Daily news
Кучињата двапати во историјата станувале најдобар човеков пријател
Древните луѓе двапати во историјата ги претвориле кучињата во свои најдобри пријатели, припитомувајќи две засебни популации волци одвоени со илјадници километри, заклучија научниците користејќи ја модерната генетика во откривањето на еволуциската историја на кучињата, чии резултати се објавени во списанието Science.
Луѓето и кучињата имаат долга заедничка историја, живеат заедно 15.000 години. Или најмалку пет илјади години повеќе отколку со кравите, козите или свињите. Меѓутоа, кога и каде споменатите две вида се спријателите, главно останува мистерија за научниците.
Утврдено е мислењето дека кучињата се припитомени само еднаш, а повеќето научници сметаат дека тоа се случило или во Европа или во средна Азија. Новата теорија се појави кога научниците издвоиле геном од коска од внатрешното уво на пес фосилизиран пред 4.800 години и го споредиле со геномот на современиот пес и со трагите од ДНК на 59 древни кучиња.
„Нашите податоци упатуваат на тоа дека кучињата се припитомени двапати, на двете страни од Стариот свет. Тоа значи дека две групи луѓе на различни краеви од светот независно дошле до истиот заклучок: кучињата може да се припитомат“, пишува во студијата Лорен Франц, генетичар од Универзитетот Оксфорд.
Вели и дека верува оти процесот на припитомување, иако извонредно ретко, може да се повтори повеќепати.
Откако го конструирале семејното стебло на кучето, втемелено на генетските податоци, научниците заклучиле дека кучињата се припитомени на западот и на истокот од Евроазија, но не и во средината.
Научниците веруваат дека во еден момент во предисторијата, кучињата од истокот заминале со групите луѓе кои се селеле, и го замениле поголемиот дел западни кучиња, па затоа денес кај современите кучиња доминира азиското потекло.
Иако е можно дека имало само едно припитомување во Азија, по што кучињата, следејќи ги миграциите на човекот стасале во Европа, научниците сметаат дека тоа не се случило, бидејќи за таквата теорија недостигаат археолошки наоди во средината на континентот.
Меѓутоа, и натаму останува непознато како сивите волци го започнале долгиот пат кој завршил со денешниот спектар на кучешки раси од авганистански ‘ртови до пекинезери.
„Веројатно станува збор за паралелна еволуција. Прво глутниците волци им се приближиле на луѓето, па луѓето се навикнувале на нив и потоа најверојатно преземале нешто со намера во таа насока“, вели уште еден генетичар од Оксфорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.