Контакт

Daily news

Триглав осигурување Скопје со добри резултати во сите сегменти од работењето

Објавено пред

Групацијата Триглав во првите три месеци од годинава работеше добро и во согласност со стратешките насоки. Нето добивката на Групацијата изнесуваше 22,3 милиони евра. Консолидираната бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување изнесуваше 281 милион евра, што е 8% повеќе од истиот период минатата година.

dobivaj vesti na viber

Раст во премијата беше забележан на сите седум осигурителни пазари на коишто е присутна Групацијата, и во сите деловни сегменти од осигурителната дејност на Групацијата, како и во подрачјето на осигурување на живот, и тоа дури за 10%.

Комбинираниот коефициент е поволен и понизок од својата потцртана долгорочна стратешка просечна вредност.

Финансиските пазари и оваа година имаат ниски, односно нулти каматни стапки, а во водечката осигурително-финансиска групација во Словенија и во регионот Адрија не се очекува видливо подобрување на ситуацијата во краткорочен период.

Триглав осигурување Скопје во првиот квартал од 2017 година постигна 9-процентен раст во премија и натаму останува водечка осигурителна компанија на македонскиот пазар. Со подобрен комбиниран коефициент во висина од 92,9%, компанијата покажува позитивни резултати во основната дејност.

Нето добивката на групацијата Триглав изнесува 22,3 милиони евра (22,6 милиони во истиот период минатата година), добивката пред оданочување изнесува 25,5 милиони (за споредба, минатата година изнесуваше 28,2 милиони).

Консолидираната премија од осигурување и соосигурување изнесува 281 милион евра, што е 22 милиони, т.е. 8% повеќе од истиот период минатата година. Раст во премијата е реализиран во сите деловни сегменти од осигурителната дејност на групацијата Триглав.

Во најголемиот сегмент, неживотно осигурување, премијата се зголеми за 8%, во доменот на здравствено осигурување за 13%. Оваа година се забележува позитивен тренд кај премиите од осигурување на живот, каде што е остварен раст од дури 10%. Добриот резултат е последица на успешното задржување средства од полисите на доживување и повисоките уплати на премија.

Раст во премија е остварен на сите седум осигурителни пазари на Групацијата. Во Словенија заваровалница Триглав обезбеди 8% повисока премија од истиот период минатата година, а другите две осигурителни куќи, Триглав, Здравствена заваровалница и Скупна покојнинска дружба остварија раст во премија од 13%, односно 1%. Просечниот пораст во премија на другите пазари изнесува 15%. Најголем пораст од 38% е реализиран на српскиот пазар.

Во првото тромесечје немаше масовни штетни настани. Бруто исплатените штети се повисоки за 3%, но тоа е резултат на зголемување на самото портфолио и зачестеноста на штетни настани. Поради зголемувањето на штетниот коефициент дојде до зголемување на комбинираниот коефициент, којшто изнесува 92,7%. Оваа вредност на коефициентот е поволна и пониска од потцртаната долгорочна стратешка просечна вредност.

И оваа година финансиските пазари се во состојба на ниски, односно нулти каматни стапки и висока нестабилност на цените на акциите. Краткорочно, не се очекува видливо подобрување на состојбите.

Тромесечните резултати покажуваат повисоки вредности на приноси од финансиски вложувања за групацијата Триглав, споредено со истиот период минатата година, што е првенствено последица на еднократни настани, евидентирани минатата година. Групацијата оваа година и натаму ја задржува главната насока на својата досегашна инвестициска политика. Нејзиното портфолио во најголема мера го сочинуваат првокласни државни обврзници, а Групацијата, во рамките на инвестициската политика спроведува одредени прилагодувања на уделите на поедини вложувања во портфолиото.

Споредено со крајот на 2016-та година, капиталот на Групацијата се зголеми за 2% на 759,6 милиони евра, додека, пак, техничките резерви се зголемија за 3% на 2.740,6 милиони евра. Нивото на капитал, во однос на поставените стратешки насоки, на соодветен начин го надминува одреденото ниво на преземени ризици.

Деталите за финансиското работење, солвентноста и адекватноста на капитал на Групацијата на крајот од 2016 година ќе бидат презентирани во новата форма на извештај, која ја одредува законодавството на секторот за Солвентност II. Извештајот за Групацијата ќе биде објавен во законскиот рок, до 1 јули, оваа година.

„Со новата стратегија преминуваме во групација којашто развива нови начини на работење, коишто се темел на нашиот одговорен долгорочен развој, а воедно работиме профитабилно и безбедно. Во центарот на сите активности уште повеќе е изразен нашиот фокус на клиентите и нивните потреби. Задоволни сме со работењето во првото тромесечје. Групацијата, во споредба со истиот период минатата година, го зголеми своето портфолио, привлече нови клиенти, го зголеми обемот на осигурување кај постоечките клиенти и оствари добри деловни резултати. Земајќи ги превид планираните деловни шанси до крајот на годината, цениме дека овогодишната добивка пред оданочување на групацијата Триглав ќе биде остварена во планираниот распон помеѓу 70 и 80 милиони евра“, изјави претседателот на управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар.

Триглав осигурување Скопје во првиот квартал од 2017 година го продолжи трендот на сѐ подобри резултати во сите сегменти од работењето. Одличните индикатори на перформансите се одраз на експертизата и балансираното управување со компанијата и со сите нејзини процеси, како и фокусот на клиентите, којшто диктира прилагодување на понудата на потребите на пазарот и наложува супериорен квалитет на услугите коишто компанијата ги обезбедува.

Во првиот квартал од оваа година Триглав осигурување Скопје обезбеди 9% повисока бруто полисирана премија, споредено со истиот период минатата година, достигнувајќи на тој начин 349 милиони денари (5,7 милиони евра).

Главниот извршен директор на компанијата, Ѓорѓе Војновиќ, смета дека најважен индикатор за доброто работење во основната осигурителна дејност, сепак, е комбинираниот коефициент, кој треба да има вредност под 100% и кој што Триглав во првиот квартал од 2017 година успеа да го подобри, намалувајќи го за 10,3 процентни поени, споредено со истиот период минатата година, на 92,9%.

„Еден од најголемите предизвици секако е задржувањето на квалитетот на работење и на услугите коишто ги обезбедуваме на високо ниво. За тоа се потребни внимателно планирање и унапредување на сите работни процеси, но и мотивирани вработени. Ме радува што тоа континуирано ни успева, што е, секако, последица на посветеноста на нашиот тим на разултатите и плановите на компанијата, но пред сѐ, на нашиот фокус на клиентите и нивните потреби“, дополни Војновиќ. /крај/со/мф

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија2 часа

Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива...

Македонија2 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија2 часа

„Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби“, велат од СДСМ

„Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè...

Македонија2 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија2 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет3 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет3 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа4 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа4 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа4 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија14 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија23 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија23 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија24 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион1 ден

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет1 ден

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...