Контакт

Економија

Нови 20 милиони евра за изградба на системите за наводнување Лисиче и Јужновардарска Долина

Објавено пред

Владата на вчерашната седница донесе одлука за пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии, а кои ќе се искористат за финансирање проекти од областа на наводнување што ги спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Станува збор за финансиски средства по основ на доделен заем од Владата на Сојузна Република Германија, односно германската кредитна развојна банка KfW.

Се работи за средства во износ од  20 милиони евра кои МЗШВ ќе ги искористи за реализација на проектите  „Повеќенаменски ХС Лисиче 2 и 3 фаза и Програма за наводнување на Јужновардарска Долина фаза 3“.

Овие два проекта од областа на наводнувањето се од исклучително значење за Велешкиот и Валандовскиот Регион. Нивната реализација директно ќе влијае врз зголемување на наводнуваните површини во овие региони и врз подобрување на конкурентноста на земјоделството.

Хидросистемот Лисиче ќе обезбедува вода за пиење за градот Велес и вода за наводнување на околу 5 000 хектари земјоделска површина, техничка вода за потребите на индустријата, како и дополнување на акумулацијата Младост, кој се наоѓа блиску до Велес. Дополнително, системот овозможува и искористување на водниот потенцијал за производство на електрична енергија.

Овој систем за наводнување ќе опфати речиси 85% од населението во регионот, вклучено во земјоделски активности. Со изградбата на системот за наводнување ќе се изврши и поврзување на акумулациите Лисиче и Младост и изградба на мали хидроелектрани. Вкупната инвестиција е околу 28,5 милиони евра.

Програмата за наводнување на јужната долина на реката Вардар – 3 фаза го опфаќа регионот на системот за наводнување Валандовско Поле, кој се протега од пумпната станица Страиште, потисниот цевковод и дистрибутивната мрежа во атарот на градот Валандово и населените места Раброво и Честево. Површината опфатена со овој систем е со површина од околу 1 750  хектари. Околу 2 000 лица ќе имаат корист од реализацијата на третата фаза од овој систем за наводнување. Вкупната инвестиција за проектот е околу 9,5 милиони евра. Инаку, за овој проект за втората фаза во тек е тендерската постапка за избор на најповолен изведувач, којашто се очекува да биде завршена до крајот на овој месец, по што ќе почне изградбата на системот за наводнување од Удово до Страиште.

Економија

ФИТР: 2,35 милиони евра за поддршка на 84 микро и мали стартап-компании

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции  Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, ги презентираа 84 стартап-компании, што ќе добијат финансиска поддршка од ФИТР на јавниот повик „Стартапувај 2“.

Државата во нив ќе вложи 2,35 милиони евра. Во рамките на овој повик, во првиот бран беа поддржани 53 компании, но поради квалитетниот број апликации по препорака на Комитетот за одобрување  инвестиции, беа обезбедени дополнителни милион евра, за поддршка на уште 31 микро и мали стартап-компании. Вкупниот обем на инвестиции изнесува над 3 милиони евра, од коишто 77%, односно 2.35 милиони евра се средства што ги обезбедува Владата во соработка со Светска банка, а 23% од средствата, односно речиси 702 илјади евра се средства коишто ќе ги обезбедат самите компании.

На настанот што се одржа во Музејот на современа уметност, своите искуства и успешни приказни ги споделија Симона Николова од „Уретани“ и Игор Томовски од „Пајл Контрол“, чии компании беа избрани на првиот повик „Стартапувај“. Тие веќе успешно работат и на меѓународните пазари, а за нив поддршката од државата и Фондот била клучна за развој и напредок. Со своите говори ги мотивираа сите да се охрабрат и да аплицираат бидејќи, како што вела,т процесот е транспарентен и беспрекорен, а техничката поддршка од Фондот особено значителна.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи е охрабрен од ваквите примери.

„Верувам дека во изминатите три години покажавме и докажавме како треба и како се поддржуваат луѓето кои имаат добри идеи. Го етаблиравме Фондот за иновации како дом за секој храбар, млад човек со конкретна идеја. Во портфолиото на Фондот, само во овие 3 години, заедно со овие кои денес ги објавуваме, поддржани се или ќе се поддржат повеќе од 500 домашни компании, во најголемиот дел станува збор за микро и мали фирми, што е навистина неспоредливо со периодот пред 2017 година, кога беа поддржани само 30-ина компании. Притоа, ова се компании кои ќе реализираат проекти во вредност од 73 милиони евра, вкупен обем на инвестиции, и влог на компаниите и поддршка од ФИТР“, рече во своето обраќање вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави зголемена поддршка и нови владини мерки за стартап-компаниите во иднина.

„Сакам да ви честитам за храброста во овој период да ги почнете со реализација на вашите бизниси со што секако ќе станат вредни не само во нашата држава, преку една ваква идеја со мал труд може да станете големи компании во глобални рамки. Јас сум убеден дека имаме многу млади луѓе кои имаат идеи само треба да ги охрабриме, да им дадеме можност, да не ги спречиме во исполнување на нивните идеи, а на таков начин ќе креираме и подобра економија за нашата држава, но истовремено подобар животен стандард за нашите граѓани ќе креираме подобро платени работни места, а на тој начин ќе направиме поуспешна држава за сите нас, а утре и за нашите деца“, истакна во своето обраќање министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој додаде дека ако пред три години државата не одвојуваше ни 1,5 милиони евра за стартап-бизниси, сега само во период од една година буџетот за оваа намена е зголемен за 10 пати. Според него, ваквите успешни приказни се поттик во иднина да се зголеми буџетот за поддршка на младите за стартап-бизниси.

„Можам да ви кажам само едно големо благодарам, дека се охрабривте и во ова време на криза решивте да инвестирате во својата иднина и развој. Токму вие млади луѓе и вашите компании сте она здраво јадро во економијата што ќе нè извлече напред. Со вас, од оваа економска криза ќе излеземе посилни. Во овие три години заедно покренавме инвестиции од над 73 милиони евра, од кои над 40% се ваш влог, на домашните компании. Сега, веќе можеме гордо да зборуваме за многу успешни приказни и резултати од работата во изминатите три години. Само во 2019 година фирмите што користат средства од Фондот уплатиле на име придонеси и данок на добивка за 3,5 милиони евра повеќе средства во буџетот отколку што Фондот исплатил кон проектите. Тоа се 3,5 милиони евра повеќе за болници, училишта, наставен кадар и медицински персонал, за пензии, социјала“, рече Деспотовски.

Тој нагласи дека охрабрува фактот што Фондот ги поттикнал младите во земјава своите бизнис-идеи да ги преточат во успешен бизнис, што го потврдува и бројката дека над 52% од овие компании се основани во последната година. Деспотовски додаде и дека со таргетирани мерки во изминативе години континуирано се работи на поддршка на стартап-заедницата.

„Со овој повик веќе семејството на ФИТР брои над 500 компании. Но речиси 55% од нив, односно 299, се токму стартап-компании. Во нив вложуваме над 17 милиони евра. За споредба до 2017 биле поддржани само 30 стартап-компании со 850.000. Успеавме и покажавме дека оваа држава може да биде водечка, и тоа во една област што е неверојатно клучна во 21 век. Престижниот ‘Фајненшал тајмс’ го рангираше токму Скопје за место со најдобра клима за почеток на стартап-бизнис. И, тоа не е случајно, туку темелно одработено со конкретни резултати кои ги покажавме особено во изминативе 3 години“, рече Деспотовски.

Инаку, стартап-компаниите избрани на овој повик ќе работат на проекти во 15 различни области, меѓу кои и во медицина, градежништво, земјоделие и ИТ-технологии. Во најголем дел се микро (75) и мали (9) компании. Со реализација на инвестициските проекти, ќе се отворат нови добро платени работни места за млади луѓе, односно овие компании кои моментално вработуваат 280 лица, ќе вработат дополнителни 246 луѓе со просечна плата речиси 600 евра.

Вкупно 235 компании аплицирале во рамките на јавниот повик „Стартапувај 2“, 203 ја поминале фазата на административна проверка, а 181 продолжиле во фазата на финална селекција.

Прикажи повеќе...

Економија

Кузеска: 309.000 граѓани добија платежни картички во вредност од 26.8 милиони евра

Објавено пред

Преку мерката „купувам домашно“, како дел од сетот економски мерки, вкупно се изработени и подигнати 309.000 картички во вредност од 26.8 милиони евра, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош, над 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања, а над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.

„Токму оваа мерка го поддржа и помогна домашниот буџет на граѓаните, ја зголеми потрошувачката, како и работата и производството на домашните компании“, рече Кузеска.

Посочи и дека преку мерката „Дома си е дома“, Владата предводена од СДСМ доделила ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едно од најпогодените гранки.

„СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани, обезбедуваат спас на работните места, како и помош и поддршка на компаниите во најпогодените сектори“, изјави Кузеска.

Во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки, со цел поддршка и на работниците и на компаниите.

Прикажи повеќе...

Економија

Град Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за изминатата година

Објавено пред

Град Скопје ги известува граѓани дека во согласност со Законот за даноците на имот, започнува постапката за присилна наплата на неплатените обврски за годишен данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

„Во тековната година во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на градот. Рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е веќе поминат и изготвени се решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници“, се наведува во соопштението на градските власти.

Доколку обврзниците на постапат по ваквите решенија, ќе биде изготвено решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Македонија1 час

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија2 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија2 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа3 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа3 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет4 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија4 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија5 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија18 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија19 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија19 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет20 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија24 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија1 ден

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија1 ден

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет1 ден

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа1 ден

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт1 ден

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Досие