Економија
Недостигот на чипови ќе влијае на глобалното производство на автомобили

Недостигот на чипови за автомобили би можело да влијае на производството на 672.000 лесни возила во светот во првото тримесечје, а проблемите би можеле да се провлечат и во третото тримесечје, проценува консултантската компанија „ИХС маркит.“
Американскиот „Форд мотор“, јапонскиот „Тојота мотор“ и „Нисан мотор“ и италијанско-американскиот „Фиат Крајслер аутомобајлс“ го намалија производството поради недостиг на чипови, а гермнаскиот „Фолксваген“ извести дека ограничувањата во снабдувањето ќе влијаат на производството во некои погони во февруари.
„Бидејќи причината за овие ограничувања е резултат на зголемената побарувачка од ОЕМ (главните производители) и ограничената понуда на полуспроводници, ова нема да се реши сè додека тие не се балансираат“, рече високиот главен аналитичар на АДАС за производство на полупроводници и компоненти, Фил Амсруд.
Недостигот најсилно ќе ја погоди Кина во првиот квартал, што ќе влијае на производството на речиси 250.000 автомобили, според процената на ИХС (IHS).
„Автофоркаст солушнс“ (AutoForecast Solutions), која ги следи плановите за производство, процени дека проблемите со набавките на полуспроводници може да влијаат на производството на 964.000 возила во 2021 година.
Во вторникот група од 15 американски сенатори ја повикаа Белата куќа да работи со Конгресот за решавање на глобалниот недостиг на полуспроводници, забележува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Димитриеска-Кочоска: Владата нѐ однесе во банкрот, секое четиричлено семејство е задолжено со 2.400 евра

Владата нѐ однесе во банкрот, секое четиричлено семејство за една година е задолжено со 2.400 евра плус камати, обвини Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е помината ни една година од првото затворање на економијата и прогласување на пандемијата, а Македонија е задолжена со над 1 милијарда и 150 милиони евра нов нето-долг. Или едно четиричлено семејство има нов долг за една година од речиси 2,400 евра плус камати. Повторувам 2.400 евра плус камати ќе врати едно четиричлено семејство за една година. Секој може да пресмета и да процени колку доби изминатава година, а колку ќе треба да враќа. Затоа што треба да ни е јасно на сите дека тој долг е наш, на сите нас, но и на нашите поколенија и сите заедно ќе го враќаме“, рече таа.
Дека народот е исплашен, додаде Димитриеска-Кочоска, дека нема пари, дека нема доверба во оваа Влада за подобро утре, покажуваат и податоците од Државниот завод за статистика за БДП за 2020 година, кои беа објавени пред некој ден.
„Приватната потрошувачка во 2020 година е намалена 5,6 % на годишно ниво, а само во последното тримесечје на годината 4,3 %. Уште повеќе загрижува податокот за бруто-инвестициите, кои во 2020 година се намалени 10,2 % во однос на 2019 година, а само во последниот квартал од 2020 година – 13 %. Ова јасно покажува дека оваа Влада немаше никакви капитални инвестиции, а приватниот сектор беше значајно погоден од кризата, без изгледи да влезе во инвестиции. Напоменувам, падот на бруто-инвестициите во 2020 година е повисок од оној што го имавме за време на воениот конфликт во 2001 година кога беше 6,1 %“, рече таа.
Економија
Комората на сметководителите повторно бара поместување на роковите за финансиски извештаи

Комората на сметководителите повторно бара поместување на роковите за финансиски извештаи по примерот на европските земји.
Анкетата што ја направила Комората на сметководителите меѓу своите членови покажала дека речиси 65 отсто од сметководителите биле заболени од Ковид-19 или биле во изолација поради контакт или заболен член на семејството.
Во такви услови, велат од таму, јасно е дека не е возможно работата да се одвива непречено и повторно се поставува прашањето дали ќе се донесе разумна одлука роковите за поднесување завршни сметки и финансиски извештаи да се усогласат со европските држави или и понатаму ќе продолжи да се гази достоинството на оваа значајна професија.
„Сумарните бројки покажуваат дека дури 64,8 % од сметководителте се изјасниле дека се соочиле во сериозно нарушување на текот на работењето поради вирусот. За какви статистички податоци кон Европската Унија зборува министерот кога поради нивната игнорантност, со години целата професија тивко умира и просекот на возраст на лицата во професијата е над 50 години“, изјави Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората на сметководителите.
Економија
Бачовски: Исплатени 512,5 милиони денари субвенции за повеќе мерки

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 23.524 субјекти исплати над 512,5 милиони денари на име субвенции, информира директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.
„Исплатени се директни плаќања од обработлива земјоделска површина за сите полјоделски култури, освен тутунот, и за оваа мерка исплатени се 411,5 милиони денари. На сметките на малите земјоделските стопанства, кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години, исплатени се 54,5 милиони денари, а кај сите што имаат заклани амортизирани несилии во регистриран кланичен капацитет исплатени се над 46 милиони денари“, информира Бачовски.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер