Контакт

Daily news

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново спасена од пропаѓање

Објавено пред

Министерството за култура информира дека долгогодишното пропаѓање на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново е запрено. „Во оваа 2018-та година, по повеќегодишен застој, пропусти, па и нестручност во реставрацијата на еден од најрепрезентативните објекти на нашето културно наследство, означуваме почеток на еден нов процес – процес на стручна, внимателна и одговорна грижа за оваа наша значајна знаменитост и еден од најрепрезентативните објекти на нашето културно наследство, кој датира од 12. век“, соопштија од Министерството за култура.

dobivaj vesti na viber

Министерството за култура и Владата за таа цел во Буџетот за 2018-та, обезбедија средства во висина од почетни 2.500.000 денари, со подготвеност од Министерството тие да достигнат до 15 милиони денари, доколку реализацијата тече со посакуваната динамика. Со овие средства во текот на годината ќе се изведат активности за изработка на Основниот проект за архитектурата во завршна фаза, ќе се спроведе административно одобрување на основниот проект за архитектурата, а ќе се реализираат и неколку фази од непосредната заштита: демонтажа на покривот, конструктивно зајакнување, конзервација на ѕидни платна и демонтажа на времениот покрив.

За разлика од минатата година, кога преку Заводот и Музеј Битола за активностите во Курбиново имаше обезбедено средства во висина од само 1.000.000 денари, ова преставува значајно зголемување на средствата и можност да се реализираат повеќе значајни зафати на реставрација.

Во изминатиот неколкумесечен период, по барање на Министерството за култура, посебна Комисија формирана од Национален конзерваторски центар – Скопје спроведе ревизија на активностите за реставрација што се спроведуваа претходно во Курбиново. Комисијата констатираше дека во изминатите години се направени одредени истражувања и зафати на архитектурата и живописот, но резултатот се бројни парцијални решенија, кои не успеале да ги решат проблемите. За да се отстранат сите процедурални и стручни недоследности во конзервацијата на фрескоживописот, Комисијата од Министерството и НУ Завод и музеј – Битола се договорија во понатамошната реставрација и во целиот процес да се вклучат и надворешни меѓународни експерти со врвни познавања на византиската фреско – техника, чиишто ангажмани ќе бидат во функција на подобрување на квалитетот на понудените предлози од аспект на конструкција и материјали, нивната компатибилност со постојниот автентичен конструктивен систем и директното влијание на фрескоживописот.

Овој тим ќе изработи Програма за истражувачки работи, ќе го организира нејзиното спроведување и ќе изработи Проект за конзервација на живописот, ќе подготви Проект за презентација на живописот во црквата, како и на живописот на западната, јужната и северната фасада, кој треба да биде усвоен од комисија составена од експерти за византиска уметност.

 

Во однос на температурата и влагата во црквата, ќе биде ангажиран климатолог кој ќе ги толкува добиените податоци и ќе предложи соодветни мерки во Проектот за конзервација и реставрација. Последна фаза на процесот ќе бидат археолошките истражувања и партерното уредување, што ќе се реализира по завршувањето на конзерваторско – реставраторските работи на архитектурата и фрескоживописот, најдоцна до крајот на 2019-та година.

„Во годината посветена на европското културното наследство, дополнително се изострува нашето внимание кон преиспитување и унапредување на грижата кон нашето богато културно наследство. Курбиново особено, но и други важни објекти и знаменитости се запустени и оставени на забот на времето повеќе години. Наша недвосмислена намера е тоа да го спречиме веднаш. Културното наследство е наш врвен приоритет и ние со секоја наша постапка ќе дејствуваме во правец на поквалитетна и поавтентична заштита на нашето највредно богатство, со кое се гордееме во целиот свет“, соопшти Министерството за култура.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 минути

31-годишен скопјанец почина по пукање на Бит Пазар

31-годишен маж од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево на Бит Пазар. „Во врска со пукањето на Бит...

Македонија2 часа

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај. Од Обвинителството појаснија...

Топ3 часа

Пукање на Бит-пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Едно лице е повредено во вооружена престрелка што се случи околу 14 часот на улицата Војдан Чернодрински на Бит-пазар, потврдија од...

Македонија4 часа

Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека Владата се стреми кон компромис, кој ќе биде рационален за да се...

Економија5 часа

Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар, порача Пешевски

Според потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија за приватниот сектор, Иван Пешевски, приватниот сектор во Македонија е главен двигател...

Македонија5 часа

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија, која споделувала службени тајни на „Вибер“

На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен ѝ e пасошот откога Кривичниот суд го прифати предлогот за определување мерки за...

Македонија6 часа

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и за туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега судот им одреди мерка притвор од 30 дена. Едно...

Македонија8 часа

Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов, која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди....

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не скри нешто, не рече дека законот не важи за татко му

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски бидејќи законот важи за сите. Левицата да одговори како, освен сутерен во строгиот...

Македонија10 часа

ДУИ до Мицкоски: Ако целта е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат...

Свет10 часа

Рубио: Ова не е наша војна, ние не ја почнавме

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „сите треба да му се заблагодарат“ на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните...

Македонија10 часа

Левицата: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и...

Свет11 часа

Лавров: Спремни сме да се договориме со САД за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но...

Свет12 часа

Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека...

Спорт20 часа

(Видео) Ѓоковиќ ги загуби нервите: Да ти е..м тенисот

Новак Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите на официјалниот тренинг во Мадрид. Додека во главниот град на Шпанија се одржуваа натпреварите...

Македонија22 часа

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“: меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка,...

Македонија24 часа

Образ ѓон, се уште седат и земаат илјадници евра плата: Мицкоски за членовите на Судскиот совет

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна...

Македонија1 ден

Измами во давањето туѓа нега и инвалидски пензии, под истрага 49 лица, вмешани и лекари

Сузбиени две криминални групи, кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување право за туѓа нега и право на инвалидски пензии,...

Македонија1 ден

Битола, Струга, Чаир се меѓу општините кои не аплицирале за проекти, рокот истекува за помалку од една недела

Седумнаесет општини воопшто не аплицирале за инфраструктурни општински проекти, за што Владата доделува средства од унгарскиот кредит. Во оваа група...

Македонија1 ден

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое...