Економија
Почнува аплицирањето за добивање на средства од „Програмата за рибарство и аквакултура“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/Vrutok-рибник.jpg)
Од денеска до 9- ти јули, сите кои сакаат да градат нови или да ги ревитализираат старите рибници и пунктови ќе може да аплицираат за добивање на средства преку „Програмата за рибарство и аквакултура“ .
Преку оваа мерка ќе може да се градат нови риболовни пунктови, да ги реконнструираат и адаптираат постоечките, како и да направат рехабилитација на риболовни води со доградба, надградба и опремување на постоечките капацитети/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал. – вели диреторот на АФПЗР Николче Бабовски.
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018 година (Сл.Весник бр. 4/18). Барањата за секоја пооделна потточка се доставуваат во оргинален примерок. Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средствата се утврдени во Програмата за финснсиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018година (Сл.Весник бр. 4/18).
Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на договор за ко-финансирање со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој .
За овие мерки може да аплицираат Единиците на локална самоуправа за изградба на нови, реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови, а корисници на средствата за надомест за услуга за користење на постоечки пунктови се концесионерите на рибите. Регистрирани репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал. Единицата на локална самоуправа или концесионерите на риби за вршење стопански риболов на Дојранско езеро.
Корисници на средства наменети за изградба на нови капацитети за аквакултура може да бидат, субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат капацитет за аквакултура или поседуваат дозвола за користење на вода за поставување на кафези во зоните предвидени за аквакултура.
За Мерка 2.1, финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина на 50% од вредноста на одобрените/прифатливи трошоци за инвестиции. Ставката на ко-финансирање се зголемува до 55%, 60% и 65% во случаите кога. 55% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поднесување на инвестицијата или жена носител на земјоделското стопанство. 60% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции во земјоделско стопанство кое се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачј.65% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поденсување или жена носител на земјоделското стопанство кое се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје.
Доделената финансиска поддршка е неповратна. Исто така тече и огласот за повикот од „Програмата за рурален развој“, односно Мерката 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“. Сите земјоделци кои од 1 октомври се до 31 декември 2017- та година ги зголемиле стадата, или пак формирале нови, имаат можност да аплицираат за добивање на средствата од „Програмата за рурален развој“.
Со овие средства, фармерите може да повратат од 50 до 75 отсто од вкупната инвестиција за оригинални или мелезни високостелни педигрирани јуници( со исклучок на јуници од расата „Буша“). Исто така преку оваа мерка се признаваат трошоците за набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци, кози, оригинали или мелези на свињи( нерези и назимки), оригинали или хибриди од увоз или со потекло од признаени организации согласно Законот за сточарство.
Освен поволности за набавка на расни грла добиток, од денеска може да се аплицира и за „Мерката за подигање на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни насади на ароматични растенија и медоносна флора.
„ Условите за добивање на оваа мерка се : минималната посадена површина која треба да ја имаат е 0,2 хектари, како и бројот на садници да е соодветен на културата која ја имаат посадено. – вели директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Николче Бабовски.
Сите земјоделци кои ќе ја добијат оваа државна помош, имаат обврска бројот на расните грла, како и бројот на садници да ги задржат и во наредните пет години..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
(Видео) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3, сега го зголемуваат на 4.9 проценти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-185301-1.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма велеше дека јавниот долг од крајот на 2023 година достигнал 62,1% од БДП, и дека ќе преземе мерки за фискална консолидација, земјата да има умерено ниво на задолженост. Со новиот ребаланс на буџетот, наместо намалување на јавниот долг, тој ќе биде зголемен на 4.9% уште во првата година од мандатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот Благој Бочварски, денес на Комисијата за финансирање и буџет.
-Потоа, велеа дека инфлацијата ќе ја намалат на 2%, а денес слушаме дека таа е 3.5%. Јасно е дека ќе се кратат сретсва од веќе предвидени проекти.
Пиар програмата на власта е едно, а реалноста е друго, рече Бочварски.
Тој потенцираше дека СДСМ ако не ги зголемеше платите и пензиите на граѓаните во време на кризи и инфлација, тешко дека ќе преживеаа граѓаните, особено со минималната плата од 9 илјади денари, каква што беше во времето на ДПМНЕ, а од каде нивните стручњаци велеа дека не е добро да се покачуваат платите.
-Колку за споредба, во 2017 минималната плата беше 9 илјади денари, а денес таа е 22.500. Просечната во 2017 беше 22.500, а денес е 41.100. Пензиите се зголемија за 6.500, а сега имаме бомбастични најави за зголемување од 5 илјади денари, за кое ни останува да видиме дали ќе се случи“, рече Бочварски.
Економија
Трипуновски: Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Трипуновски-26.07.2024-3.jpg)
Министерот Цветан Трипуновски после состанокот со откупувачите и преработувачите на црвена пиперка соопшти дека е постигнат договор за откупните цени.
„Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат: прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм, втора класа – 20 денари за килограм, трета класа – 12 денари за килограм“, соопшти Трипуновски.
Тој во неколку наврати одржа состаноци со земјоделците, преработувачите и откупувачите каде што главна тема беше откупната цена и текот на откупот на црвената пиперка.
Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Вистински се грижиме за македонските земјоделци, тие конечно имаат партнер во Министерството, рече Трипуновски.
Економија
Нови цени на горивата од полноќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/benzin-gorivo-960x639.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 22.7.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,072 %, кај дизелот 1,940 %, кај екстра лесното масло 2,096 % и кај мазутот намалувањето е 3,565 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,2688 %.
Од 27.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 81,50 (денар/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС 98 83,50 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денара/литар)
Мазут М-1 НС 44,656 (денари/килограм)
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,101 денар/кг и сега ќе изнесува 44,656 денари/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.