Над 20.000 првачиња утре ќе седнат во училишните клупи во новата 2017/2018 година. Според податоците на Министерството за образование и наука, бројката на запишани првачиња според досегашните податоци со кои располага МОН изнесува 20.437.
Во Скопје од 10 општини досега се пријавени 6.159 првачиња. Во средните училишта запишани се 17.131 ученик. Во двата уписни рока во скопските средни училишта запишани се 6.496 ученици, а во другите општини бројот на запишани изнесува 10.635.
Поголем интерес имало за стручното образование, каде што се запишани 9.983 ученици, а за гимназиско образование се одлучиле 6.703. Во скопските гимназии запишани се 2.768, а во стручните училишта 3.407 ученици.
Во гимназиското образование во другите општини запишани се 3.935 ученици, а во стручните училишта во другите општини 6.576 ученици. Во уметничко образование запишани се 224 ученици, од кои во Скопје 148, а во спортска гимназија 221 ученик, од кои во Скопје 173.