Економија
„Хемофарм“ на македонскиот пазар ги нуди познатите производи на компанијата „Санофи“ – Buscopan, Bisolvon и Dulcolax
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/thumbnail_Hemofarm-2.jpg)
Од декември 2021 година „Хемофарм“ на македонскиот пазар ги нуди познатите производи на компанијата „Санофи“ – Buscopan, Bisolvon и Dulcolax.
· Во рамките на договорот за дистрибуција на здравствени производи за широка потрошувачка во 20 европски земји, Штада и Хемофарм за потрошувачите во Северна Македонија ќе бидат достапни на пет брендови (9 производи) од француската компанија Санофи.
· Роналд Зелигер, генералниот директор на Хемофарм изјави: „Наша цел е на секој здравствен проблем да одговориме со соодветен лек или навремено превенирање. Со проширувањето на нашиот асортиман со брендовите како што се Buscopan, Bisolvan и Dulcolax, потврдуваме дека сме партнер на кој лекарите, фармацевтите, пациентите и потрошувачите ширум земјата може да му веруваат.“
20 декември 2021. – Хемофарм кој функционира во рамките на групата Штада, го превзема дистрибуирањето и авторизацијата за трговија на асортиманот на брендовите за широка потрошувачка на компанијата Санофи, со што дополнително ја прошири понудата на производи за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија. Bisolvon, Buscopan, Essentiale Forte N, No-Spa и Dulcolax се само некои од познатите брендови предвидени во договорот помеѓу Штада и Санофи, а ќе бидат достапни и во Северна Македонија со посредство на Хемофарм.
Кон средината на оваа година Штада и Санофи склучија договор за 20 европски земји, меѓу кои се наоѓа и Северна Македонија. Со тоа Штада ќе има надлежност за дистрибуција и тргување со ова портфолиото на Санофи на овие пазари. Договорот на овие две мултинационални компании опфаќа дистрибуција на околу 50 брендови на Санофи, меѓу кои се производи за ублажување на кашлица и настинка, против алергиски реакции, за ублажување на болки, за подобра работа на органите за варење, додатоци во исхранaта итн. На пазарот на Северна Македонија ќе бидат достапни 9 производи во рамките на петте брендови, меѓу кои Buscopan, No-Spa, Bisolvon, Dulcolax, Essentiale Forte N.
Според зборовите на генералниот директор на Хемофарм Роналд Зелигер, оваа компанија постојано ја потврдува својата значајна улога како партнер за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија, како и на сиот здравствен систем, бидејќи асортиманот на производите постојано го шири, се вложува во негово осовременување за да може да се понуди соодветен лек и превентива.
„Нашето широко портфолио од лекови и медицински средства представува начин на пристапување на здравствените проблеми и потешкотии кај пациентит преку современи фармацевтски решенија. Дополнувајќи нови брендови како што се Bisolvon, Buscopan и Dulcolax, Хемофарм потврдува дека е партнер на кој може да му веруваат лекарите, фармацевтите, пациентите и потрошувачите ширум земјата, бидејќи нуди модерни решенија за различни здравствени проблеми кај населението“, истакна директорот Зелигер.
На овој начин, на почетокот на зимската сезона Хемофарм го проширува постојното портфолио на брендови против кашлица, настинка, репираторни болести, дигестивни проблеми и алергиски реакции.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
(Видео) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3, сега го зголемуваат на 4.9 проценти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-185301-1.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма велеше дека јавниот долг од крајот на 2023 година достигнал 62,1% од БДП, и дека ќе преземе мерки за фискална консолидација, земјата да има умерено ниво на задолженост. Со новиот ребаланс на буџетот, наместо намалување на јавниот долг, тој ќе биде зголемен на 4.9% уште во првата година од мандатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот Благој Бочварски, денес на Комисијата за финансирање и буџет.
-Потоа, велеа дека инфлацијата ќе ја намалат на 2%, а денес слушаме дека таа е 3.5%. Јасно е дека ќе се кратат сретсва од веќе предвидени проекти.
Пиар програмата на власта е едно, а реалноста е друго, рече Бочварски.
Тој потенцираше дека СДСМ ако не ги зголемеше платите и пензиите на граѓаните во време на кризи и инфлација, тешко дека ќе преживеаа граѓаните, особено со минималната плата од 9 илјади денари, каква што беше во времето на ДПМНЕ, а од каде нивните стручњаци велеа дека не е добро да се покачуваат платите.
-Колку за споредба, во 2017 минималната плата беше 9 илјади денари, а денес таа е 22.500. Просечната во 2017 беше 22.500, а денес е 41.100. Пензиите се зголемија за 6.500, а сега имаме бомбастични најави за зголемување од 5 илјади денари, за кое ни останува да видиме дали ќе се случи“, рече Бочварски.
Економија
Трипуновски: Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Трипуновски-26.07.2024-3.jpg)
Министерот Цветан Трипуновски после состанокот со откупувачите и преработувачите на црвена пиперка соопшти дека е постигнат договор за откупните цени.
„Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат: прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм, втора класа – 20 денари за килограм, трета класа – 12 денари за килограм“, соопшти Трипуновски.
Тој во неколку наврати одржа состаноци со земјоделците, преработувачите и откупувачите каде што главна тема беше откупната цена и текот на откупот на црвената пиперка.
Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Вистински се грижиме за македонските земјоделци, тие конечно имаат партнер во Министерството, рече Трипуновски.
Економија
Нови цени на горивата од полноќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/benzin-gorivo-960x639.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 22.7.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,072 %, кај дизелот 1,940 %, кај екстра лесното масло 2,096 % и кај мазутот намалувањето е 3,565 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,2688 %.
Од 27.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 81,50 (денар/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС 98 83,50 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денара/литар)
Мазут М-1 НС 44,656 (денари/килограм)
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,101 денар/кг и сега ќе изнесува 44,656 денари/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.