Контакт

Економија

Казни за 110 фирми кои ги прекршиле мерките за замрзнати цени

Објавено пред

Во период од 15 до 21 мај 2023 година во земјава Државниот пазарен инспекторат извршил над 600 надзори. За време на надзорите се констатирани неправилности, за што се издадени над 110 прекршочни платни налози во вредност од над 2.660.000 денари.

dobivaj vesti na viber

„Државниот пазарен инспекторат постапува и по Одлуките донесени од страна на Владата кои се однесуваат на замрзнување на цените, одредување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на увозниците и на трговците да доставуваат стоки по претходно утврден редослед. По овие Одлуки во горенаведениот период, извршени се над 170 надзори, а издадени се 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1,150,000 денари“ велат од ДПИ.

Оттаму појаснуваат дека сите економски субјекти, имаат можност да си ги платат прекшочните платни налози, или да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Инспекторите кои што констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците.

 

Економија

Биткоинот достигна највисоко ниво во последните две години

Објавено пред

Биткоинот, најголемата светска криптовалута, денеска достигна највисоко ниво во последните две години од 56.000 долари, подигајќи го поширокиот крипто пазар.

dobivaj vesti na viber

Цената на биткоинот порасна за повеќе од 10 отсто за два дена, според податоците на CoinMarketCap, откако фирмата за крипто инвестиции и софтвер MicroStrategy објави дека во понеделникот купила околу 3.000 биткоини за 155 милиони долари.

Компанијата со седиште во Вирџинија моментално е најголемиот сопственик на биткоини со кои јавно се тргува. Компанијата објави дека поседува околу 190.000 токени од криптовалутата претходно овој месец, што би вредело над 10,5 милијарди долари денес.

Според Грета Јуан, шеф на истражување на платформата за дигитални средства VDX, пазарот бил „охрабрен од крипто бикови како MicroStrategy, како и новиот рекорд на приливи на Bitcoin ETF.

Акциите поврзани со крипто, исто така, пораснаа во тргувањето во MicroStrategy со седиште во САД и берзата за криптовалути со седиште во Сан Франциско, Coinbase.

Двете компании поврзани со криптовалути забележаа пораст на цените на нивните акции за 200 проценти во текот на изминатата година.

Прикажи повеќе...

Економија

Џафери- Рено-Басо: Повеќедецениската соработка со Европската банка за обнова и развој е од големо значење

Објавено пред

На маргините на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, премиерот Џафери оствари билатерална средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо.

dobivaj vesti na viber

На средбата, соговорниците изразија меѓусебно задоволство за повеќедецениската соработка и поддршка која Северна Македонија ја добива од Европската банка за обнова и развој.

Претседателката Рено-Басо му го честиташе изборот на премиерот Џафери и изрази очекување дека одличната соработка на ЕБОР со Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи и во иднина под негово водство.

Воедно, изрази благодарност за брзото заокружување на процесот на ратификација на амандманите на Договорот за основање на Банката, истакнувајќи ја Северна Македонија како најефикасна земја на тој план, што од ЕБОР високо се цени.

Премиерот Џафери истакна дека, Владата особено ја цени поддршката на ЕБОР, како во јавниот сектор, така и онаа за развој нa приватниот сектор и домашното стопанство. Воедно, ја потврди целосната посветеност на Владата на имплементација на тековното портфолио на проекти, како и на подготовка на идни проекти кои би се финансирале од банката.

Воедно, Џафери ја акцентираше значајноста и видливоста на поддршката на ЕБОР во транспортниот сектор преку која Владата обезбедува подобри услови за граѓаните во патниот и железничкиот сообраќај.

На средбата, соговорниците разговараа и за исклучително значајната поддршка во полето на животната средина преку Регионалниот проект за цврст отпад, како и за изградбата на Пречистителна станица за отпадни води во Скопје. Во истата област се вклучени и проектите за забрзана транзиција од јаглен, како и проектот за регионална гасификација.

Во тој контекст, премиерот Џафери искажа лична благодарност, затоа што тоа претставува значаен и активен двигател на современите реформски процеси и програмски определби, преку обезбедување на силна финансиска и советодавна поддршка во сите области, обезбедувајќи просперитет на граѓаните на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Реализирана исплатата за секторите живинарство и свињарство

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата за секторите живинарство и свињарство.

dobivaj vesti na viber

Кон 36 земјоделски стопанства, кои одгледале или продале/заклале амортизирани несилки во период од 1 октомври 2022 година, до 30 септември 2023 година исплатена е финансиска поддршка од 82 милиони денари. Кај оваа мерка висината на финансиската поддршка, по несилка изнесува 120 денари.

Вкупно 7 милиони денари се исплатени кај мерката за женски приплодни грла маторици. Финансиската поддршка е исплатена кон 256 земјоделски стопанства, кои одгледуваат минимум 5 маторици и истите ги чувале до 30.11.2023 година. Кај оваа мерка висината на директните плаќања, по грло маторица изнесува 1.000 денари.

„Новиот модел за субвенционирање ги дава своите очекувани резултати. Сите земјоделци и сточари, се сведоци за брза и навремена исплата на заслужените субвенции“, истакнуваат од ресорното министерство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информира Бојмацалиев

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ,...

Македонија2 часа

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација...

Македонија2 часа

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија3 часа

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...

Македонија3 часа

Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на маж...

Македонија3 часа

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата наркопресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија....

Свет3 часа

Гутереш: Нуклеарна сенка над човештвото

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска, изјави дека нуклеарната сенка повторно се надвила над човештвото, додавајќи дека ризикот...

Македонија4 часа

СДСМ: Убиство и запалено кафуле во еден ден, Тошковски и кадрите на Мицкоски покажуваат голема некадарност во водењето на МВР

Убиство и запалено кафуле во Скопје само за неколку часа, велат од СДСМ. „Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри...

Свет4 часа

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за рамазан, ризикува да ја загуби поддршката од светот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на...

Топ16 часа

Уште едно убиство во Македонија: 56-годишен маж застрелан во близина на патот кон Горно Блаце

Убиство се случи попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце. Според првичните информации од полицијата, убиениот бил најден...

Македонија17 часа

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: „Веста ме најде во домашен амбиент“

Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ и актуелен шеф на МНР, Бујар Османи,  преку видео порака објави дека собрал...

Македонија19 часа

Според грчкиот министер „преспанскиот“ за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, се осврна на Преспанскиот договор, одговарајќи на прашање на СИРИЗА за ратификување на трите...

Свет19 часа

Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

По речиси две години, Унгарија најпосле ја ратификуваше одлуката за влез на Шведска во НАТО. Одлуката денеска ја донесе унгарскиот...

Регион20 часа

Извештај на ЕБОР: На Западен Балкан ќе му бидат потребни помеѓу 40 и 70 години за да го достигне животниот стандард на ЕУ

Стандардот на живеење во Западен Балкан сè уште е значително понизок од оној во Европската унија и би можеле да...

Топ21 час

Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична за двајцата родители од Скопје

На 24.2.2024 во Полициската станица Бит-пазар бил извршен службен разговор со Е. М. (42) и Ф. М. (37), двајцата од...

Македонија21 час

(Видео) Петковиќ: За извршителите и судиите што не ги бришат застарените долгови чаре се кривични пријави

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето против извршителите и судиите што не носат одлуки за бришење на...

Македонија21 час

Нема вина кај лекарите за случајот на Веапоска според вештачењето побарано од одбраната на обвинетите

Во Основниот суд во Струга продолжи расправата во судскиот процес против тројцата струшки лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор...

Македонија23 часа

„Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари“, Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде...

Економија24 часа

Се намалуваат цените на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во Брисел: земјоделците палат гуми, пробиена полициската блокада

Земјоделците запалија купишта стари гуми во Брисел во знак на протест барајќи акција од ЕУ за прашањата од евтините цени...