Контакт

Економија

Осум нови рути од аеродромите во Скопје и Охрид со „Визер“

Објавено пред

Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ објави дека од јули го додава својот петти авион „ербас A320“ во скопската база, како и дека годинава почнуваат осумте нови рути од македонските аеродроми, и тоа од Скопје до Карлсруе/Баден-Баден (Германија), Бремен (Германија), Ларнака (Кипар) и Турку (Финска) и од Охрид до Малме (Шведска), Милано Малпенса (Италија), Минхен Меминген (Германија) и Дортмунд (Германија). Билетите за новите рути се веќе во продажба.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата наведуваат дека зголемувањето на флотата исто така ќе овозможи зголемување на бројот на неделни летови на постојните рути на „Визер“ од Скопје до Гетеборг, Хамбург, Келн, Малта и до Базел.

Новата распределба на авионите е резултат на тендерот што го доби „Визер“ во јануари годинава. Компанијата почна со работа на меѓународниот аеродром во Скопје во 2011 година проширувајќи ја својата флота на четири авиони во текот на 8 години. Во јуни 2018 година два авиона „ербас A320“ на авиокомпанијата беа надградени со два „ербас A321“.

„Петтиот авион претставува уште една инвестиција од 101 милион долари од ‘Визер’ во македонското воздухопловство и ќе придонесе за создавање над триесет нови директни работни места со ‘Визер’. Со оваа најава компанијата сега нуди 38 рути до 16 земји од двата македонски аеродрома во Скопје и Охрид“, велат од компанијата.

Во 2018 година авиопревозникот превезе 1,4 милион патници на своите македонски рути, што претставува раст од 15 отсто годишно.

Економија

Земјоделците на протест поради ниските откупни цени во Струмица – Левица дава поддршка

Објавено пред

Земјоделците од струмичките села денес повторно одржаа протест поради ниските откупни цени. Овојпат протестот беше во центарот на Струмица.

dobivaj vesti na viber

„Државата не води сметка за увозот на патлиџани, а прекупците се оставени со одврзани раце. Резултатот е ниска почетна откупна цена, која по правило до крај на откупот секогаш паѓа.

Со понудената цена, земјоделците не можат да си ги покријат ниту трошоците за производство што како краен ефект има дестимулација на земјоделците, намалување на производството во идните години, запустување на полето и иселување од државата“, велат од Левица.

За да се спречи тоа, како што додаваат, мора во наредните десет дена да се преземат итни мерки.

Пратеникот Сашко Јанчев и координаторот на Секор – земјоделие на Левица повторно беа на протестот да им дадат поддршка на земјоделците.

Прикажи повеќе...

Економија

Поевтин бензин и поскап дизел од полноќ

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16 отсто во однос на одлуката од 20 мај.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,492 отсто, кај дизелот има зголемување за 0,845%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,513% и кај мазутот намалувањето е за 0,164%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,333%

Од 28.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,453 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,176 ден/кг и сега изнесува 42,453 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута зачувана

Објавено пред

На покана на Централната банка на Исланд и престижниот американски универзитет „Нортвестерн“, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата „Макроекономската стабилност на малите и отворени економии – предизвици и лекции“, којашто се одржа во Рејкјавик, Исланд. Таа беше поканета да го сподели искуството за успешното задржување на стабилноста на девизниот курс во македонската економија.

dobivaj vesti na viber

„Во раната транзиција, како и многу други економии од ЦИЈИЕ, усвоивме стратегија на фиксен девизен курс за справување со хиперинфлацијата, којашто ја применуваме и во моментов. Таа е соодветна на карактеристиките на нашата економија, којашто има висока трговска отвореност (160% од БДП), висока зависност на извозот од увозни компоненти, висока финансиска отвореност (185% од БДП), како и релативно висок степен на евроизација на банкарскиот систем (околу 42% од активата е во евра). Овие карактеристики отвораат можност за висок преносен ефект од девизниот курс врз цените и финансиската стабилност, без позначителни ефекти врз економскиот раст“, нагласи Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката се осврна и на последната криза, и на предизвиците за задржувањето на оваа стратегија. Таа потсети и на притисоците на девизниот пазар коишто беа видливи од почетокот на пандемијата до средината на 2022 година, за кои беа нужни значителни интервенции од страна на централната банка, коишто во одреден момент достигнаа 15% од девизните резерви.

„Активните интервенции на девизниот пазар беа можни благодарение на девизните резерви насобрани пред кризата, покрај поддршката од меѓународните финансиски институции во кризниот период. Насобраните резерви ги одразуваат претходните претпазливи макроекономски политики и постепената и соодветно распределена либерализација на капиталната сметка. Затегнатата монетарна политика, користењето сет од макропрудентни мерки првенствено насочени кон зголемувањето на отпорноста на банкарскиот систем, како и мерките преземени за зголемување на транспарентноста и комуникацијата со јавноста, коишто уште повеќе ја зајакнаа довербата во Народната банка, беа од клучно значење за одржувањето на стабилноста на девизниот курс“, нагласи Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката подвлече дека и покрај шоковите од невидени размери, стабилноста на девизниот курс беше задржана, а нивото на девизните резерви во моментов е повисоко за близу 40% во споредба со преткризниот период.

На панел-дискусијата, којашто беше предводена од професорот Харис Делас, од Универзитетот „Сури“ и Институтот „Карл Брунер“, покрај гувернерката, учествуваа и гувернерот на Банката на Словенија и гувернерот на Банката на Естонија. На настанот учествуваа повеќе професори од престижни универзитети.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Ирска и Норвешка официјално ќе ја признаат палестинската држава и покрај бесната реакција на Израел. Повеќе од 140 од...

Македонија14 часа

На 30 јуни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30...

Македонија14 часа

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: злоупотребите со европското знаменце нема да се применуваат, потенцирана европската заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир....

Македонија16 часа

Гаши седнува во спикерското столче: поради кандидатурата за претседател на Собранието, поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива

На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм...

Македонија19 часа

Хируршките сали на Клинички остануваат затворени: Системот за воздух мириса и без хаварија, примероци од гасот испратени во Германија  

Лабораторија во Германија ќе утврдува зошто без хаварија во системот се јавува миризба во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран...

Македонија20 часа

Демири на заминување го разреши и директорот на Кардиохиругија: Открив дека 170 пациенти не се внесени во „Мој термин“, за нив нема отпусни писма ни умреници

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски . Открил дека во Клиниката...

Топ22 часа

Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино

Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј....

Македонија23 часа

Експресниот пат Штип – Кочани нормализиран за сообраќај

Во 10 часот и 40 минути, сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е нормализиран за сообраќај, извести АМСМ. Сообраќајот...

Македонија24 часа

Братот на убиениот пејач на пластичарската улица: Амар ќе биде погребан денеска

Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото...

Македонија1 ден

Извршен увид по пукањето на пластичарската улица во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид...

Топ1 ден

Еден убиен, двајца повредени во пукање на т.н. пластичарска улица

Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот Никола Карев, познат како пластичарска...

Свет1 ден

(Видео) Израел му одговори на Хамас со ракетен напад; Хамас: Погоден е камп, убиени жени и деца

Министерството за здравство на Хамас објави дека десетици луѓе загинале или се повредени во експлозија во бегалски камп во областа...

Свет1 ден

(Видео) Торнада опустошија неколку делови на САД, десетина мртви

Торнада кои го зафатија централниот дел на САД усмртија најмалку десетина луѓе и оставиле трага на уништување, а синоптичарите предупредуваат...

Европа1 ден

(Видео) Надзорните камери на трговскиот центар во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви

Бројот на загинати во рускиот напад на специјализиран трговски центар со градежни производи во Харков се искачи на 16. Меѓу...

Македонија2 дена

Земјава нема развиен концепт за менаџирање со дијабетесот, вели Велев

Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, денеска во Градскиот парк во...

Македонија2 дена

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“ во мрак, луѓето со блиц од мобилен минуваат на пешачки (ВИДЕО)

Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж...

Македонија2 дена

Детали за ноќната спасувачка мисија: Го лепеле чамецот и им фрлале вода на заглавените пред да ги извлечат живи (ФОТО+ВИДЕО)

Четирите лица, меѓу кои и седумгодишно дете се лоцирани и најдени, соопштија утрово од ЦУК. Ноќната спасувачка акција не била...

Македонија2 дена

Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња

Четири лица, две жени, еден маж и едно дете кои се изгубија, а се на возраст од 29, 18, 35...

Македонија3 дена

Седумгодишно дете и уште три лице се изгубија на патот од Кожле кон Велес

Четири лица планинарејќи го згрешиле патот и залутале на стрмно опасно место за понатамошно нивно движење. Меѓу лицата има едно...

Македонија3 дена

Смрдеа затвори дел од салите за операции во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Претставник на Министерството за здравство бил сослушан во скопското Обивнителство, а по него според неофицијални информации следуваат директорите на хирушките...