Економија
Роденденски попуст на висококвалитетен мебел во „Дизајн фантазија“
Оваа година „Дизајн фантазија“ слави 25 години постоење, традиција и квалитет со роденденски попуст на целиот асортиман. Компанијата во изминатите години има над 5.000 задоволни клиенти и околу 13.000 успешно изработени проекти. По повод својот 25-ти роденден нуди 15 отсто попуст на секој клиент што до крајот на годината ќе направи нарачка.
Безвременскиот дизајн и стандардот во квалитет се главни особини по кои се препознатливи на пазарот. Високите европски стандарди ги имаат докажано со изработка на проекти и за странските пазари, како што се Чешка, Холандија, Германија, Швајцарија, Австрија и многу други европски држави.

„Дизајн фантазија“ креира уникатни парчиња мебел за кујни, бањи, дневни, спални и детски соби, како и работни простории и канцеларии. Во изминатите 25 години ги донесе до совршенство обработката на масивно дрво, медијапан, керок, иверка, а по потреба, изработениот мебел го надополнуваат со стакло, метал, плексиглас и оков од врвни производители.
„Нашиот успех се должи на врвниот квалитет на материјалите што ги користиме и одличниот тим што 25 години работи заедно. Посветени сме на целиот процес на изработка, од идеја до реализација, односно проектирање, изработка, транспорт и монтажа. Сето тоа доведува до задоволни клиенти, кои повторно се враќаат во нашиот продажен салон“, изјави Тони Трајков, сопственик на компанијата.
Инспирацијата на дизајнерите доаѓа од идејата дека конструктивните решенија треба секогаш комплетно да ги задоволат потребите на клиентот. Во изработката на сите проекти „Дизајн фантазија“ го следи своето основно начело дека при изработката на секое парче мебел се користат само најквалитетни материјали.
Искористете го попустот и внесете безвременски квалитетот во својот дом. Разгледајте дел од изработените проекти на нивната веб-страна или побарајте повеќе информации за реализација на вашата идеја на (02) 278 32 33. Ве очекуваат и во нивниот продажен салон на улицата Христо Татарчев 47в во Скопје, Кисела Вода.

„Дизајн фантазија“ е домашно претпријатие за производство на мебел. На македонскиот пазар е присутно од 1994 година. Поради сериозноста на пристапот, постојаното осовременување на производството и усовршувањето на дизајнот, креира и мебел за извоз на европскиот пазар. Фабриката произведува мебел почитувајќи ги и континуирано следејќи ги светските стандарди во дизајнот и технологијата, со што им овоможува на своите клиенти производи со идентично висок стандард.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“
Економија
Комисија за заштита на конкуренцијата: Лани се изречени казни во вредност од над 53 милиони денари
Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари.
„Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат. Казните имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила“, велат од Комисијата.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.
Економија
Македонија2025 објави повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи.
Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.
Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.
Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).
Кој може да се пријави?
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:
· Минимум една година од постоење на компанијата;
· Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;
· Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;
· Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;
· Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);
· Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.
По можност да работат во следните дејности: туризам и угостителство, финансии, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.
*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.
Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.
За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.
Краен рок за пријавување: 15.03.2026 год.

