Економија
„Визер“ суспендира 50 летови од земјите на поранешна Југославија, најмногу откажани во Скопје
„Визер“ е во процес на суспендирање на педесет авио-линии од и кон земји од поранешна Југославија, со секој град што го опслужува во погодениот регион, пренесе „Екс-Ју-Авиејшн“.
Најголем број откажувања има во Скопје, по што следуваат Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево. Во текот на ноември, превозникот повеќе нема да ја опслужува Подгорица, бидејќи сите шест нејзини линии од главниот град на Црна Гора ќе бидат суспендирани, сепак, некои се планира да продолжат во декември.
Превозникот повторно го одложи започнувањето на своите нови летови од Милано до Приштина, кои сега треба да започнат на 19 декември. Буџетската авиокомпанија исто така ја прекина својата услуга помеѓу Дортмунд и Сплит, која беше пуштена во употреба ова лето и се предвидуваше да сообраќа во текот на зимската сезона.
Неколку рути што сè уште се во функција, како што се Мемминген – Подгорица, Виена – Охрид и Стокхолм Скавста – Скопје, ќе бидат суспендирани за време на две недели во зимската сезона.
Превозникот планира да врати некои од своите правци во ноември и декември, иако тоа веројатно ќе се промени. Поголемиот дел од летовите нема да започнат до почетокот на летната сезона во 2021 година. Превозникот е во процес на продолжување на некои линии што беа привремено откажани во текот на летото, вклучително и Скопје – Турку и Белград – Ларнака, додека Скопје – Нирнберг, Скопје – Копенхаген и Белград – Баден Баден ќе се рестартираат на крајот на месецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст
Биткоинот поскапе за 0,53 отсто на 61.710,57 евра денеска во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 21,42 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера.
Инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин.
Економија
Нови цени на дизелот и бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,601 %, кај дизелот 0,751 %, кај екстра-лесното масло 1,310 % и кај „мазутот“ намалувањето е 2,450 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,368 %.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 1,50 денар/л.
Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,306 денари/кг и сега ќе изнесува 42,629 денара/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 21.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Економија
РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика
РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар и најголем дел од стопанството добива електрична енергија од РЕС, објави Регулаторната комисија за енергетика.
РЕС (Renewable Energy Supply) сам држи речиси една третина од пазарот, а другиот дел го делат други 20 снабдувачи.
Во 2023 година РЕС продал 609.771 MWh електрична енергија или 28,84 % од вкупната енергија на слободниот пазар, а во снабдувањето на големите субјекти држи дури 34 % од пазарот.
Освен на големите потрошувачи, РЕС им дава исклучително поволни и поевтини понуди за снабдување и на малите потрошувачи и нивниот број во балансната група на РЕС постојано расте, особено од почетокот на 2024 година.
Компанијата во моментот бележи уште повисоки резултати и снабдува над 900 клиенти, со предвидена годишна количина од речиси 700.000 MWh електрична енергија.
РЕС е формиран 2022, а годинава се најде на листата на топ-100 компании со најголема добивка во 2023 година.
ПР