Економија
Санаата на Ласкова демантира дека е поврзана со компанијата „Декодикс“, која доби грант од 320.000 евра
Христина Керкез, снаата на советничката за култура на премиерот, Цветанка Ласкова, демантира дека има некаква поврзаност со компанијата „Декодикс“, на која ѝ беше одобрен грант од 320.000 евра од Фондот за иновации. Таа испрати демант по објавата на текстот со наслов „За грантот на снаата на Ласкова одлучувачите се двоумат една недела“.
„Ниту јас, Христина Керкез, ниту членови на моето потесно семејство немаат некаква поврзаност со компанијата ’Декодикс’, така што изнесената информација претстатвува лага. Овие факти сте можеле да ги потврдите со барање информации за сопственичката структура на компанијата во Централниот регистар на Република Македонија, што очигледно не сте го сториле, па поради тоа објавувате лажни информации“, стои во демантот од Керкез.
За поврзаноста на компанијата „Декодикс“ со советничката Ласкова, информира Фондот за иновации кога под притисок на јавноста од сите што добија грант побара изјави за поврзаност со функционерите. Во изјавата компанијата „Декодикс“, според Фондот за иновации, пријавила поврзаност на Христина Керкез како дел од сопственичката структура со советничката Ласкова. Таквата изјава беше причина Фондот во август лани да не потпише договор со „Декодикс“, туку апликацијата уште еднаш да оди на одлучување пред Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за иновации. Веднаш по изјавата за поврзаност со Ласкова, „Декодикс“ го извести Фондот и дека снаата на советничката на премиерот се иззема од сопственоста.
Од сопственоста се иззема и сопругата на актуелниот министер за култура, на која преку компанијата „Т-сенс“ ѝ беше одобрен грант од Фондот за иновации заедно со одобрениот грант на снаата на Ласкова. Но, Фондот за иновации во неколку наврати соопшти дека ќе се разгледуваат апликациите за грантови во форма какви што биле во моментот на аплицирање.
Поврзанота на компанијата „Декодикс“ со советничката Ласкова, заедно со уште три компании што пријава поврзаност со функционери, беше причина Фондот за иновации да изработи протокол за процена на ризик кај компании што ќе се изјаснат дека се поврзани со носители на јавни функции. Применувајќи го протоколот, „Транспаренси интернешнл – Македонија“, како надворешен соработник на Фондот за иновации, кај „Декодикс“ утврди среден ризик од влијанието на Ласкова, кој се доближува до висок ризик. Врз основа на оваа процен на ризик, Комитетот за одобрување инвестиции треба да донесе одлука дали „Декодикс“ ќе ги добие парите од грантот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

