Контакт

Daily news

Четири претседателски кандидати со шанси за вториот круг во Франција

Објавено пред

Пет дена пред првиот круг од претседателските избори во Франција, четири кандидати се толку блиску во анкетите што сите можат да се квалификуваат за вториот круг, во најнепредвидливите избори во земјата во последниве децении.

dobivaj vesti na viber

Центристот Емануел Макрон и претставничката на екстремната десница Марин Ле Пен си дишат во врат, според анкетите на медиумите. Така Макрон има 24 отсто поддршка од граѓаните, додека Ле Пен има 23 отсто. Истата анкета покажа дека кандидатите на конзервативците Франсоа Фијон и на екстремната десница Жан-Лук Меленшон имаат 19,5 и 18 проценти.Сите кандидати водеа кампања во текот на Велигден за да ги убедат неопределените Французи да гласаат за нив, а тие се една четвртина од електоратот.

Ле Пен се обидуваше притоа да ја избрише сликата за нејзината партија како расистичка и антисемитистичка, како што ја дефинираат со години. Нејзините пораки беа главно антимигрантски при што таа вети дека “мораториумот на илегалната имиграција ќе стави крај на овој делириум, оваа неконтролирана ситуација, која нè влече кон дното.”

Ле Пен долго време беше фаворит во трката, но изгуби четири проценти поддршка од февруари.Нејзиното враќање на тврдокорните миграциски пораки може да ги уплаши умерените гласачи..

Макрон одржа кампања во спортска сала во Париз при што прати порака за единство, велејќи дека сака да го земе “најдоброто од левицата, најдоброто од десницата и најдоброто од центарот“. Тој беше исмеван за неговото одбивање да избере страна и за честата употреба на изразот “во исто време.”
Фијон водеше кампања во Ница, во јужниот дел на Франција, каде што ја нагласи борбата против тероризмот и исламизмот како главна тема.

“Сакам да се обратам на сите жени кои се скриени, малтретирани и принудени да се облекуваат различно во име на религијата. Им реков дека ќе се борам на нивна страна за да ги одбранат своите основни права”, рече тој, пред да ја обвини левицата за порастот на исламизмот во земјата. Крај/мф

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 часа

(Видео) Жена избоде седумнаесет луѓе на железничка станица во Хамбург

Напад со нож се случил вечерва на главната железничка станица во Хамбург, објави „Билд“. Најмалку седумнаесет лица беа повредени, а...

Регион6 часа

(Видео) Силни врнежи од дожд и град во Белград, поплавени улици и дел од автопатот

Ветер, град и пороен дожд го погодија Белград. Улици и автопат беа поплавени откако невреме го погоди српскиот главен град....

Топ8 часа

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во Скопје: мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје две...

Македонија9 часа

(Фото) Република Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска и утре престојува во Рим, Италија, како член на државно-црковната делегација предводена...

Свет9 часа

Реакции на заканата од Трамп: Американските производители на виски, француската козметика и германската хемиска индустрија повикуваат на ублажување на тензиите

Откако Доналд Трамп повторно се закани дека ќе ја ескалира трговската војна и препорача воведување царина од 50 проценти за...

Македонија9 часа

Временска прогноза за викендов: дожд, грмежи, засилен ветер и пониски температури

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни...

Македонија10 часа

Силно одбранбено партнерство и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, Мисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски сили

Министерот Владо Мисајловски и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас денеска (23 мај)...

Македонија10 часа

Прв Дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија

Денеска, во рамки на официјалната посета на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во...

Македонија12 часа

Собрани околу 2,5 милиони евра за настраданите во Кочани, од Црвениот крст велат во неколку наврати вршеле исплата

Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега...

Македонија13 часа

Мицкоски: Прифативме билатерална средба со Бугарија на маргините на НАТО, со присуство на претставници од ЕУ и САД

Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на...

Македонија14 часа

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските...

Македонија14 часа

Сè уште се надеваме дека планот А ќе функционира, рече Калас прашана зошто за Украина има, а за Македонија нема план Б

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вели дека во случајот со Северна Македонија сè...

Македонија15 часа

Британската амбасада по договорот: Почнува нова ера во односите со Северна Македонија

Почнува нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија по потпишувањето на договорот влада со влада, соопшти британската...

Македонија15 часа

Муцунски ја пречека Каја Калас: Ќе разговараме за недвосмислената европска перспектива

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ѝ посака добредојде на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика,...

Македонија16 часа

Предложен притвор и мерки на претпазливост за обвинетите во предметот „Онкологија“

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог...

Македонија17 часа

Даниловски за мајмунските сипаници: Болеста не се пренесува лесно, претпазливост, но не и паника

Откога Институтот за јавно здравје вчера потврди два случаја на monkeypox – мајмунски сипаници во Македонија, епидемиологот Драган Даниловски на...

Македонија18 часа

Сиљановска-Давкова во посета на Ватикан на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна...

Македонија19 часа

Мицкоски продолжува и на јавната сцена да демонстрира одбивност кон Албанците, велат од ДУИ

Јавното понижување на градоначалникот на Тетово пред сите камери, пред целата јавност, всушност преставува логична последица на моноетничката доминација во...

Свет19 часа

Европол разби огромна хакерска мрежа: „Го погодивме самиот извор на нападот“

Меѓународната операција против сајбер криминалот, наречена Операција „Endgame“, силно ги погоди глобалните мрежи за хакирање. Во периодот од 19 до...

Свет21 час

Шефот на СЗО го повика Израел да покаже милост во Газа: Замислете како луѓето страдаат

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) го повика Израел да покаже милост во војната во Газа. Во емотивно обраќање на...