Daily news
Столтенберг го брани Трамп

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја толкуваше позицијата на претседателот Доналд Трамп околу спремноста на САД да го почитуваат и натаму правилото „еден за сите сите за еден“ во системот на колективна одбрана на алијансата.
Според Столтенберг Трамп јасно ја искажал посветеноста на НАТО и на Европа, а тоа не е можно без посветеност и прифаќање на Членот 5 за колективната одбрана.
„Претседателот Трамп беше јасен во определбите, но и во очекувањата“, нагласи Столтенберг, најавувајќи дека земјите членки ја прифатиле забелешката на САД дека мораат да инвестираат повеќе во одбраната, барем толку колку што се обврзале заеднички во алијансата.
Според Столтенберг, иако Трамп експлицитно не се обврза дека ќе ги брани земјите членки што евентално ќе бидат нападнати исто како да се нападнати САД, самото тоа што посветил споменик на 11 септември во новото седиште на алијансата и што ги зголемил неодамна воените трошоци за Европа за 14 отсто, го потврдува тоа што не го кажа со зборови.
Според него Трамп бил многу директен во тоа што го бара и што го презема како обврска, но забележа дека е грешно да се мисли дека земјите членки треба да инвестираат во одбраната за да ги задоволат САД.
Повеќето лидери си заминаа без да дадат изјави по самитот, а меѓу нив германската канцеларка Ангела Меркел, самиот Трамп иако за првпат е во Брисел, па и францускиот претседател Емануел Макрон, кој закажа, па откажа прес конференција.
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, наспроти снимката што се појави во медиумите со Трамп како грубо се бори за главна позиција, при што настрада црногорскиот премиер Душко Марковиќ кој требаше да биде најсреќен на самитот бидејќи неговата земја стана членка, рече дека претседателот на САД бил лежерен, љубезен и успеал да разговара со сите.
Таа лично му укажала на влошувањето на состојбата во Југоисточна Европа барајќи САД да го зголемат своето внимание и ангажман во регионот. Според неа зачудувачки голем број лидери зборувале за овој регион барајќи поголемо внимание на алијансата во однос на тоа што се случува во него.
Трамп, објасни таа, бил експлицитен за поделбата на трошоците ,но не и за Членот 5, изјавувајќи дека „Америка стои апсолутно стопроцентно зад Европа“, но со додавка дека не може да плати сè самата. Лицемерно е ,рече таа, да очекуваме некој друг да да го преземе она што треба да го преземеме самите, односно одбрана на сопствените држави.
„Можеби заборави да го спомене Членот 5 ,но беше на откривањето на споменикот на Членот 5“, порача таа.
Главната вест е сепак дека за неколку недели Црна Гора ќе стане 29-та земја членка на НАТО и четврта, по Словенија, Хрватска и Албанија од Балканот.
Слободанка Јовановска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.