Економија
Највисока плата лани имал скопјанец, му биле исплатени над 2,3 милиона евра

Според податоците, искажаниот годишен бруто-доход за 2022 година изнесува 413,8 милијарди денари, пресметаниот данок на личен доход е 25,7 милијарди денари. Вкупниот приход на граѓаните е за 47,2 милијарди повисок во однос на 2021 година, данокот на личен доход 3,3 милијарди денари повисок во 2022 година, извести на денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
Годишните даночни пријави УЈП ги изготвува врз основа на податоците од пресметките за исплата на доход поднесени од компаниите во земјата, пресметките со кои граѓаните пријавиле дека оствариле доход од физички лица од земјата, пресметките со кои граѓаните пријавиле доход од странски фирми и странски физички лица, годишниот даночен биланс и решенијата за данок на личен доход, кој се утврдува според паушално утврден нето-доход од вршење самостојна дејност.
Според податоците, 617.854 лица оствариле бруто-доход од 100.000 до 1 милион денари, а 62.455 граѓани оствариле бруто-доход над 1 милион денари.
Како што информира Лукаревска, во споредба со 2021, во 2022 година се бележи раст на граѓани што оствариле доход што спаѓа во врвните прагови, односно 28 граѓани во 2022 година оствариле приход над 100 милиони денари, што е за тројца повеќе од 2021 година. 995 граѓани оствариле приходи од 10 милиони до 100 милиони денари, што е за 238 лица повеќе од 2021 година.
446 милиони денари е највисокиот вкупен годишен бруто-доход остварен по повеќе основи од жител на Скопје и највисоката годишна бруто-плата во 2022 година исплатена е кај граѓанин од Скопје.
Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари.
Највисокото лично примање во износ од 280,6 милиони денари по основ на извршена работа е остварена исто од Скопје, доход што лицето го остварило во странство.
173,4 милиони денари е највисоката остварена капитална добивка од жител на главниот град, остварена при продажба на удел во трговско друштво, соопшти директорката на Управата за јавни приходи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 % во однос на одлуката од 15.05.2025 година.
Од 17.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,529 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,293%, кај дизелот за 1,021%, кај екстра лесното масло за 4,381% и кај мазутот зголемувањето е за 0,382%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2495%.
Економија
Средба на Ангеловска-Бежоска и директорката Суперти: СЕПА е историски исчекор, сега банките треба да се подготват

„Пристапувањето кон СЕПА претставува историски напредок на патот кон Европската Унија и потврда за реформите коишто ги предводеше Народната банка за исполнување на високите европски регулативни барања и стандарди во доменот на плаќањата. Народната банка и натаму посветено ќе работи на одржувањето на макроекономската стабилност, како и на надминувањето на предизвиците во сите области на делување заради овозможување усогласеност со европските стандарди.“
Ова беше посочено на состанокот меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти, на кој присуствуваше и Зулфи Исмаили, амбасадор и шеф на Мисијата при ЕУ.
На состанокот се зборуваше и за натамошните активности во доменот на пристапувањето кон СЕПА со што им се овозможува на нашите банки, и покрај тоа што не сме членка на ЕУ, да пристапат до европските платежни системи. Сепак, за користење на придобивките од СЕПА треба да се надминат и сегашните предизвици. Притоа, гувернерката посочи дека централната банка заедно со банкарскиот сектор посветено работи на обезбедување целосна подготвеност за интегрирање во СЕПА до октомври 2025 година, што е првиот можен датум за влез на банките од земјите од Западен Балкан. Во соработка со меѓународните партнери, централната банка и натаму ќе го поттикнува и ќе го олеснува овој премин, обезбедувајќи техничка поддршка и регулаторен надзор за непречен и ефикасен процес на интеграција на банките.
На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска ја запозна директорката Суперти со последните макроекономски показатели коишто упатуваат на зајакната макроекономска стабилност, како и зајакната стабилност на банкарскиот систем.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и директорката Суперти искажаа заемно задоволство од спроведувањето на проектните активности на Народната банка со поддршка од ЕУ за усогласување со највисоките европски стандарди и регулативи и изразија цврсти заложби за продлабочување на соработката.
Економија
Врвна грижа и поддршка: асистенција и наплата на штети со Mint Ins и Inter Domestik

Во Mint Ins не застануваме само на издавање полиси, ние сме тука и кога најмногу Ви требаме. Токму затоа, асистенција и наплата на штети е решение кое го нудиме за да добиете пристап до врвна грижа, поддршка и сигурност во најстресните моменти – кога се соочувате со штета.
Без разлика дали станува збор за сообраќајна несреќа, оштетување на имот или лична повреда, нашето партнерство со реномираната компанија Inter Domestik ви овозможува брз, ефикасен и безбеден процес за наплата на штети, во секој чекор од патот.
Што претставува партнерството помеѓу Mint Ins и Inter Domestik?
Асистенција и наплата на штети е стратешка соработка помеѓу две професионални компании – Mint Ins, како водечки осигурителен брокер со иновативен пристап кон осигурување, и Inter Domestik, специјализирана компанија за асистенција и посредување при наплата на штети.
Членство во Inter Domestik е достапнo за сите клиенти кои имаат осигурување преку Mint Ins, без дополнителни трошоци. Целта е јасна: да го отстраниме товарот од Вашите раменици и да се погрижиме Вашите права да бидат остварени до крај.
Ова партнерство ни овозможува да ви понудиме побрзо решавање на побарувањата, директна комуникација со осигурителната компанија, и експресно одобрување и исплата на штети.
Асистенција и наплата на штети: Како функционира?
Преку партнерството Mint Ins и Inter Domestik, процесот на пријава и наплата на штети е поедноставен, дигитализиран и без непотребна бирократија. Членството во Inter Domestik го става фокусот на клиентот на прво место. Главните придобивки за нашите клиенти вклучуваат:
· Индивидуализирана услуга
· Намален стрес за Вас
· Забрзан процес на обесштетување
· Стручни мислења при обработка на штетите
· Професионално застапување
Ова е совршено решение за сите кои сакаат безгрижно искуство со осигурување и професионална поддршка во клучни моменти.
Зошто оваа услуга е револуционерна?
Оваа соработка е прва од овој вид помеѓу осигурителен брокер и специјализирана компанија за асистенција и наплата на штети. За првпат во Македонија, клиентите на еден осигурителен брокер добиваат автоматска и целосна правна, медицинска и административна поддршка, без скриени трошоци и без компликации.
Други брокери продаваат полиси. Ние нудиме вистинска грижа кога е најпотребна. Оваа услуга важи за сите видови осигурување што ги нуди Mint Ins осигурителен брокер.
Бесплатна и професионална правна поддршка
Нашиот тим заедно со стручњаците од Inter Domestik ви обезбедува:
· Правна проценка на случајот
· Поднесување на барања до осигурителни компании
· Поддршка во административни постапки
· Состанување и застапување во суд (ако е потребно)
Независна медицинска проценка
Доколку сте повредени, добивате:
· Преглед и категоризација на повредата од независен лекар
· Одредување на инвалидитетски степен
· Советување за медицински третман
Објективна проценка на материјална штета
Не се потпирајте само на проценката од осигурителната компанија. Со нас:
· Добивате алтернативна пресметка на материјалната штета
· Помош да се борите за реален надомест
Како да пристапите до услугата асистенција и наплата на штети?
Секогаш кога ќе се соочите со осигурителен настан, било да е во сообраќај, патување, дома или на работа, Inter Domestik асистенција и наплата на штети е тука да Ви помогне веднаш.
1. Посетете ја нашата веб-страница или некоја од нашите филијали ширум државата
2. Контактирајте нè преку телефон (15 107) или е-пошта ([email protected])
3. Користете ја нашата мобилна апликација (Mint App) за брз пристап и следење на статусот
Без разлика каде сте, дома, на пат или во странство, со Mint Ins имате постојана поддршка во секоја ситуација.
Нашата посветеност
Преку членството во Inter Domestik за асистенција и наплата на штети, Mint Ins нуди сигурност, брзина и доверба за сите наши клиенти. Ова е дел од нашата визија да понудиме не само осигурување, туку и вистинска грижа и сигурност во најважните моменти. Изберете Mint Ins, затоа што грижата не завршува со полисата, туку започнува токму кога Ви е најпотребна. Со оваа соработка се стремиме да поставиме нов стандард за тоа што значи да се биде осигурителен брокер што вистински се грижи за своите клиенти.
ПР