Daily news
Храната што ја сакате зборува за вашиот карактер
Солена храна сакаат успешните луѓе кои се раководат според разумот.
Лицата кои чувствуваат желба за солена храна ретко го изразуваат своето мислење, но се енергични и храбри во критични ситуации, одлучувајќи врз основа на разумот, а не со срцето.
Со оглед на тоа дека често им препуштаат на другите да им ги кројат приватниот и службениот живот, таквите може да ги смири чипс или порција солен помфрит, поради тоа што имаат недостиг на минерали во организмот.
Слатко сакаат хедонистите кои живеат на маргините
Лицата кои чувствуваат голема желба за темно чоколадо сакаат да бидат во центарот на вниманието, ги привлекува тотално опуштен живот, додека во службениот свет целат кон водечките позиции. Оние кои копнеат по млечно чоколадо често се тивки и повлечени. Лицата кои се по благото се големи хедонисти и ретко жалат за пропуштените можности.
Чоколадото го стимулира лачењето на хормонот серотонин и е совршен десерт кој делува како антидепресив, а помага и кај изнемоштеноста кога на телото му е потребно брзо разбудување.
Слатко-солено преферираат креативните луѓе
Лицата кои сакаат комбинации на слатко и солено најмногу сакаат да бидат сами, креативни се и сакаат да управуваат со сопственото време и простор, не поднесуваат надреденост, а најмногу ја цената приватноста.
Честата желба за комбинација на слатко и солено е знак дека во организмот недостига гликоза и натриум.
Лута и зачинета храна за темпераментните
Темпараментите лица кои не сакаат да губат време на неважни работи се обожаватели на лута и зачинета храна. Тие сакаат ред и дисциплина, со неверојатна брзина извршуваат повеќе клучни работи наеднаш, а храната со зајакнат вкус ги смирува.
Ваквата храна ја забрзува работата на срцето и дишењето, но треба да се биде внимателен бидејќи таа создава зависност.
Горчливо сакаат мислителите и филозофите
На оние кои одлучуваат врз основа на разумот, а тешко се препуштаат на срцето често им се забележува дека не се доволно страсни. Таквите се обожаватели на горчливите вкусови и се најмалку застапени.
Горчливата храна го урамнотежува нивното студенило кое е на површина, а во длабочината на својата душа се плашливи. Горчливиот вкус ги исполнува со незадоволство кое ги тера да одат понатаму и ги видат работите такви како што тие навистина се.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.