Daily news
Царовска на Регионална конференција посветена на Ромите во Тирана
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во Тирана учествува на конференцијата на која се разговара за потребите и приоритетите поврзани со пополнувањето на буџетските дупки во политиките за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција организирана во рамки на Акцискиот тим за проектот „Интеграција на Ромите 2020“ (РИ2020) на Советот за регионална соработка (РЦЦ).
Воведни излагања на Конференцијата имаа генералниот секретар на РЦЦ, Горан Свилановиќ, министерката за здравство и социјална заштита на Албанија Огерта Манатрилиу, министерката за труд и социјална политика на Македонија Мила Царовска, државниот секретар во кабинетот на потпретседателот на српската Влада Ненад Иванишевиќ, заменик министерот за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина Предраг Јовиќ, заменик министерот за финансии на Косово Мустафа Граинца и шефот на Одделот за правда, внатрешни работи и реформа на јавната администрација во Делегацијата на Европската унија во Албанија Стивен Сторк.
Главната цел на конференцијата е да се создаде соодветен форум во чии рамки земјите учеснички и донаторите ќе разговараат за потребите и приоритетите на интеграцијата на Ромите, посебно во областа на вработувањето и станбеното згрижување.
Во своето излагање министерката Царовска се осврна на целите на Република Македонија за интеграција на Ромите кои се прикажани преку конкретни проекти и буџетски сретства.
Таа инфоирмираше дека од 2009 година за прв пат се пристапи кон одвојување на посебна ставка во ресорните Министерства за поддршка на развојот на Ромите и реализација на Националните акциски планови. Четирите главни ресорни министерства (образование, вработување, домување и здравство) располагаат во рамките на целокупниот буџет со посебна ставка за Ромите, кои што се наменети за подршка и реализаицја на конкретни проекти.
Иамјќи во предвид дека токму според меѓународни извештаи Република Македонија има помалку транспарентен буџет, оваа година за прв пат Владата пред самиот процес на планирање и усвојување на буџетот органзира јавни дебати со екпертската јавност и граѓаните – за да се има увид токму во процесот на распределбата на приходната и расходната страна на буџетот.
И останатите предизвици се поврзани со недоволните средства алоцирани за проектите, и токму затоа Владата на РМ си постави цел да ги мобилизира сите меѓународни ресурси за остварување на приоритетите. ИПА инструментот е еден од нив, но и поддршка за целокупниот процес на подобрување на состојбата на ромската заедница.
Па така, ИПА 2 програмата предвидува пилотирање на сет на услуги и мерки за вработување на Ромите, поддршка на механизми и практики за вклучување на ромските деца во задолжителното образование, но и намалувањето на сиромаштијата, како и поттикнување на социјалното вклучување на ромската популација и подобрување на условите за живеење во населените места со Роми.
На маргините на Конференцијата министерката Царовска оствари повеќе средби со своите колеги од регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.