Daily news
Фотографија од Иран го обиколи светот бидејќи најдобро ги опишува тамошните случувања

Меѓу сите алармантни вести што пристигнуваат од Иран, каде што масовните протести се одржуваат уште од минатиот четврток, а полицијата и Револуционерната гарда отвораат оган врз демонстрантите, се појави снимка која навистина кажува повеќе од милион зборови за она што се случува во една од најголемите земји на Блискиот Исток.
Снимката покажува млада демонстрантка во Техеран, која го трга својот хиџаб од лицето и го закачува на стап, се качува на платформа и пркосно го вее како знаме. Иако сцената изгледа како веење бело знаме во знак на предавање, симболиката станува сосема спротивна кога ќе се спомене фактот дека ова се случува во земја во која носењето во хиџаб е задолжително според законот.
This woman in #Iran took off her #Hijab to protest the mandatory Islamic dress code imposed on Iranian women. #IStandWithHer #IranProtests #Islam pic.twitter.com/G6oKHIPA68
— Armin Navabi (@ArminNavabi) December 29, 2017
Армин Наваби, ирански репортер кој прв ја објави снимката од која се преземени и фотографиите, подоцна на „Твитер“ напиша дека непознатата девојка била уапсена и притворена.
„Местото во Техеран каде што таа стоеше, сега е покриено со бели цвеќиња“, додаде тој.
Сликата на оваа девојка објавена на Твитер-профилот на Наваби била споделена повеќе од 15.000 пати и набргу се проширила на сите социјални мрежи и медиуми.
Ирачкиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаманеи, пак, ги обвини иранските „непријатели“ дека сакаат да ги загрозат властите по шестдневните демонстрации, во кои загинаа 21 лице.
Хаманеи рече дека непријателите на Иран се обединети и ги користат сите средства, пари и оружје, како и нивните безбедносни служби, за да создадат проблеми за иранските власти.
„Тие само чекаат шанса да нанесат удар врз иранскиот народ“, изјави Хаманеи не прецизирајќи конкретно кои се непријателите на Иран.
Во протестите минатата недела во неколку ирански градови досега загинаа повеќе од 20 луѓе, а неколку стотици се уапсени. Протестите започнаа поради економските проблеми во земјата и непотребното вмешување на Иран во конфликтите во регионот, но демонстрантите воедно бараат и оставка од врховниот лидер, ајатолахот Али Хаманеи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.