Економија
Снаата на Ласкова не ги исполнува условите за грант од Фондот за иновации
Снаата на советничката на премиерот Цветанка Ласкова не ги исполнува условите да добие грант од Фондот за иновации и технолошки развој. „Транспареси интернешнл – Македонија“ ја доставила до Фондот за иновации процената на ризик кај четирите компании што се изјаснија дека се поврзани со лица на јавни функции, а имаат одобрен грант од Фондот.
„Комапнијата ‘Декодикс’ на снаата на Ласкова доби оценка дека има среден ризик од нејзиното влијание, но речиси на граница со висок ризик. Тоа би требало да значи дека не ги исполнува условите да го добие грантот, но конечната одлука ќе ја донесе Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за иновации врз основа на процената на ризикот. И другите три компании се во рангот на среден ризик во согласност со протоколот. ‘Контура’ на Елена Донева, поврзана со поранешниот амбасадор Јован Донев, има нијанса помал ризик од ‘Декодикс’, но и двете се оценети со висок среден ризик. Со среден ризик, но понизок од овие две, се ‘Т – сенс’ поврзана со сопругата на актуелниот министер за култура, Асаф Адеми, и ‘Микросам’, сопственост на поранешниот министер без ресор, Веле Самак. Нивото на ризик кај ‘Микросам’ се доближува до низок ризик“, велат извори од Фондот за иновации.
„Транспаренси интернешнл – Македонија“ работела на процена на ризикот кај компаниите последниве десетина дена. Целосната процена за четирите компании ќе биде доставена до Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за инвестиции, кој треба да ја донесе конечната одлука. Следната седница на Комитетот е закажана за крајот на јануари.
Во меѓувреме, Фондот се подготвува за првиот мониторинг кај 73 комапнии добитници на грантови за иновации со кои договорите се веќе потпишани. Првиот квартал истекува во јануари кога се очекува и мониторингот, кој треба да покаже дали државните пари се користат наменски. Мониторингот ќе го врши надворешен соработник, кој допрва треба да се избере.
На компанијата „Декодикс“ и беше одобрен грант од 19.925.977 денари, нешто помалку односно 19.925.977 денари беа одобрени на „Микросам“, на „Контура“ и беа одобрени 3.638.655 денари, на „Т – сенс“ и беа одобрени 4.113.041 денари. Фондот со нив не ги потпиша договорите оти се очекува одлука од Комитетот по нивната изјава дека се поврзани со носители на јавни функции.
Одобрените грантови беа објавени на крајот на јули. По силно негодување во јавноста, апликациите ги повлекоа компаниите поврзани со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и пратеникот Хари Локвенец, а веднаш по нивното повлекување Фондот побара од сите останат да достават изјави дали се поврзани со носители на јавни функции, а подготви и прокотол по кој ќе се постапува во случаите кај компаниите кои се поврзани со носители на јавни функции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

