Контакт

Економија

Угостителските услуги поскапеле 0,5 отсто во ноември, најмногу во делот за храна

Објавено пред

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември годинава, во споредба со еден месец претходно, е зголемен 0,5  проценти.

dobivaj vesti na viber

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата храна – 0,7 проценти, безалкохолни пијалаци – 0,2 отсто и ноќевања – 0,2 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен 1,2 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен 0,5 отсто, а во однос на декември 2020 година е зголемен 0,3 проценти.

Економија

Годишната стапка на инфлација во Турција во февруари изнесува 67,07 отсто, што е највисока во последните 15 месеци

Објавено пред

Во февруари годишната стапка на инфлација во Турција се забрза од јануарските 64,86 отсто на 67,07 отсто, објави денеска турскиот институт за статистика „Туркстат“.

dobivaj vesti na viber

Инфлацијата во Турција е највисока во последните 15 месеци.

На годишно ниво, во февруари, најмногу поскапеле услугите во хотелите, кафулињата и во рестораните, 94,78 отсто, како и во образованието – 91,84 отсто, здравството – 81,25 отсто и во превозот – 77,98 отсто.

Прикажи повеќе...

Економија

Трајковски повика на општествена одговорност: Не можеме да спречиме зголемување на цените

Објавено пред

Државниот пазарен инспекторат во континуитет правеше контрола и надзори по одлуките и во текот на вчерашниот ден, рече директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

dobivaj vesti na viber

ДПИ вчера направи контрола на сите големи синџири маркети во Македонија со цел да утврди дали се почитуваат антикризните мерки за намалување на цените. Од првичните информации потврдено е дека има прекршоци, но ќе се почека да завршат надзорите во целост, извести директорот Горан Трајковски.

Како институција, тој објасни дека нема надлежност да влијае врз формирањето на пазарната цена, која е исклучиво слободна волја на трговците.

Тој апелира до трговците на мало и големо да направат акции, односно да ги задржат цените на основните прехранбени производи на ниво на стандардот на граѓаните.

„Ќе контролираме во маркетите по завршувањето на одлуките, дали се придржуваат до одредбите на Законот за трговијата, Законот за заштита на потрошувачите, дали соодветно се води трговска евиденција, дали се тие доведени до заблуда, една цена на рафт, друга на каса, реалност на попустите и слично“, рече Трајковски.

„Владата донесе мерки за да го спречиме растот на цени. ДПИ вршеше проверки и се почитуваа одлуките. Затворивме големи синџири маркети, немаше никаков компромис. Она што ДПИ го направи вчера е обемни контроли и по одлуките на Владата, што значи има прекршувања, но ќе чекам да завршат контролите до крај. Доколку се прекршени, ние можеме да затвораме, од три до 30 дена. Не сакаме да казнуваме, сакаме да видиме одговорност“, рече Трајковски.

„Некои од маркетите ги немаат зголемено цените, други ги имаат. Се очекува да се покачат цените, повикувам на општествена одговорснот цените да ги остават на исто ниво“, изјави директорот на ДПИ и додаде дека како институција не може да спречат цената на лебот од 29 денари да порасне на 35 денари.

Прикажи повеќе...

Економија

Средствата за субвенциониран оброк ќе се исплаќаат на неделна основа

Објавено пред

По донесувањето на последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, Шпаркасе Банка ги известува студентите што се корисници на кобрендираната картичка за студентски оброк издадена од Шпаркасе Банка во соработка со Министерство за образование и наука, дека се врши измена во начинот на исплата на средствата за субвенциониран оброк – наместо на дневна, ќе се исплаќаат на неделна основа.

dobivaj vesti na viber

Со промената на Законот, почнувајќи од 1.3.2024 година, секој студент што го остварува правото на субвенциониран студентски оброк, на својата трансакциска сметка ќе добива буџет во износ од 840 денари, кои ќе може да се користат за приготвена храна и за прехранбени производи. Овој износ ќе им биде на располагање од понеделник до сабота. Доколку во сабота не се искористат средствата, тие нема да бидат префрлени за понатамошно користење.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

МВР распиша меѓународна потерница по Шеваљ Муареми

Министерството за внатрешни работи, распиша меѓународна потерница по Шеваљ Муареми – водачот на криминална група „Дуќанџик“ од Грчец. „МУАРЕМИ ШЕВАЉ...

Македонија7 минути

„Наместо да вработуваат пред избори, нека дадат плати“, „Национални шуми“ на штрајк oд 7 март

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, Иван Пешевски на денешната прес-конференција соопшти дека јавното претпријатие „Национални шуми“ ќе...

Македонија1 час

Третина од децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години живеат со дебелина, 13,8 отсто од нив се екстремно дебели, објави ИЈЗ

Дебелината кај возрасните лица во Македонија е зголемена 13,6 отсто, а кај децата и адолесцентите 7,4 отсто во споредба со...

Топ3 часа

Притвор за мажот што палеше казино во Битола: истурил бензин врз шест слот-машини

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари, кој е осомничен за кривично дело предизвикување...

Македонија4 часа

СДСМ: Пендаровски е победнички кандидат со јасна европска визија

Стево Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата, велат утрово...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ користи шофер и возило за партиски активности

Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски...

Свет4 часа

САД, Египет и Катар повикаа на прекин на огнот во Газа, Нетанјаху ги објави барањата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, повторно го повика Хамас да направи отстапки пред понатамошните преговори за нов прекин на огнот и...

Македонија5 часа

Седуммина кандидати обезбедија место на гласачкото ливче за претседател на државата

Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на државата, со последниот пресек на ДИК...

Македонија16 часа

СДСМ ја официјализираше кандидатурата на Пендаровски: „На граѓаните им треба претседател со јасна европска визија“

СДСМ на 27-миот Конгрес, попладнево ја официјализираше кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски,...

Македонија18 часа

И Ванковска му одговори на Мицкоски; „Јас сум опозиција на сите“

Се зезнал! Ванковска е опозиција на сите од прв до последен! Опозиција на овој гнил систем и естаблишмент, на овој...

Македонија18 часа

Јакимовски до Мицкоски: Не сум се кандидирал за некому да попречам, јас не прифаќам споредни улоги

Досега никогаш во мојата долга кариера не сум се кандидирал за да му попречам на било кого. Јас и посакувам...

Македонија21 час

Мицкоски: Улогата на Јакимовски и Ванковска со кандидатурата е да го ослабнат потенцијалот на Давкова

Јасна е улогата на Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Тие практично ја имаат улогата на опозиција на опозицијата во оваа...

Македонија21 час

Мицкоски: До 14 часот се собрани над 22.000 потписи за идната претседателка на Македонија, Силјановска Давкова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека до 14 часот се собрани над 22.000 потписи за пратеничката и професорка, Гордана...

Македонија1 ден

Пендаровски објави: Собрани се 10.000 потписи за неполни пет часа

Актуелниот претседател, Стево Пендаровски, кој се кандидира за втор мандат на претседателските избори објави дека за помалку од пет часа успеал...

Топ1 ден

МВР со детали за сообраќајката кај Штип: загина 66-годишник, сопатничката тешко повредена, вториот возач е приведен

Шеесет и шестгодишен маж загина во сообраќајката што се случи вчера попладнето на патот Велес-Штип. Според информациите од полицијата, во...

Македонија1 ден

Почна потпишувањето за кандидатурата на Силјановска-Давкова, ВМРО-ДПМНЕ очекува да бидат собрани за еден ден

Денеска се собирааат потписите за кандидатурата на професорката Силјановска Давкова за пртседател на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кандидатурата на...

Свет1 ден

Зеленски: Доцнењето на испораката на оружје за Украина доведува до загуба на животи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека доцнењето со испораката на оружје и системи за противвоздушна одбрана во Украина доведува до...

Регион1 ден

Сектолог за можното значење на симболите на ѕидовите на куќата во Нови Сад: „Дај Боже да грешам“

Цртежи од задгробниот живот од египетската митологија биле пронајдени на ѕидовите од куќата во Петроварадин каде се пронајдени безживотните тела...

Свет1 ден

Кремљ: Соборени 38 украински беспилотни летала над Крим

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 38 беспилотни летала лансирани од Украина над полуостровот Крим, објави државната новинска агенција РИА,...

Македонија1 ден

СДСМ денес на конгрес се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на Пендаровски

СДСМ денес  во 18 часот ќе одржи конгрес на кој се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на...