Daily news
(ВИДЕО) СЈО бара притвор за 18 лица, а за 47 мерки за претпазливост

На ден пред истекот на рокот за поднесување обвиненија, Специјалното јавно обвинителство денеска објави дека за 18 предмети ќе бидат поднесени обвиненија за вкупно 94 физички лица и 7 правни лица. Тие се обвинети за 22 кривични дела. Ова се нови обвиненија и во оваа бројка не влегуваат претходните три обвиненија: „Тврдина 2“,„Насилството во Центар“ и „Транспортер“, кои веќе се во судска постапка.
Според информациите добиени од СЈО, мерка притвор е предложена за 18 лица. Најмногу во случајот „Титаник“ и во „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет, каде од судот се бара да определи притвор за по 5 лица.
Во првоотворениот случај на СЈО за изборните измами наречен „Титаник“ од иницијалите (Н.Г, М.П, К.Б, М.Ј и Г.Ј) може да се препознае дека се бара притвор за целиот врв на донеодамна владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а сега тазе опозиција. Поточно, за експремиерот Никола Груевски, за неговиот шеф на кабинет, Мартин Протоѓер, за поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски, како и за поранешните министри за транспорт и врски и полиција, Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловска. Притвор се бара и во „Титаник 3“, за лица со иницијали И.Г и Е.А.
Што се однесува до предметот „Тврдина“ и „Таргет“, таму мерка притвор е предложена за лицата С.М, Г.Г, Т.Ј., Н.Б и Н.Н. Од иницијалите може да се препознае дека прв од листата е поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој е првообвинет во овој предмет за „злосторничко здружување“, за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за примање награда за противзаконито влијание. Притвор се бара и за поранешниот прв човек на Петата управа, Горан Грујевски, за кого веќе се води судска постапка за предметот „Тврдина 2“, како и за Тони Јакимовски, некогашниот шеф на кабинет на ексминистерката за полиција, Гордана Јанкуловска.
Во предметот „Траекторија“ се бара притвор за лицето В.П (ексминистерот Владимир Пешевски), во „Тотал“ за Д.П.Л- за даночно затајување на фирмите зад кои стои главниот и одговорен уредник на „Сител“, Драган Павловиќ Латас, за началникот на полиција Ѓ.П во предметот „Триста“, како и за лицето Т.Т. во случајот „Т.Н.Т“, за кое лесно може да се утврди дека станува збор за градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски. Во случајот „Тендери“, побаран е притвор за екс-министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, како и за лице Л. Л. Ц.
Тимот на Јанева предложил и мерки за претпазливост за 47 лица, кои имаат обврска да се јавуваат пред определено службено лице или кај државен орган, или за привремено одземање на патна или друга исправа за преминување граница, односно забрана за нејзино издавање. Тоа се однесува и на уредничката на „Сител“, Ивона Талевска, за која е поднесено обвинение во предметот „Тифани“ за даночно затајување.
Интересно е што во предметот „Тортура“, кој се однесуваше на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, е предложена мерка „забрана за приближување, односно одржување контакти“.
Специјалното јавно обвинителство донело решенија за непреземање кривично гонење за шест лица, наредби за запирање на истражната постапка за девет лица, како и наредба за прекин на истражната постапка за три лица.
Г.Дувњак
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.