Контакт

Daily news

УНИЦЕФ: Сексуална злоупотреба и насилство демнат милиони деца во светот

Објавено пред

Зачудувачки голем број деца, некои и на возраст од 12 месеци, се соочуваат со насилство, честопати од оние кои треба да се грижат за нив, се вели во најновиот извештај на УНИЦЕФ.  Во „Познато лице: насилството во животот на децата и адолесцентите“, употребени се најновите податоци за да се покаже дека децата доживуваат насилство во сите фази од детството и во сите околности.

dobivaj vesti na viber

„Неприфатливо е што деца од сите возрасти и во секој дел од светот се соочуваат со насилство онаму кадешто би требало да се чувствуваат најбезбедно – дома, на училиште и во заедницата. Уништувачките последици од насилството детето може да ги чувствува во текот на целиот живот, а честопати се пренесуваат од една генерација на друга”, рече регионалниот директор на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија Афшан Кан. „Овие наоди мора да бидат повик за будење за да ги заштитиме сите деца од насилство”.

Три четвртини од децата во светот на возраст помеѓу 2 и 4 години – околу 300 милиони – доживуваат психолошка агресија и/или физичко казнување од нивните старатели дома. Околу 6 од 10 едногодишни деца во 30 земји со достапни податоци редовно се подложуваат на насилна дисциплина. Речиси една четвртина од едногодишните деца физички се протресуваат како казна, а речиси секое десето едногодишно дете  добива удари или шлаканици по лицето, главата или ушите.Во светот, секое четврто дете под петгодишна возраст, живее со мајка која е жртва на насилство од интимниот партнер.

Во светот, околу 15 милиони адолесцентки на возраст од 15 до 19 години доживеале принуден сексуален однос или друг вид присилни полови дејствија во текот на животот. Само 1 отсто од адолесцентките кои биле жртви на сексуално насилство рекле дека побарале стручна помош. Во 28-те земји со податоци, во просек 90 отсто од адолесцентките кои доживеале секс под принуда, рекле дека сторителот на првиот инцидент им бил претходно познат. Податоците од шест земји откриваат дека пријателите, соучениците и партнерите се меѓу најчесто наведуваните сторители на сексуално насилство врз машките адолесценти.

Половина од населението на училишна возраст – 732 милиони – живеат во земји каде телесното казнување во училиштата не е целосно забрането. Околу 3 од 10 адолесценти (17 милиони) од 39 земји од Европа и Северна Америка признаваат дека биле насилни кон други деца на училиште. Во светот, скоро 130 милиони или нешто повеќе од една третина ученици на возраст од 13 до 15 години биле жртви на врсничко насилство.

Објавувањето на глобалниот извештај денес се поклопува со суб-регионалниот форум за зајакнување на собирањето податоци за насилството врз децата за да се унапреди застапувањето и политиките во шест земји и територии на Западен Балкан и Турција. Дводневниот настан во Белград, Србија е дел од програмата на Европската Унија, УНИЦЕФ и Европскиот форум за попреченост „Заштита на децата од насилство и промовирање на социјалната инклузија на децата со попреченост”, чија цел е зајакнување на националните системи за заштита на децата и обезбедување нивно социјално вклучување.

Во целата своја работа, УНИЦЕФ става приоритет врз напорите да се стави крај на насилството, вклучувајќи поддршка за напорите на државите да се подобрат услугите за децата погодени од насилство, да се изготват политики и закони кои ги штитат децата, и да им се помогне на заедниците, родителите и децата во спречување на насилството преку практични програми како на пр. курсеви за родителство и активности за борба против семејното насилство.

За да се ​​стави крај на насилството врз децата,  УНИЦЕФ предлага донесување добро координирани национални акциони планови за ставање крај на насилството врз децата – вклучувајќи ги образованието, социјалната заштита, правосудните и здравствените системи, како и заедниците и самите деца. Исто така се предлага менување на однесувањето кај возрасните и осврт на факторите кои придонесуваат кон насилството врз децата, заедно со економско-социјалните нееднаквости, општествено-културните норми со кои се охрабрува насилството, несоодветните политики и законодавство, недоволните услуги за жртвите, како и ограничените инвестиции во ефективни системи за спречување и одговор на насилството. Потребно е и градење на системите за социјална заштита и обука на социјалните работници за упатување, советување и терапевтски услуги на децата кои доживеале насилство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ35 минути

Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија1 час

Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ од кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени продолжува денес во...

Македонија2 часа

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606...

Свет3 часа

„Европа го подготвува својот крај“: Турски аналитичар предупредува на погрешни стратешки проценки од Брисел

Политиката на Брисел за „исцрпување“ на Русија не само што не ги даде очекуваните резултати, туку, доколку продолжи, може да...

Европа4 часа

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90% до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион4 часа

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа4 часа

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет4 часа

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија18 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија19 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија19 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија20 часа

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија21 час

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет21 час

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија24 часа

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија1 ден

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа1 ден

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет1 ден

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа1 ден

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...

Македонија1 ден

СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија...