Контакт

Daily news

Харис Кондосфирис и Кристина Ѕани: Постои некоја тајна врскa

Објавено пред

Грчките ликовни уметници што од вечерва гостуваат во скопската галерија „Остен“ се согласни дека низ целата територија на Балканот уметноста не познава граници, а меѓу креативците има некоја тајна поврзаност.

dobivaj vesti na viber

Низ стаклените прозорци се пробива студено априлско сонце, како дополнителен естетски сојузник во изложбата на двајца прекрасни уметници, Харис Кондосфирис и Кристина Ѕани.
Нивната ликовна поставка, како конекција меѓу случајна или намерна поврзаност, ќе биде пред очите на домашната јавност во галеријата „Остен“ од вечерва до 5 мај. Ѕани е студент на Кондосфирис, и во заедничката уметничка инсталација се допираат на повеќе нивоа и создаваат контрасти, се надополнуваат и ја прават целовитоста на делото. Искуството на Кондосфирис наспроти енергичноста на младата уметница, кодирањето на ликовниот занает, и идеите кои се надополнуваат. Платната сликани во акварел, на кои се повторува цртеж на девојче, во играта со пастелни бои гради шармантна приказна за невиноста, чистината, но и фрагилноста на детската душа. Како дополнување, скулптурите на Кондосфирис – кучиња од бетон дремливо ги чуваат детските души…

Ни доаѓаат од соседна Грција, и во нашиот разговор ни оставија впечаток што ја потврдува сентенцата дека уметноста не познава граници ниту, пак, каков било политички контекст може да ја контаминира културната размена и да го задуши јазикот на уметноста.

Македонската ликовна публика има изграден критериум

Ѕани досега имала изложби во повеќе европски метрополи, но во Македонија се чувствува посебно убаво
„ Се чувствувам природно и многу убаво. Во вашата земја има високо изграден критериум за уметност и навистина се радувам што изложувам тука. Оваа изложба ја подготвував долго и сум интимно врзана за неа бидејќи, на некој начин, девојчето кое е насликано сум јас. Мотивот е биографски, барем тоа сум јас како малечка, на начин на кој се доживувам од оваа перспектива на возрасен човек“.

Кондосфирис ја надополнува дека овој начин на размислување како уметник што објектот на своите дела ги гледа со свои очи е многу важен „ Секогаш на своите студенти им велам да ги гледаат нештата со свои очи, независно како тие им изгледаат на другите. Креацијата се случува внатре исто како и уметноста, и само преку таква конекција, делата можат да допрат и до публиката“.

Нежноста се допира со цврстината во заедничката цел

Тој работи со цврсти материјали (бетон) и на оваа изложба ги акцентира и разликите меѓу нежните материјали на платното и на својот уметнички израз. Но, бетонските скулптури на кучињата истовремено носат неизмерна благост во целиот кретивен амбиент на делото. „Сметајќи дека детската невиност може да биде вознемирена, ги ставивме чуварите. Колку и да изгледаше тешко да се спојат и како структура на материјали, сепак, излезе одличен концепт. Делото функционира со галерискиот простор, и очекуваме посетителите да ја разберат пораката“, објаснува тој.

Од Романија до Крит, уметниците совршено се разбираат

За актуелната уметничка насока и ликовен тренд во Грција, Кондосфирис вели дека се темели на концептуалност. Според него, овие креативни кодови се многу слични насекаде на Балканот, и затоа сите што сме дел од оваа географска територија полесно си ги разбираме делата. „Ако кажеме дека Балканот е географски распослан од Романија до Крит, низ целата таа територија се провлекува една тајна нишка на препознавање и поврзаност на сите нас. Политиката е нешто сосема друго и нема никаква врска со креативните индивидуи“.

Барокната архитектура и натрупаноста од новонастанати споменици со дискутабилна историска порака Кондосфирис го толкува како избор што го направиле надлежните за тоа во државата, но не му пречи. „Овие пораки што некој сака да ги испрати преку новите архитектонски зданија, поточно нови, но стилски стари, е нечиј избор. Тоа што мене ми се допаѓа е што некој сака да пласира некоја историја и тоа го прави пак преку некој облик на уметност. Независно која е крајната цел, дали некоја пропаганда или нешто друго, важно е што користи уметнички израз“.

И на крајот, Кондосфирис се надева дека студентите по уметност насекаде на Балканот ќе имаат можност да се снајдат во општествата и да бидат нивен корисен дел,, но нема да бидат употребувани во ниту една политичка цел и пропаганда.

Биографии:

Харис Кондосфирис е роден во 1965 година. Тој живее и работи во Лерин, Грција. Студирал филмска режија и ликовна уметност. Учествувал на меѓународни проекти во Италија, Германија, Турција, Велика Британија, Бразил и Кина. Тој бил претставник на Грција во 26 Биенале на Сао Паоло, Бразил (2004) и учествувал на Биеналето на Пекинг (2005) и на Биеналето во Солун (2009). Тој има систематска соработка со Галерија Зумбулаки (Zoumboulaki) во Атина и со галеријата Лола Николау во Солун и има периодична соработка со галеријата Технокорос (Technochoros) во Атина, галеријата Папацикоу (Papatzikou) во Верија и Галеријата 512 во Птолемаида. Реализирал 23 лични изложби и учествувал на повеќе групни изложби во Грција и во странство.
Тој беше професор по ликовна уметност во Одделот за пластични уметности при Универзитетот во Јанина (2007-2010), а во моментот  е соработник-професор на визуелни и применети уметности на Универзитетот на Западна Македонија, Лерин од 2010 година.

Кристина Ѕани е родена во 1985 година во Атина, Грција. Таа дипломирала при Факултетот за  ликовни уметности. Ѕани имала многу самостојни изложби, како и многу учества во значајни групни изложби. Најважната самостојна изложба се одржала во KХ5 галерија во Цирих, насловена „Заборавени шепотења” во 2016 година, по која следеле изложбата во Археолошкиот музеј Игуменица „Надворешна чувствителност” во Грција во 2016 година, изложбите во  Даблин, Ирска, но и учества на повеќе светски биеналиња.
Делата на Ѕани можат да се најдат во јавни и приватни уметнички збирки и во Грција и во странство. Таа во моментов живее и работи во Кардица, Грција.

разговарала: Ана Василевска



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија6 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија6 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ9 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија10 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет11 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет12 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет12 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион13 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет13 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија23 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија24 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...