Економија
„Гугл“ казнет со 1,5 милијарди евра
Европското обвинителство за конкуренција го казни „Гугл“ со 1,5 милијарди евра поради блокирање реклама на свои конкуренти. Минатата година Европската комисија го казни „Гугл“ со 4,3 милијарди евра, поради кршење на правилата на пазарната конкуренција поврзани со нивниот оперативен систем Андроид.
Тоа е највисока казна во историјата која Европската комисија ја изрекла на една компанија.
„Гугл“ од произведувачот на мобилни уреди побара да го преинсталираат нивниот пребарувач ако сакаат да имаат пристап до нивните разни услуги, што, според ЕК, на потрошувачите им го отежнува правото на избор и ја ограничува конкуренцијата.
Комисијата утврдила дека „Гугл“ од произведувачот побарал да ги преинсталира апликациите Гугл срч и Гугл х ром, како услов за добивање лиценца за тргување со апликациите на Гугл (Плеј стор), дека плаќал одредени износи на некои големи произведувачи и пружатели на услуги на подвижните мрежи, под услов на своите уреди да ја преинсталираат исклучиво апликацијата Гугл срч и дека ги спречил сите произведувачи кои сакале да ги преинсталираат апликациите на „Гугл“ да ги продадат паметните мобилни уреди со алтернативни варијанти на Андроид, кои не ги одобрил „Гугл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

