Контакт

Daily news

Уште едно препукување помеѓу Беса и ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

По паузата Илија Димовски уште еднаш се јави за збор и рече дека не е албанофоб, затоа што го брани македонскиот идентитет.

dobivaj vesti na viber

„Ние мора да го отвориме прашањето за идентитетот, цитирам ова е изјава на Биљал Касами. Овде нема ништо албанофобско, ова само е споделена изјава која не е моја. Најдоа слабак кој е спремен сè да прифати и вие сакате на мала врата да протуркате прашања кои задираат во емоциите на македонскиот народ. Тоа не е фер кон македонскиот народ. Ние немаме против албанскиот јазик, но имаме против менување на идентитет“, рече Димовски.

Реплицираше Ибрахими кој рече дека нивните барања не се тајни.

„Ние сме искрени колега Димовски. Ја почитуваме химната и знамето, но можеме да имаме забелешки на симболите и тие не се тајни забелешки. Ова го кажавме одамна и ги изнесовме пред сите партии со кои би можеле да соработуваме, рече Ибрахими.

По ова на говорницата продолжи дебатата помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, при што на репликите одговара пратеникот Панчо Минов. /крај/гдм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Мицкоски: ГРЕКО потврди, Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост

Работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам има особено значење за стабилноста, безбедноста и отпорноста...

Македонија2 часа

Димитров: ЕУ дозволи она што за нас беше најважно и што го обезбедивме со преспанскиот договор сега да биде нападнато од Бугарија

„Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер што испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога...

Македонија3 часа

ДУИ за Коридорот 8: Тие што го саботираа, денес се фалат

Демократската Унија за Интеграција го поздравува ентузијазмот со кој актуелната Влада го промовира реализирањето на стратешките проекти во земјата, како...

Свет3 часа

Медведев за ултиматумот на Трамп: На Русија не ѝ е гајле

Најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за можното воведување 100 % царини за стоки увезени од Русија претставуваат театарски...

Свет4 часа

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп, му се заблагодарив за неговата подготвеност да ја поддржи Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање...

Македонија4 часа

Алијансата за Албанците: Политичката групација „Флен“ потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија

Политичката групација „Флен“, потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија, во понеделникот изјави дека нивната борба е за затворање...

Свет4 часа

(Видео) Њујорк под вода, поплави во метро-станиците, луѓето заглавени во вагоните

Повеќе од 50 милиони Американци во североистокот се под притисок од поплави, а тие предизвикаа значителни застои во сообраќајот во...

Свет4 часа

Трамп за Би-би-си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран, но не и дека завршил со Владимир Путин, во ексклузивно телефонско интервју...

Свет18 часа

Трамп ѝ постави ултиматум на Русија: Украина добива врвно оружје, вредно милијарди

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот безбедносен план со кој ѝ се заканува на Русија со сериозни секундарни царини,...

Регион19 часа

Радев вели дека Македонија самaта си се блокира, хрватскиот претседател порача спорот е внатрешно прашање

За време на средбата со својот бугарски колега Румен Радев, хрватскиот претседател го критикуваше ставот кон земјите од Западен Балкан...

Македонија21 час

Блерим командува, Данела удира по Албанците: сценарио на ДУИ, велат од „Вреди“

Да расветлиме една од најболните приказни за злоупотреба на институциите против граѓаните, приказната за мрежата што ја создадоа Блерим Беџети...

Топ22 часа

(Видео) Филипче: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата...

Топ23 часа

МВР со детали за пожарот во Злокуќани: опожарени шест куќи, малолетник е повреден, а неколкумина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Вчера, во 20 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Скупи во Скопје настанал пожар, во кој биле...

Македонија23 часа

До крајот на август ќе бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево – Охрид, целосно во употреба во 2027 година

За речиси еден и пол месец, премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот...

Топ24 часа

Загина маж од Демирхисарско: со возилото излетал надвор од патот

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино,...

Македонија1 ден

„Пожарите беа цел на група лица што не ѝ мислат добро на Македонија, СДС, освен што е некрофилски, тој е и пиромански“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС...

Свет1 ден

Трамп: Путин зборува убаво, а потоа бомбардира сè навечер, испраќаме „Патриоти“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати ракети за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, велејќи дека тие се потребни...

Македонија1 ден

„Охридско лето без албанска култура, уште еден доказ за систематска исклученост“, велат од ДУИ

„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура...

Европа1 ден

(Видео) Авион од Пула слета во Лондон: кога повторно полета, се урна и се запали

Помал авион се урна и се запали на аеродромот во Лондон Саутенд вчера попладне. Сведоците ја опишаа експлозијата како „огнена...

Свет1 ден

(Видео) Двајца мртви и повеќе повредени во пукање во Кентаки

Две лица беа убиени, а неколку други беа ранети во серија пукотници околу градот Лексингтон вчера, објави гувернерот на Кентаки,...