Daily news
Хан се сретна со Груевски, Ахмети и со Села – реформите мора да се исполнат
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, кој имаше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на „Твитер“ напиша дека ја истакнал важноста од конструктивноста на опозицијата за исполнување на реформите. „Ја истакнав важноста на нивниот конструктивен придонес во реформите на ЕУ. Напредокот на патот кон ЕУ е во интерес на граѓаните“, напиша Хан на „Твитер“.
Also met with #opposition party #VMRO. Stressed the importance of their constructive contribution to #EU reforms. Progress towards #EUpath is in the interest of the citizens! pic.twitter.com/hdWNxsG8qy
— Johannes Hahn (@JHahnEU) November 20, 2017
Евромесарот разговараше и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и со лидерот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села. „Добра размена со лидерите на владините коалициски партнери Али Ахмети и Зијадин Села. Истакнав дека стабилноста на трипартитната коалиција и доближувањето кон опозицијата се од суштинско значење за конструктивно да се работи на неопходните реформи од ЕУ“, напиша Хан на „Твитер“ во врска со оваа средба.
Good exchange with leaders of gvt. coalition partners @AliAhmeti and #ZiadinSela. Stressed that stability of three party coalition and outreach to opposition crucial to work constructively on necessary #EU reforms. pic.twitter.com/HjjuB7pjOW
— Johannes Hahn (@JHahnEU) November 20, 2017
Ахмети по средбата со Хан рече дека ДУИ интензивно работи за да се исполнат реформите. Според Ахмети, Хан бил многу конкретен за реализирањето на реформите во судството и другите делови за кои се потребни реформи. Тој бил заинтересиран и за евро-атлантските процеси за што му било забележано дека интензивно се работи за да се постигнат резултати.
„Останува времето да покаже за ветувањата што ние ги дадовме, за обврските што ги преземавме и останувам оптимист дека ние навреме ќе успееме да ги спроведеме и имплементираме сите барања што нас нè доближуваат повеќе до отворањето на преговорите за членство во ЕУ. Исто така, разговаравме и за политичките настани во земјата, за функционирањето на коалицијата. Сè уште не сме одржале средба ние како коалициски партнери, значи тогаш ќе ја разјасниме и расветлиме целата ситуација и во моментот кога ќе се расветли целата ситуација, ќе комуницираме со јавноста“, рече Ахмети.
На средбата со Села исто така било потенцирано дека реформите имаат смисла само кога ги чувствуваат граѓаните. „Ние и натаму остануваме фокусирани како „Алијанса за Албанците“ во насока на реформите. Многу е важно најавените реформи што се однесуваат на правната држава да започнат и да ги видиме, да станат достапни за граѓаните, бидејќи реформите само тогаш имаат смисла кога тие реформи ги чувствуваат граѓаните. Се разбира дека господинот Хан и нашите меѓународни пријатели се заинтересирани да имаат стабилност во Владата. Само со стабилна влада ние можеме да бидеме фокусирани на реформите, без да се занимаваме со овие ниски политички игри, кои некој се труди да ги наметне“, рече Села.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.