Daily news
Ќе си кажеме ли збогум со египетските пирамиди?
Кога уличните светилки во Каиро ќе изгаснат и првите сончеви зраци ќе изгреат над островот Замалек, пред очите на човек се отвора глетка од која сопира здивот на застрашувачкиот по големина град.
Расположена по делтата на реката Нил, престолнината позната и како „градот на илјада минариња“ заради многуте џамии и споменици на исламската архитектура, останува далеку на заден план во стратегијата за развој на туризмот на ресорниот министер Халед Рами. Новата авантгарда на тој толку важен за економијата на земјата сектор, чиј удел е 11,3 проценти од БДП, и е извор за леб за десетици илјади египќани, се одморалиштата на Црвеното Море во реонот на Хургада и Шарм ел Шеик.
– Осумдесет и три проценти од туристите во Египет се концентрирани во гуверниите Црвено Море и Јужен Синај, а останатите претпочитаа класични дестинации, како Кауро, Луксор и Асуан. Можете да разберете колку е важно за нас Црвеното Море“, рече Рами пред бугарски новинари во неговата канцеларија во Каиро.
Хургада малку наликува на бугарските црноморски одморалишта. Од рестораните ечи ориентална музика, зградите имаат чудникави форми, како да се излезени од цртан филм за Аладин, а стотици руски и германски туристи пазаруваат во продавниците за сувенири или си купуваат египески лири во менувачници, над кои со огромни букви пишува „Размена на валути“. Секој кој ќе избере да оди на одмор таму, добро е да се снабди со шише тврд алкохол во куферот пред заминување, затоа што после тешко ќе најдете нешто поразлично од инаку прекрасното локално пиво Стела. Ако сопрете случајни минувачи на улица со прашањето: Каде можам да купам џин?, тоа создава благо кажано лош впечаток, без разлика дали сте наишле на муслиман или христијанин.
На 25 км. северно од Хургада се наоѓа монденското одморалиште-село Ел Гуна, кое се простира на 3800 хектари со сопствен систем за обесолување на морската вода, и е филијала на Берлинскиот технички унивезитет, специјализиран за прозводство на струја од ветернци, соларни батерии и за менаџмент на туризмот. Во некои делови од Ел Гуна, куполите и сводовите на зградите потсеуваат на карактерните црти на нубиските куќи, а на други места се во европски стил, но бојадисани во палитра од цветови, карактеристични за пустината – бледо жолти, окер и ќерамида црвени. Во таа уметничка лагуна, турсистите се радуваат на подносливи температури, дури и во врелите летни денови, затоа што ветерот дува од пустината кон морето што овозможува сува и умерена клима. „Едно од големите конкурентски предности на тој реон е убавото време. Тука летото трае продолжено и 11 месеци, а во некои случаи туристичката сезона е целогодишна. Тоа им озвомоува на локалните хотели да ги намалат цените, за разлика од други места каде заради краткото лето хотелиерите треба да ги зголемат цените за да си ги покријат загубите“, рече за БТА генералниот менаџер на Турскиш ерлајнс за Хургада, Мухамед Дурмаз.
На 45 км. јужно од Хургада, на малиот полуостров во Црвено море, се наоѓа одморскиот комплекс Сомабеј. Таму ветерот дува над 300 дена во годината и е вистински благодет за љубителите на кајсурфингот, кој располага со сите услови да го практикуваат се поголеми број луѓе, кој станува се попопуларен дури и во бугарскиот спорт.
Таласотерапијата – искористувањето на морската вода, калта од морето и алгите за медицински цели, за чие благопријатно делување врз кожата и порите знаеле и древните римјани, е меѓу услугите со кои курортот се гордее. „Просечната цена на хотел со пет ѕвезди тука е 60-70 долари на вечер, дури и без да ги проверуваме цените можам да ве уверам дека престојот во хотел Кемпински во Сомабеј ќе ви излезе поефтино отколку во хотел Кемпински во Софија, иако се од ист ланец“, рече Дурмаз.
Независно дали за луксузно преспивате или играте голф, или пак сте за поекстремно доживување со нуркање меѓу процвентаните корални гребени, Ел Гуна и Сомабеј се вистинска голтка воздух по неколкудневниот престој во пренаселениот Каиро. Во престолнината времето на секој посетител минува во километарските сообтаќајни метежи, непрекинатите свирежи на сирени и хероичните испади на локалните шофери, вклучувајќи и возење ноќе без фарови. Посетата на Каиро вклучува и постојано бегање од упорните улични трговци кои се обидуваат по секоја цена да ви продадат дрвен феникс или свиток со исцртан папирус, а штом ќе чујат бугарски јазик, веднаш ги покажуваат сите свои лингвистички знаења: „Три за десет долари, only for you my friend“.
Е разбира, сето тоа е дел од колоритот на земјата и колку и да ги дразни туристите, толку и ги привлекува.
Сепак да не брзаме да се збогуваме со египетските пирамиди – рекламирањето на црвеноморските одморалишта се должи до голема мера на инвестицискиот притисок и тоа воопшто не значи дека Египет ќе сопре да се гордее со својата илјадагодишна историја и со своите споменици на културата. „Целта ни е да ги создадеме сите неопходни услови за комбинирање на развоен со класичен туризам, за да привлечеме 20 милиони туристи годишно до 2020 година“, рече Рами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.