Економија
Поскапуваат бензините

Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС остануваат непроменети.
Од 27.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
10 јуни е денот кога се отвора новиот салон на „Прима“ во Кавадарци

Дојдете на 10.6 на свеченото отворање на новиот салон на „Прима“ во Кавадарци кој се наоѓа на ул. Индустриска 21, во дворот на ИГМ (веднаш до Жито Југ). За тој настан, првите 10 посетители ги очекуваат специјални изненадувања!
Отсега кавадарчани и жителите на околните места ќе можат да ги уредуваат просториите во домот со мебел кој е создаден од одлични идеи, модерен дизајн и врвен квалитет – главните карактеристики што го одбележуваат мебелот на брендот „Прима“.
„Прима“ веќе 25 години е водечки бренд на овие простори со сопствен дизајн и производство на мебел. Големиот број салони го докажуваат она во кое 2000 вработени на „Прима“ силно веруваат – дека се работи за квалитет кој е препознаен од многумина. Ова е фирма во која идеите на дизајнерските тимови го добиваат својот конечен изглед во фабриките. Мебелот на „Прима“ е изработен со внимание и од квалитетни материјали, а темелот на успехот лежи во вработените, во нивниот постојан личен и професионален развој, на следењето на светските трендови во дизајнот и навремениот пласман во продажните места и домовите на нашите клиенти.
„Прима“ со гордост работи на идејата Природен дел од вашиот дом – сакајќи на тој начин да употребува колку може повеќе природни материјали кои нема да имаат негативно влијание врз домот и луѓето кои живеат во него, а истовремено со внимание и се однесуваат кон природните ресурси. Од неодамна, „Прима“ на своите клиенти почна да им ја нуди услугата Дизајн на ентериер со 3Д-рендер од страна на дизајнерски тим – услуга која е прва од овој вид кај нас и која успева да им излезе пресрет на идеите и желбите на клиентите.
Фотографиите ви прикажуваат дел од салонот во Кавадарци кој ќе се отвори на 10.6.2023 год како осми по ред во нашата земја. Оваа сабота ќе имате извонредна можност и самите да се уверите во изборот и квалитетот што го имаме. Дојдете и видете ги многубројните понуди, искористите ги понудените попусти и изненадувања и станете горд сопственик на квалитетен хрватски мебел.
Со ова „Прима“ уште еднаш ја докажува својата вредност и покажува зошто е меѓу најпопуларните брендови за мебел на Балканот.
ПР
Економија
Еврозоната влезе во техничка рецесија

Економијата на еврозоната беше во техничка рецесија во првите три месеци од оваа година, покажаа во четвртокот податоците на европската статистичка агенција „Евростат“ по надолната ревизија на растот во првиот и последниот квартал од 2022 година.
Домашниот бруто-производ (БДП) на еврозоната падна 0,1 отсто во првиот квартал во споредба со четвртиот од 2022 година и е 1,0 отсто повисок од претходната година, се вели во соопштението на „Евростат“.
Ревизијата се должи на друга процена на германскиот Завод за статистика, која покажува дека најголемата економија во еврозоната била во рецесија на почетокот на 2023 година, пренесува „Ројтерс“.
Бројката за раст во еврозоната за четвртиот квартал од 2022 година исто така се намали на -0,1 % од претходното читање од нула. Ревизиите потврдија дека и еврозоната е во техничка рецесија.
Тоа се очекуваше кон крајот на минатата година бидејќи еврозоната се бореше со високите цени на енергијата и храната и зголемувањето на каматните стапки насочени кон ограничување на инфлацијата, но раните процени сугерираа дека регионот ја избегнал рецесијата.
Заедно со Германија, БДП квартално се намалува во Грција, Ирска, Литванија, Малта и во Холандија.
Економија
Повеќето од потрошувачите ќе добијат пониски порамнителни фактури за греење, соопшти „ЕСМ снабдување со топлина“

Грејната сезона 2022/2023 почна на 15 октомври, но поради надворешните временски услови, траеше подолго од вообичаеното, односно беше продолжена до 28 април, соопшти „ЕСМ снабдување со топлина“.
Појаснуваат дека иако изминатата грејна сезона траеше девет дена подолго од вообичаеното, сепак просечните надворешни температури во некои месеци беа значително повисоки од прогнозираните што се користат во пресметката на авансните фактури.
„Токму затоа повеќето од потрошувачите што ги плаќаат фактурите на 8 и 12 месечни рати (97 %) оваа грејна сезона ќе добијат пониски порамнителни фактури во споредба со авансните. Сепак, висината на порамнителните фактури се разликува за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и од количината испорачана топлинска енергија до објектот“, е нагласено во информацијата од оваа компанија.
Потрошувачите, како што додаваат, во текот на грејната сезона во фактурите за топлинска енергија добиваат податок колку енергија потрошиле, како и за износот на разликата меѓу потрошената и прогнозираната топлинска енергија.
„Ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за мај, јуни и јули. Ако, пак, потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш може да побара поврат на разликата доколку нема заостанати долгови“, се нагласува во соопштението од ЕСМ.