Економија
Пролет во знакот на новите колекции на брендовите на Fashion Group
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/Насловна.jpg)
Создавањето на шик пролетни комбинации секогаш е толку забавно, а кога ги имате вистинските парчиња истото е полесно од било што! По неколку месеци слоевити стајлинзи, конечно е време да уживаме во лежерноста на пролетните парчиња со најубавите колекции од познатите брендови на Fashion Group.
Парчињата кои се вистински класици и оваа сезона се на пиедесталот, а кога говориме за истите, мислиме на квалитет и удобност со доза шарм за секојдневно освојување.
Она што брендовите на групацијата отсекогаш го нуделе е спој на парчиња со одличен дизајн и удобност, а истото не е исклучено и оваа сезона кога понудата е на едно сосема повисоко ниво.
Пролетва, обидете се да се истакнете на вистинскиот начин и одберете од неодоливата понуда на брендовите на Fashion&Friends, нежните парчиња на Women’secret, модните додатоци на Parfois без кои едноставно не можеме, култните Boss, Bitsiani и Dan John модели за стилските момци, лежерните Springfield, секогаш шармантните Mango, урбаните Timberland и Superdry, но заблескајте и со ултра посакуваната Kiko Milano козметика.
Она на што знаеме дека никој нема да може да одолее се ултра квалитетните обувки од пролетните колекции, толку тренди и удобни, секогаш подготвени за освојување на нови патишта.
Што се однесува до палетата на бои, брендовите на групацијата уште еднаш понудија совршени нијанси, сосема соодветни за пролетните денови кои единствено се олицетворение на уживање и прошетки.
Уште еднаш, дизајнерите на секој еден бренд се потрудија да понудат парчиња од исклучително квалитетни материјали во кои ќе уживаме секој еден топол ден, а кои ќе останат да сведочат како вистински класици и потврда за нашиот врвен стил.
Парчињата во кои сите ќе ве препознаваат оваа пролет веќе пристигнаа во продавниците на брендовите во Сити Мол и Ист Гејт, а секогаш тука е и онлајн продавницата на Fashion Group како омилена шопинг дестинација во секое време!
Оваа топла сезона, истакнете го вашиот супер стил и направете деновите да бидат позабавни и покреативни од кога и да е!
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Ангеловска-Бежоска: Народната банка е посветена на одржувањето на ценовната стабилност
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Регионален-самит-Бечиќи-ЦГ.jpg)
Кризите во изминатите неколку години, како пандемијата, енергетската криза и геополитичките тензии претставуваа вистински тест за централните банки. Овие кризи предизвикаа силна инфлациска промена во светски рамки, невидена во изминатите триесетина години. Исто така, економиите со стратегија на стабилен курс на домашната валута, како нашата, се справуваа и со големи притисоци за задржување на стабилноста на домашната валута. Сепак, од крајот на 2022 година се забележуваат поповолни трендови и кај инфлацијата, и на девизниот пазар. Така, просечната инфлација во регионот на Западен Балкан од 16% во октомври 2022 година во првиот квартал оваа година е намалена на околу 3,5%. Исто и кај нас дојде до позначително забавување на инфлациски трендови, а стабилноста на девизниот курс беше задржана, при што нивото на девизните резерви беше зголемено за 40% во споредба со претпандемичниот период. Сепак, потребна е внимателност. Ова беше истакнато од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на 11-тиот регионален самит на гувернери, министри за финансии и директори на даночната администрација, „Финансиската стабилност во услови на слаб економски раст во еврозоната“, што се одржа во Бечиќи, Црна Гора.
Според среднорочните проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се очекува дека инфлацијата во глобални рамки и во регионот на Западен Балкан, вклучително и кај нас, и натаму ќе се намалува, но малку побавно во споредба со претходно. За оваа година, ММФ предвидува дека просечната инфлацијата на Западен Балкан ќе забави сведувајќи се на 3,8%, а за наредната година на 2,7%. Сепак, иако се намалени, ризиците сѐ уште постојат и затоа е потребно натамошно внимателно следење на динамиката и факторите кај инфлацијата и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска, учествуваше на панел-дискусијата „Одржување на стабилноста на цените и на банкарскиот систем во неизвесни времиња“, заедно со гувернерите на Црна Гора, Ирена Радовиќ, на БиХ, Јасмина Селимовиќ, на Косово, Ахмет Исмаили, вицегувернерите на српската, хрватската и албанската централна банка, Жељко Јовиќ, Мајкл Фауленд и Лулета Минџози, како и Петар Јовиќ, претседател на Извршниот одбор на „АИК банка“.
Економија
Величковски очекува раст на конкуренцијата на пазарот на платежни услуги
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Velickovski.jpg)
Се очекува засилување на конкуренцијата на домашниот пазар на платежни услуги. Народната банка ги издаде првите дозволи за платежни институции, во согласност со новата законска рамка, преку кои граѓаните ќе може да извршуваат плаќања во земјата и прекугранично, истакна директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски во гостување на „Блумберг Адрија“.
Тој посочи дека една од значајните придобивки на новата правна рамка во платежната сфера е отворањето на пазарот за влез на нови даватели на платежни услуги, односно покрај банките, платежни услуги може да даваат и штедилниците, а како нови учесници на пазарот може да се јават и платежните институции и институциите за електронски пари.
Како што соопшти од центраната банка, новите институции треба да добијат дозвола за давање платежни услуги и/или издавање електронски пари од Народната банка, за што треба да исполнат соодветни услови коишто се јасно пропишани со новата правна рамка. Во изминатиот период, поголем број субјекти се обратиле до Народната банка со цел да го почнат процесот за добивање дозвола за давање платежни услуги, при што пет трговски друштва коишто даваа одредени видови платежни услуги (брз трансфер на пари или издавање кредитни картички), во согласност со претходната правна рамка, поднесоа официјално барање со потребната документација во согласност со новата правна рамка и беа позитивно оценети. Покрај тоа, Народната банка му издала дозвола на постоечкиот оператор на платниот систем-КИБС, којшто овозможува порамнување трансакции со кредитни трансфери, при што е лиценциран првпат во согласност со новите законски барања коишто ги следат практиките во земјите од Европската Унија.
Во однос на интересот на новите небанкарски даватели на поширока лепеза платежни услуги, Величковски истакнува дека во моментов Народната банка е во активна комуникација со повеќе субјекти, од кои еден дел веќе даваат платежни услуги на пазарот во Европската Унија и во регионот.
„Очекуваме дека овие субјекти, доколку ги исполнат пропишаните услови, ќе донесат иновативни решенија за плаќања на македонскиот пазар во согласност со глобалниот тренд поврзан со финтек-услугите“, рече Величковски.
Покрај зајакнувањето на конкуренцијата преку навлегувањето на нови даватели на платежни услуги на домашниот пазар, коишто би обезбедиле поевтини, побрзи и поудобни плаќања за граѓаните и компаниите, НБ укажува дека новата правна рамка создаде основа за поедноставување и поевтинување и на прекуграничните плаќања.
„Ова би го постигнале со пристапувањето во СЕПА (Единствена област за плаќања во евра). Народната банка и релевантните државни институции со заеднички напори ја пополнија апликацијата за пристапување на нашата земја во СЕПА и на крајот на април годинава, Народната банка ја достави апликацијата до Европската комисија за добивање неформално мислење. Откако ќе го добиеме неформалното мислење и откако соодветно ќе постапиме според него, апликацијата ќе биде формално поднесена до Европскиот совет за плаќања за добивање формална оцена и одлучување за пристапот во СЕПА“, посочи Величковски.
Економија
Поскапува дизел горивото
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/benzin-gorivo-960x639-1-2.jpg)
Од вечерва по полноќ за 2 денари ќе се зголеми цената на дизел горивото и нафтата за домаќинствата, додека цените на бензинот и на мазутот не се менуваат.
Максималните цени на горивата ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,639 (денари/килограм)