Според него, токму тоа го потврдуваат последните примери, каде СДС води нарачана и пресметана хајка врз градоначалниците на ВМРО поднесувајќи нарачани, неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел.
„Градоначалникот на Велес, Чадиев, доби пријава за тоа што ставил пред 5 години точка на дневен ред, градоначалникот на Прилеп, Ристески, пак, доби пријава зошто не ја осигурал општината од нагрдување на шарените, додека на шарените платеници влакно не им фали што ја руинираа општинската зграда, градоначалникот на Кавадарци, Панов, заработи кривична која нема никакви докази и се базира на изјава на сведок кој патем неколку пати ја менувал изјавата. Најглавното централно место во стратегијата на СДС има употреба на МВР. Тоа се гледа и во СВОТ-анализата на СДС, Кисела Вода каде си нацртале дека полицијата ќе помогне на партијата во изборите и дека надежта е токму нејзината злоупотреба. МВР не смее да биде продолжена рака на СДС. СДС се плаши дека ќе ги загуби изборите и затоа прибегнува кон злоупотреба на државниот апарат“, изјави Ѓорѓиевски.