Контакт

Економија

Акционерите на АИГ си ги бараат парите од менаџерите

Објавено пред

Акционерите на разнишаниот американски концерн за осигурување „АИГ“ поднесоа тужба против менаџерите на компанијата со која бараат враќање на милионските приходи што врвните луѓе на концернот ги добиле во изминатите осум години.

Со недомаќинско работење и расфрлање на парите, акционерите во тој период загубиле 200 милијарди евра, се вели во тужбата поднесена пред суд во Лос Анџелес. „АИГ“ минатиот месец исплатил 165 милиони долари на своите врвни менаџери, со што предизвика голема огорченост во јавноста. Концернот, поради финансиската криза, од државата доби помош во висина од 170 милијарди долари. Без државната помош „АИГ“ одамна ќе бабкротираше.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Бектеши: Две турски компании во конкуренција за изградба на магистралниот гасовод

Објавено пред

Две турски компании влегоа во конкуренција за изградба на магистралниот гасовод во Северна Македонија, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

„ Компаниите “Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ од Турција доставија понуди за изградба на магистралниот гасовод во земјата. Врз основа на извештајот на Министерството за економија, вчера Владата донесе одлука со која овие две компании ќе бидат поканети да учествуваат во втората фаза на конкурентен дијалог. Тоа значи дека овие две компании ќе учествуваат во тендерската постапка до третата фаза која значи конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно- приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Северна Македонија“ напиша Бектеши на својот Фејсбук.

👉Dy kompani turke kanë hyrë në garë për ndërtimin e gazsjellësit kryesor të gazit në Maqedoninë e Veriut.

✔️Kompanitë “…

Posted by Kreshnik Bekteshi on Wednesday, 25 November 2020

Според условите кои што требаше да ги исполнат заинтересираните инвеститори за учество на јавниот повик кој го објави Министерството за економија се: најмалку пет години искуство во дистрибуција на природен гас, најмалку 100 илјади корисници приклучени во нивниот систем за дистрибуција,да имааат дистрибуирано најмалку 3 милијарди м3 , во последните 3 години, и најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните 3 години.

„ Природниот гас е едно од горивата што значително ќе придонесе за енергетска транзиција до 2040 година. Затоа гасификацијата е од круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и компаниите, за животната средина и за општеството во целост. Оправданоста за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Македонија, произлегува од фактот што на граѓаните како и субјектите од комерцијалниот и јавниот сектор треба да им се понуди и друга можност за снабдување со гас, како поеколошки енергенс, во споредба со постојните енергенси“ објаснува Бектеши.

Прикажи повеќе...

Економија

Банките ќе ги исплаќаат пензиите од 26 ноември

Објавено пред

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.11.2020 година, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.11.2020 година.

Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.11.2020 година (четврток);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27.11.2020 година (петок);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.11.2020 година (понеделник), и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2020 година (вторник).

Прикажи повеќе...

Економија

Измени во законот за трговија поради превенција од Ковид-19

Објавено пред

На владина седница е утврден текстот на предлог-законот за трговија со цел да се обезбеди превенција и зајакнување на заштитата на здравјето на населението од ширењето на вирусот Ковид-19 во услови на вршење трговија на мало.

Измените во законот за трговија се потребни за да се продолжат да важат мерките кои беа предвидени со Уредбата со законска сила според која трговците на мало во услови на пандемија се должни да постават ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало, да обезбеди редарска служба за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот, да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред објектот, да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, како и други мерки, а имајќи предвид дека истекува важноста на оваа Уредба, соопшти Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа21 минута

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите кои најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет28 минути

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет1 час

Бајден: Се уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека се уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет1 час

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот, за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет2 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет2 часа

Големи гужви на аеродромите и центрите за тестирање во САД, во пресрет на Денот на благодарноста

Гужва на аеродромите и редици пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија13 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет14 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет15 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија15 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа15 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет16 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт16 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Топ17 часа

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Македонија17 часа

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по фотографиите дека пациент прима инфузија покрај починати лица

Министерот за здравство Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се...

Македонија18 часа

На инфективните одделенија се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни...

Свет18 часа

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Европа19 часа

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколкупати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздухот, според...

Свет20 часа

Кина тврди дека коронавирусот најпрвин се појавил во Европа, а не во Вухан

Кина користи нова студија за раното скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата...

Свет22 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Досие