Економија
СДСМ: Нема кратење на средства за земјоделците
Антинародното и антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што со години ги уценуваше и малтретираше земјоделците и го погазуваше нивниот труд, денес преку ширење лажни вести, продолжува да работи против интересите на земјоделците, обвини СДСМ.
„Категорично тврдиме дека не е точно дека се кратат буџетски средства како што денеска тврди врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Напротив во делот на водостопанството, со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат дополнителни средства во МЗШВ за капиталниот Проект за наводнување на јужната долина на Вардар фаза 2 во износ од над 23 милиони денари. Со ова обезбедување на средства се исполнуваат сите услови за старт на градежните активности за овој капитален проект кој ќе го реши проблемот со наводнувањето за регионот на општина Валандово во вкупен износ од над 2000 хетари.
Капиталните инвестиции во системите за наводнување се врвен приоритет на оваа Влада, па во моментот како никогаш до сега во тек се градежни работи на повеќе локации како оние на Браната Конско, системот Равен Речица и други.
Дополнително, обезбедени се нови 20 милиони евра за капитални проекти од областа на водоснабдувањето кои ќе отпочнат со реализација веќе од следната година.
Истовремено, обезбедени се дополнителни средства за шумската полиција од пет милиони денари, нови два милиони денари се издвојуваат за секторот за евроинтеграција и меѓународна помош, како и дополнителни 2 милиони денари повеќе за фитосанитарната лабораторија.
Единственото кратење на средства на расходната страна на буџетот е кратењето на средства предвидени да се реализират од заеми, односно, скратени се 310 милиони денари од заем кои биле предвидени да се потрошат за хидросистемот Злетовица и околу 40 милиони од 200 те предвидени во проектот Наводнување на Јужната Долина на Вардар.
Тоа се заемски средства што се ставаат на располагање во моментот кога се отпочнува со реализација на конкретните проекти. Значи нема кратење на буџетски средства.
Во однос на буџетот на Платежната агенција, направено е пренамена на средства од мерка 2а – финансиска поддршна на рурален развој во мерка финансиска поддршка во земјоделството во износ од 200 милиони денари. Значи нема кратење на средства во руралната програма туку пренамена од една мерка во друга.
Ракодството на ВМРО-ДПМНЕ создава штети, прави манипулации и грубо лаже! Владата на чело со Премиерот Зоран Заев го има земјоделството за врвен приоритет.
Доказ за неспособноста и незнаењето е и работата на Цветан Трипуноски, кој остави распадната инспекциска служба по неговото раководење со Државниот инспекторат за земјоделство, а денес како државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кој наместо да испорача резултати излегува на прес конференции и грубо манипулира и лаже!
Дополнително, во интерес на земјоделците, со цел да се обезбеди рентабилно производство пониски трошоци и сигурен пласман, Владата предводена од СДСМ донесе низа интеревентни мерки во интерес на земјоделците. Се како нова субвенција од 1 денари за предадено грозје од сортите смедеревка и вранец, нова субвенција од 2 денари за килограм, за правните лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски мерки. Оваа година, се зголеми субвенцијата за предадени домати од 3 на 7 денари за килограм, и се постигна договор вишокот домати да го откупат преработувачките капацитети, а се со цел стабилизирање на откупот.Се донесоа сет мерки за зголемување на конкурентноста и одржливоста на домашното производство на пченица и други полјоделски култури.
Оваа година се постина највисока просечна откупна цена за тутунот од 217,6 денари за килограм. Лани и оваа година се постигна највисока просечна откупна цена на грозјето. Конкретно просечната откупна цена на вранецот оваа одина достигна 13,55 денари за килограм, а на смедеревката 12,25 денари за килограм. Со цел намалување на производствените трошоци, до крајот на оваа година во функција ќе биде ставена мерката за зелена евтина нафта“ соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

