Економија
Вообичаен ден на македонската берза
Вкупниот промет од денешниот трговски ден беше во рамките на стандардот од последните неколку денови и изнесуваше 12.060.094,02 денари.
Вкупниот промет од денешниот трговски ден беше во рамките на стандардот од последните неколку денови и изнесуваше 12.060.094,02 денари. Повторно се истакнуваше тргувањето со државните обврзници кое изнесуваше 2.713.332,02 денари, а 88,7% од тој износ се истргува преку државната обврзница за денационализација од осмата емисија. На официјалниот пазар беше остварен промет од 8.547.207,02 денари, додека прометот на редовниот пазар изнесуваше 3.512.887,00 денари.Најактивно на целиот пазар како и на официјалниот пазар беше тргувањето со државната обврзница за денационализација од осмата емисија која оствари промет од 2.405.395,23 денари. Просечната цена од 86,70% резултираше со пораст од 1,29%. Истргувани беа вкупно 45.025 обврзници кои се реализираа преку 7 трансакции. Останатите државни обврзници кои се тргуваа забележаа далеку послаб промет.Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 2.044.500,00 денари. Просечната цена од 4.700,00 денари беше доволна за само минимално намалување од 0,04%. Истргувани беа вкупно 435 акции кои се реализираа преку 13 трансакции. Прометот од 796.850,00 денари на Стопанска Банка Битола беше доволен за третото место според ликвидност на официјалниот пазар, а оваа акција имаше значителен пораст од 1,86% на дневна основа при просечна цена од 3.162,10 денари. Ценовниот распон се движеше од 3.135,00 денари до 3.170,00 денари, додека последната цена на тргување изнесуваше 3.170,00 денари. Истргувани беа 252 акции кои се реализираа преку 8 трансакции.Од редовниот пазар најтргувана беше акцијата на Раде Кончар Скопје со промет од 2.133.901,00 денари. Просечната цена од 1.813,00 предизвика скок од дури 19,99%. Истргувани беа 1.177 акции од ова друштво кои беа реализирани преку една трансакција.Следуваше акцијата на Македонски Телеком Скопје со промет од 494.700,00 денари. Просечната цена изнесуваше 510,00 денари, што беше проследено со незначително намалување од 0,06%. Истргувани беа вкупно 970 акции кои се реализираа преку 7 трансакции.Согласно податоците од ЦДХВ, ве известуваме дека се блокирани акциите издадени од Сини кристал АД Тетово со матичен број 05789699 и шифра на тргување СКТЕ.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 082. Раде Кончар Скопје 3. Алкалоид Скопје4. Стопанска Банка Битола5. Комерцијална Банка СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Раде Кончар 19,99%2. Скопски Пазар Скопје 10,00%3. КЈУБИ Македонија Скопје 8,70%4. ЗК Пелагонија Битола 8,01%5. РЖ Техничка контрола Скопје 6,31%Хартии од вредност со најголем пад1. Тутунски комбинат Прилеп 20,00%2. ОКТА Скопје 10,00%3. Бетон Скопје 2,55%4. Гранит Скопје 0,91%5. Макстил Скопје 0,90%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.