Економија
Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра
Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен бруто-приход од 1.056.992.055 денари или 17,1 милион евра, соопшти денес директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
Втор на листата по остварен бруто-приход е исто така жител на Скопје, кој пријавил приход од 453.517.731 денари или 7,3 милиони евра.
Меѓу првите десет во листата со највисоки приходи има и граѓани од Гевгелија со остварен приход од 300.680.561 денари или 4,8 милиони евра, од Струмица со 4 милиони евра и Тетово со 3,6 милиони евра пријавен годишен бруто-приход.
Највисоката годишно бруто-плата и во 2018 година, исто како и претходните години, е исплатена во секторот здравство и изнесува 183.806.532 денари или 2,9 милиони евра.
„На листата на највисоко рангирани бруто-плати се најдоа и платите исплатени во секторот трговија со тутун и тутински производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти. Највисокото лично примање по друг основ изнесува 119.268.921 денар на годишно ниво на граѓанин од Скопје. Во 2018 година е остварен највисок износ на капитална добивка во последните 10 години, односно скопјанец по основ на капитална добивка остварил вкупно 841.164.000 денари бруто-приход“, кажа Лукаревска.
Таа нагласи дека во 2018 година е остварен највисокиот износ на капитална добивка во последните 10 години. Лице од Скопје пријавило добивка во бруто-износ од 841.164.000 денари или 13,6 милиони евра.
Самостојното вршење дејност во 2018 година било најпрофитно за жителите на Скопје кои Лукаревска вели дека доминираат на листата со приходи по овој основ. Во 10-те топ-рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители, а највисокиот приход пријавен по овој основ изнесува 46.024.172 денари или 748.360 евра.
Земјоделството во 2018 година било најисплатливо во Гевгелија каде граѓанин пријавил приход од продажба на сопствени земјоделски производи од 25.319.395 денари или 411 илјади евра. Следен на листата по продажба на земјоделски производи е жител на Валандово со проијавен приход од 19.744.161 денар или 321. 043 евра.
Нјаголем приход од имот и имотни права пријавил жител на Тетово со 84.039.667 денари или 1,3 милиони евра, а обврзник од Скопје пријавил 22.612.966 денари или 367.690 евра, приход од авторски права и индустриска сопственост.
Скопјанец во 2018 година од лото, обложување, казино и учество во наградни игри пријавил бруто-добивка од 871.726 евра.
И најбогатиот пензионер е од Скопје со исплатена бруто-пензија остварена во странство од 5, 7 милиони денари или 93 илјади евра. Највисокиот приход по основ на пензиски надоместок за доброволно пензиско осигурување е пријавен во Скопје и изнаесува 2,7 милиони денари или 45.507 евра.
Директорката Лукаревска рече дека високи приходи Управата забележала и кај возрасните, но и кај младите лица.
„Највозрасното лице кое остварило приход над еден милион денари има 99 години, сега е починато, додека во групата над 10 милиони денари највозрасниот има 93 години. Лице кое се родило во 2018 година остварило доход од дивиденда над еден милион денари, додека во групата над 10 милиони денари најмладиот има 21 година“, рече директорката Лукаревска.
Управата за јавни приходи изгитвила пополнети годишни даночни пријави за 795.953 граѓани со пријавени 309.058.476.787 денари годишни бруто-приходи и 18,4 милијарди персонален данок. Во 2018 година, кога се воведе новата процедура за пријава и пресметување на персоналниот данок, најголемиот број пријави биле автоматски потврдени од страна на УЈП, односно 480.092 пријава, а граѓаните потврдиле 139.968 пријави.
Директорката Лукаревска смета дека како за прва година реформата е успешна посебно поради тоа што го нема метежот на шалтерите за поднесување на пријавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

