Контакт

Daily news

Mанифестaцијата посветена на мартинките ќе се одржи во Скопје

Објавено пред

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2018“ на која ќе бидат изложени рачно изработени мартинки од Македонија, Бугарија и Романија ќе биде отворена на 26 февруари во 10 часот на првиот кат во трговскиот центар „Рамстор мол“ во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ и е дел од активностите врзани со интернационалната апликација во УНЕСКО по повод признавањето на овој традиционален украс како нематеријално светско културно наследство. Апликацијата заеднички ја поднесоа Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе биде отворен до четврти март и ќе бидат прикажани мартинки од неколку држави, односно оригинални рачно изработени амајлии. Постановката ќе биде збогатена и со едукативни панели, продажна галерија со ракотворби и креативни работилници за деца.

„Мартинките се дел од културниот идентитет на македонскиот народ, но и дел и од традицијата на неколку други народи од Балканот, што е заедничка нишка што го поврзува овој дел од Европа. ХАЕМУС ги почитува мартинките, верувањата и обичаите поврзани со нив и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција. Македонскиот дел од мултинационалната апликација во УНЕСКО помеѓудругото се темели и на поддршката што во писмена форма ја даде тимот на ХАЕМУС. Изразуваме задоволство што овие амајлии станааа нематеријално светско културно наследство вклучено на листата на УНЕСКО“, вели Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.

Во дел од активностите на манифестација се вклучува и издавачката куќа „Арс Ламина“, со изработка на изданија за деца со наслов „МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“, како и со креативни работилници преку едукативниот центар „Арс Ламина“ и книжарниците Литература.мк.

„Арс Ламина“ се приклучува кон манифестацијата „Среќна Баба Марта 2018“ и по повод влегувањето на обичајот мартинки на листата на нематеријално светско културно наследство на листата на УНЕСКО изработи и издаде книги за деца за мартинките, и тоа на три јазика – македонски, албански и англиски јазик. Со ова издание сакаме на најмалите да им го приближиме овој обичај како дел од културното наследство, на еден забавен и детски начин, да им дадеме идеи како и самите да ги изработуваат и со тоа да помогнеме за продолжување на традицијата“, вели Бранка Бугариска, директор на издаваштво во „Арс Ламина“.

Заради социјална инклузивноста на манифестацијата склучен е договор со фондацијата „Една може“ и ангажирни се самохрани родители кои ќе бидат дел од настанот. Тие ќе се фокусираат најмногу на креативните детските работилници за правење мартинки. Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2018“ се прави со поддршка од Министерството за култура и град Скопје, под мотото на УНЕСКО за Отворени образовни ресурси.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 часа

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...

Свет6 часа

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и...

Европа6 часа

(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач...

Македонија8 часа

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија9 часа

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа9 часа

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија12 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ12 часа

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа13 часа

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија14 часа

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ15 часа

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...

Свет16 часа

(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД

Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за...

Свет17 часа

(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските...

Свет17 часа

Трамп: Нема да има избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја средиме земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Ќе потрае некое време“...

Свет17 часа

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Чугоку во западна Јапонија во вторник наутро, по што следеа низа...

Свет1 ден

Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од ужасниот пожар што се случи во бар за време на новогодишната ноќ...

Економија1 ден

Директорката на УЈП не призна грешка во испратените решенија за данок од работа во странство, но повика секој што има доказ дека е платен, да го достави

Решенија за оданочување на доход од странство за 2020 година Управата за јавни приходи (УЈП) законски морала да ги испрати...

Македонија1 ден

Ампутации, рани, изгореници, кај седум лица било интервенирано на новогодишната ноќ; Алиу со апел, петардите не се играчка, нивното користење е забрането

Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Цела структура на ВМРО во „Алта Банка“, Неделкова, баџанакот на Тошковски, Кадиевска-Војновиќ

Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател, се враќа фокусот...