Економија
Надолен тренд на индексите и скромен промет
На македонската берза за хартии од вредност продолжуваат трендовите кои не прекинуваат со опаѓачката серија и скромниот промет
На македонската берза за хартии од вредност продолжуваат трендовите кои не прекинуваат со опаѓачката серија и скромниот промет.
Вкупниот промет на денешното тргување изнесуваше 11.424.147,74 денари, од кои 4.176.797,74 денари или 36,6% беа остварени преку трансакциите со државните обврзници за денационализација од шестата, седмата и осмата емисија.
МБИ10 со благо опаѓање од 0,11% продолжи со негативниот тренд и оствари вредност од 2.833,49 индексни поени. МБИД оствари умерено намалување од 1,06%, а неговата вредност се спушти на ниво од 3.227,60 индексни поени. ОМБ исто така оствари пад кој изнесуваше 0,33% при вредност од 111,47 индексни поени.Убедливо најтргувана од официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 4.110.627,56 денари. Прометот на оваа обврзница претставуваше 49% од прометот остварен на официјалниот пазар. Просечната цена беше без промена на трендот и изнесуваше 87,00%. Истргувани беа 76.805 обврзници кои се реализираа преку 10 трансакции. Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше Гранит Скопје со промет од 1.078.325,00 денари. Просечната цена од 813,83 денари предизвика само мал пад од 0,06% на дневна основа. Минималната цена изнесуваше 810,00 денари, а максималната 819,00 денари. Истргувани беа 1.325 акции кои се реализираа преку 13 трансакции. Следуваше Алкалоид Скопје со промет од 845.101,00 денари. Просечната цена од 4.801,71 денари беше со минимален пад од 0,01%. Иако незначително, ова е трето непрекинато дневно намалување. Истргувани беа 176 акции кои се реализираа преку 10 трансакции. Најтргувана од редовниот пазар беше Тутунска Банка Скопје со промет од 1.327.472,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.009,33 денари, што резултираше со скромен пораст од 0,22%. Истргувани беа 265 акции кои се реализираа преку 12 трансакции. Втора според ликвидност од редовниот пазар беше ФЗЦ 11 Октомври Куманово со промет од 465.313,00 денари. Немаше значителна промена при просечна цена од 1.072,15 денари. Истргувани беа 434 акции кои се реализираа преку 6 трансакции. Според месечниот статистички билтен на македонската берза, вкупното тргување со хартии од вредност во февруари 2010 година во однос на јануари 2010 година е зголемено за 18,07% и изнесува 241.548.191,00 денари. Тргувањето со акции исто така е зголемено и тоа за 39,53% изнесувајќи 190.557.001,00 денари. Тргувањето со обврзници е намалено во однос на јануари 2010 година за 25,02% и изнесува 50.991.190,00 денари.
Вкупниот број на трансакции изнесува 2.707 и е поголем во споредба со јануари 2010 година за 54,60%. Вкупната пазарна капитализација (акции и обврзници) изнесувала 146.012.053.413,00 денари, што претставува зголемување од 4,22%. МБИ10 оствари вредност од 2.872,12 индексни поени што е зголемување за 1,17%. Вкупно странските инвеститори за Февруари учествуваат со 19,42% на куповната страна и со 35,09% на продажната страна. Домашните учествуваат со 80,58% на куповната страна и 64,91% на продажната страна.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 082. Тутунска Банка Скопје3. Гранит Скопје4. Алкалоид Скопје 5. Комерцијална Банка СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Пекабеско Скопје 11,02%2. Комуна Скопје 2,46%3. Фершпед Скопје 1,71%4. Макпетрол Скопје 0,60%5. Тутунска Банка Скопје 0,22%Хартии од вредност со најголем пад1. ИЦН-Фарм АД Скопје 50,00%2. ОХИС Скопје 13,38%3. Скопски Пазар Скопје 9,17%4. ЗК Пелагонија Скопје 3,45%5. Млаз Богданци 2,78%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

