Контакт

Daily news

„Хармс“ ја освои наградата „Златен рез“ на „Синематик“

Објавено пред

Руската монтажерка Татјана Кузмичова, која е потпишана на руско-македонско-литванската копродукција „Хармс“ ја доби наградата „Златен рез“ на второто издание на Фестивалот на филмската монтажа „Синематик“ во Скопје. Наградата синоќа во Кинотеката на Македонија, во име на екипата, ја прими Сашо Павловски, кој е копродуцент на филмот на Иван Болотников. Токму со филмот за славниот писател и беше затворен фестивалот.

dobivaj vesti na viber

За наградата одлучи жири во состав на монтажерите: Миле Петковски, претседател, Ванчо Мираковски и Благоја Неделковски, членови. Од изборот на шест играни филмови („Центарот на мојот свет“; „Скршено“; „Хармс“, „Лето 1993“, „Уставот на Република Хрватска“ и „Генерација Милениум“), жирито се определи за првата руско-македонска копродукција.

„Филмот раскажува приказна за животот на Данил Јувачов, познат во светот како Данил Хармс, име исто толку впечатливо како и неговиот изглед. Тој се смета за гениј, но издавачите одбиваат да ги отпечатат неговите дела. Тој ги сака жените, но тие не го разбираат секогаш. Постојано без пари и без допир со реалноста. Монтажерката Татјана Кузмичова ја води приказната врз стенограмот на една емоција која постепено се остварува низ уфрлување на документарни елементи од минатото како пластични визии, а при тоа гледачот ништо не го условува при визуелната перцепција. Таа се спротиставува на стереотипите на монтажата и го опишува дејствието во прогрес на ритамот и емоционалните моменти, како треба да ги доживее гледачот“, стои во образложението на жирито.

Павловски се заблагодари за наградата и истакна дека работата на монтажерите е исклучително важна и затоа „Синематик“ треба да стане традиција.

„Режисерот Иван Болотников го подготвувал филмот цели десет години. Таа судбина на Хармс го следеше и за време на подготвките на филмот. Преку раката на Кузмичова филмот го доби својот конечен изглед. Многу Македонци учествуваа во овој филм и се надевам дека ќе продолжиме соработка. За музиката на Сони Петровски веќе има интерес и од други руски продуценти и тоа е одлично за негова промоција“, рече Павловски.

Гостин и лауреат на фестивалот годинава беше легендата Андрија Зафрановиќ, кој одржа мастер-клас на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Наградата му ја врачи Љупчо Тодоровски-Упа, претседател на Асоцијацијата на филмски професионалци на Македонија што го организираше фестивалот. Поддршка за фестивалот даде Агенцијата за филм на Р. Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Мицкоски: Владата да го објави предлогот, да не го крие

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на страната на Владата. „Барам веднаш без...

Македонија9 часа

Ковачевски: Историските прашања не се дел од францускиот предлог

„Францускиот предлог е стигнат после нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт-документите. Официјалните ставови ќе ги поминат филтрите...

Македонија12 часа

Османи: Објавените документи не се финалниот предлог што француското претседателство го сподели со Владата

„Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог...

Македонија12 часа

Рама: Францускиот предлог е конечен, порака за моите браќа Македонци и Албанци, прифатете!

Премиерот Еди Рама се огласи на Твитер порачувајќи дека последниот француски предлог кој е испратен до владата на Северна Македонија...

Македонија12 часа

Петковски до Ковачевски – Тесно ви е мнозинството

Експретседателот на НСДП, Тито Петковски и се обрати на Владата и ѝ порача дека е со тенко мнозинство. Ваквата реакција...

Македонија13 часа

Бербок: Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста што ја нуди францускиот предлог

Според шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок „Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста“ која ја нуди францускиот предлог....

Македонија14 часа

Мишел за францускиот предлог: Сега е време да кажеме „да“

Претседателот на Еворпскиот совет, Шарл Мишел, го поздрави изнаоѓањето решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој напиша на „Твитер“...

Македонија15 часа

Макрон: Најдовме компромисно решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека чувствува оти е најдено компромисно решение за преговарачката рамка за членство на Македонија во...

Економија16 часа

Ковачевски: Ако ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна ценa, поскапувањето ќе беше 150 отсто

Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150 %, изјави денеска генералниот...

Македонија16 часа

Апелација му одреди домашен притвор на Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири излегува од затворот во Шуто Оризари. Ова е одлуката на скопска Апелација, која е донесена денеска. Нему му...

Македонија16 часа

Измените на Законот за работните односи, за кои беше тепачката, останаа неизгласани

Мали или речиси невозможни се шансите да се изгласаат измените на Законот за работните односи за кои во изминатите два...

Македонија17 часа

Џафери: Јас нема да се спуштам на ниво на Мицкоски и да навредувам на лична основа

Собранискиот спикер Талат Џафери од собраниската говорница им образложи на пратениците зошто смета дека и понатаму треба да ја врши...

Македонија17 часа

Мицевски: Во последните пет години Собранието е машина за гласање на криминалните зделки на СДСМ и ДУИ

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната собраниска седница, обраќајќи му се на Талат Џафери, рече дека...

Македонија18 часа

Тупанчески: Недонесувањето на измените на Законот за работните односите ќе доведе до сериозни импликации врз судскиот систем

Министерот за правда, Никола Тупанчески, смета дека недонесувањето на измените на Законот за работните односи ќе доведе до сериозни импликации...

Свет18 часа

Русите: Се повлековме од Змискиот Остров како знак на добра волја

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија денеска се повлекла од Змискиот Остров во Црното Море. „По завршените задачи,...

Економија19 часа

Владата: Со новото праведно тарифирање оние што трошат помалку плаќаат помалку струја

Во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи, за заштита од ценовен шок, од 1...

Свет19 часа

Првиот брод со жито го напушти пристаништето во Берџанск

Брод со 7.000 тони жито исплови од украинското пристаниште во Берџанск, моментно контролирано од руските сили. „По неколку месеци неактивност,...

Свет19 часа

Русите го зазедоа Лисичанск, на украинските сили им е наредено да се повлечат

Министерството за одбрана на Велика Британија денеска соопшти дека украинските сили продолжуваат да ја држат својата позиција во источниот град...

Свет20 часа

Нехамер: Пристапувањето во НАТО не е опција

Австрискиот канцелар Карл Нехамер оцени дека има нов квалитет на соработка меѓу неутралните и неврзаните земји, како Австрија и НАТО,...

Свет22 часа

Путин: Ако НАТО распореди војска во Финска и Шведска, ќе одговориме на ист начин

Русија ќе одговори на влезот на Шведска и Финска во НАТО, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. „Доколку...