Инаку, по ерупцијата на вулканот на островот Јава, најнаселениот индонезиски остров, биле повредени десет лица.

Портпаролот на Агенцијата за заштита и спасување, Сутопо Пурво Нугрох, рекол дека вулканот Силери исфрлал ладна лава, пепел и кал на височина до 50 метри.

Тој рекол дека ерупцијата се случила ненадејно, кога во близина на кратерот се наоѓале 17 луѓе. Десет од нив биле повредени и веднаш биле згрижени во локалната болница.

Вулканот Силери е популарна туристичка дестинација, поради благата клима и будистичките храмови од деветтиот век. н.ц.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ39 минути

Во тешка сообраќајна несреќа загина битолчанец

Вчера во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улицата „Наум Наумовски“ со улицата „Прилепска“ во...

Македонија55 минути

Изборните резултати го клекнаа СДСМ на колена, но под мое раководство повторно ќе биде победничка партија: Филипче поднесе кандидатура за претседател

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ. „Ова е убав...

Македонија57 минути

Петровска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ: Ниедна причина за овој пораз што го доживеавме не смее да остане скриена

Обединување на членството, дискусии и дебати за сите политички збиднувања во земјата како и анализа на причините за поразите кои...

Македонија3 часа

Граѓаните ќе платат најмалку 600.000 евра за апанажа на пратеници од минатиот состав, вели партијата Левица

„Деновиве во јавноста излезе информација дека Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата, досега, на најмалку 29 пратеници од...

Европа4 часа

(Видео) Градовите во Германија сè уште под вода, пет лица загинаа

Пет лица загинаа, а илјадници се евакуирани во јужна Германија по обилните дождови кои предизвикаа поплави. Во Баварија животот го...

Регион4 часа

Таткото на Данка за изјавата на осомничениот за нејзиното убиство: Ме погоди, нема да им простам

Таткото на малата Данка Илиќ, Милош Илиќ, го коментира изненадувачкото сведочење на еден од двајцата осомничени за нејзиното убиство. Да...

Македонија4 часа

Доколку во Европа се случеше скандал како овој со хируршките сали, истиот ден одговорните функционери ќе беа „искуферени“, велат ВМРО-ДПМНЕ

„Цели дваесет дена владее хаос на Клиниката на хирургија, 20 дена владее тотален колапс во терцијалното здравство во Македонија. Клучната...

Европа6 часа

Русија ѝ се закани на Франција

Русија вчера одговори со нова закана за ескалација на извештаите дека Франција наскоро би можела да испрати инструктори да и...

Свет6 часа

САД: Сè уште чекаме одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот

Одговорот на Хамас на израелскиот предлог за прекин на огнот, претставен од американскиот претседател Џо Бајден во петокот, сè уште...

Топ20 часа

Двајца мажи ги натепале сопругите, друг демнел жена, а четврт се расправал со поранешната девојка и пукал во воздух – МВР со детали

Тепање, демнење, пукање. Вакви случаи го преплавија полицискиот билтен на МВР. „На 03.06.2023 во 22.20 часот во СВР Скопје, 68...

Македонија21 час

Место две, ќе работи по една операциона сала, но во две смени за да се оперираат и итни и пациенти со закажани операции со еден сад за воздух

По хаваријата во системот за снабдување со кислород и компримиран воздух во хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, заменик-министерката...

Топ22 часа

Ограбена банка во „Скопјанка“

„Денеска, во 11.25 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на булеварот Кузман Јосифовски-Питу во...

Македонија22 часа

Дарко Костадиновски нов претседател на Уставниот суд

Судот информира дека денеска судијата Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Од...

Македонија22 часа

Не коментирам пораки од Мицотакис, и ние и соседите би можеле да се однесуваме пријателски, да бидеме малку Скандинавци, порача претседателката Силјановска-Давкова

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова не сака да ги коментира најавите за вето од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за евроинтеграција на земјата,...

Македонија22 часа

Македонија е мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како и сите други: Силјановска-Давкова за македонско-бугарското прашање

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова порача дека и за нас треба да важат истите критериуми за влез во ЕУ како и за...

Македонија1 ден

(Видео) Стоилковски: ЈО наводно истражува заговор на Хирургија, а власта и директорите си прават средби и се договараат

„Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ. Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора...

Македонија1 ден

Лога со писмо ја известил меѓународната заедница за најавите за упад од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем

Министерот за правда, Кренар Лога, испратил писма до делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија, Франција,...

Свет1 ден

Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје

Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран...

Свет1 ден

Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче – нема кандидат за претседател на СДС што не е поврзан со криминал

„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани...