Економија
„Лански, Ганзѕер + Партнер, Скопје“ го најави отворањето на новата канцеларија во Скопје
„Лански, Ганзѕер + Партнер, Скопје“ го најави отворањето на новата канцеларија во Скопје. Настанот беше оранизиран од страна на партнерот од Сверна Македонија, господин Арлинд Зеќири, и одржан во Националната галерија на Северна Македонија „Даут-паша“ кога го најави новиот почеток на партнерот „Лански, Ганзѕер + Партнер“ во Скопје, Северна Македонија, и ги поздрави гостите. На настанот беа присутни високи претставници на Владата на Северна Македонија, амбасадори во Северна Македонија, политички претставници, претставници од деловниот сектор во Северна Македонија.
Поздравни говори на настанот имаа господин Габриел Лански и господин Гералд Ганзѕгер, основачи и управни партнери во Виена, господин Арлинд Зеќири, извршен партнер во Скопје, господин Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања во Скопје, Северна Македонија, господин Ото Граф, заменик-шеф на мисијата во австриската амбасада во Северна Македонија, господин Волфганг Петрич, советник на „Лански Ганзѕер плус“ (ЛГП), поранешен специјален пратеник за Косово и висок претставник за Босна и Херцеговина, и господин Шаболц Фазакас, поранешен министер за економија на Унгарија и член на Европскиот парламент.
„Промената бара голема количина дух и малку човечка волја и затоа ние денес сме тука да ја промовираме соединетоста на знаењето и храброста со прославување на отворањето на канцеларијата „Лански и Ганзѕер“ во Скопје“, истакна партнерот во Скопје, г. Арлинд Зеќири.
„Лански, Ганзѕес плус партнер“ (ЛГП) е една од најголемите меѓународно ориентирани правни фирми од Централна Европа и отворањето на канцеларија во Скопје е уште еден факт што ја поддржува оваа важна вредност на „Лански Ганзѕер плус Партнер“ (ЛГП). Сега сите бизниси и инвеститори што работат на северномакедонскиот пазар може да уживаат во придобивките од стратешките и прагматични се во едно решенија од страна на нашите експерти со долгогодишно работно искуство. Канцеларијата на ЛГП во Скопје ќе служи со почитување и посветеност на овие вредности.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.