Контакт

Економија

Кредити со 6 отсто камата за мали средни претпријатија

Објавено пред

Малите и средните претпријатија од јули, ќе можат да подигнат кредити од комерцијалните банки во земјава со камата не поголема од 6 отсто

dobivaj vesti na viber

На денешната средба на вицепремиерот Зоран Ставрески, со македонските банкари, со стопанствениците и со гувернерот на Централната банка, поврзана со антикризните мерки на Владата, таа ќе се земе од Европската инвестициона банка 100 милиони евра, со кои ќе гарантира 50 отсто од кредитите што ќе им бидат одобрени на малите и средните претпријатија.“Кредитите ќе бидат давани на мали и средни претпријатија, а износот ќе зависи соодветно на бројот на вработени и големината на фирма. Каматната стапка, во целина, не треба да надминува 6 отсто, што во овие услови на зголемени каматни стапки сметаме дека ќе биде доста поволен продукт за банките, ќе бидеме пофлексибилни во давањето на овие кредити и за крајните корисници 6 отсто севкупна камата во овие услови ќе бидат доста поволна каматна стапка“, рече претседателот на Здружението на банкари, Ѓорѓи Јанчевски.Државата со овој потег само ќе го зголеми вкупниот ликвиден потенцијал на банкарскиот систем во Македонија, на тој начин што 50 отсто од средставата ќе бидат обезбедени од Владата, а ќе обезбеди гаранција за половина од вкупниот пласман, со цел сигурноста на добиените средства и на пласманот да биде обезбедена. Можно е “Разговаравме и за можноста врз база на одделни насоки од одделни банки и да се зголеми учеството на банките, значи во зависност од можноста на деловните банки, особено оние кои имаат странски капитал, а повеќето имаат, да повлечат и дополнителни кредитни линии од своите матични банки, можно е вкупниот износ на средства во овие две кредитни линии, коишто сега планираме да изнесува околу 180 милиони евра, значи 90 милини евра од прилика се средства на државата, а 90 милини евра се средства на банките, можно е да биде и поголем“, рече вицепремиерот, Зоран Ставрески.Претпријатијата кои ќе ги добијат кредитите од двете кредитни линии, краткорочната од 12 месеци и долгорочната, на период од 3-5 години со една година грејс-период, ќе можат да ги користат и за нови обртни средства за суровини, репро материјали и слично, но и за рефинансирање на постојните кредити, се со цел да се олесни товараот околу отплатата на кредитите во овие кризни времиња. “Многу поволно беше оценето тоа што државата искажа подготвеност 50 отсто во секој кредит, што државата ги обезбедила да ги одобри во денари, без девизна клаузула“, рече Ставрески.  До крајот на овој месец, бордот на ЕИБ треба да го одобри кредитот, во текот на јуни да помине задолжувањето на Собрание и во јули веќе првите кредитити треба да бидат одобрени. Овие кредити се токму наменети за стопанството и за малите и срени претпријатија и банките се тие кои според нивните политики ќе се одобруваат, а државата со самото тоа што 50 отсто од средствата таа ги обезбедува и уште гарантира за половина од пласманот им помага на деловните банки и на фирмите да дојдат до договор, односно проектот да биде со помал ризик и попрофитабилен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Средба Ангеловска-Бежоска и Камер: Независноста на централната банка е предуслов за макроекономската стабилност

Објавено пред

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со Алфред Камер, директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, на маргините на конференцијата на високо ниво „Справување со геоекономската фрагментација“, во организација на Холандската централна банка.

dobivaj vesti na viber

„Независноста на централната банка е јавно добро што мора да се зачува. Централните банки можат успешно да ги исполнат своите цели само ако се независни, вклучително и преку одржување силна финансиска самостојност заради ефективно спроведување на политиките. Народната банка на Северна Македонија успешно се справи со големиот број неодамнешни предизвици благодарение на нејзината независност и кредибилитет, коишто мора да се зачуваат“, изјави Алфред Камер, директорот на ММФ за Европа.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност до директорот Камер за техничката помош од ММФ, како и за препораките за начинот на изменување на Законот за Народната банка и за усогласување со најдобрите меѓународни практики за заштита на независноста на централната банка. „Независната монетарна политика е предуслов за одржување на стабилноста на цените и девизниот курс, особено во време на предизвици кога во глобалното опкружување и понатаму владеат висока неизвесност и геополитички ризици“, рече Ангеловска-Бежоска.

На конференцијата на високо ниво, гувернерите и замениците на гувернерите од земјите коишто се дел од холандската конституенца на ММФ, заедно со претставниците на високо ниво на ММФ, разговараа за геополитичките ризици и влијанијата врз економиите, како и за краткорочните и за долгорочните решенија на политиките за ублажување на можните негативни ефекти. На Конференцијата учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

Прикажи повеќе...

Економија

Дурмиши во Катар: Потребен е билатерален договор за посредување, со кој ќе се регулира регрутирањето на работниците

Објавено пред

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, престојува во работна посета на државата Катар, каде оствари средба со шеикот Али бин Саид бин Сумаик Ал-Мари, министер за труд и други претставници на оваа земја.

dobivaj vesti na viber

Дурмиши на средбата истакна дека двете земји имаат голем потенцијал за унапредување на билатералната соработка во сите нивоа, како и за продлабочување на соработката во сите полиња, конкретно во полето на инвестициите, бидејќи Северна Македонија има клима и доволен капацитет за да ги пречека странските инвеститори.

Дурмиши информираше дека Северна Македонија и Државата Катар имаат договор за регулирање на вработувањето на работниците кој е во сила од март 2012 година, со кој се дефинираат односите меѓу двете земји за вработување на работници, постигнувајќи голем напредок меѓу Северна Македонија и Катар во областа на работните односи.

Со измените на законот за регулирање на организацијата на органите на државната управа, Министерството за економија и труд, од јуни ќе ги преземе работните односи, вработувањето, животниот стандард и заштитата на работниците и тоа дополнително ќе го олесни процесот не само на инвестиции, туку и на економска размена меѓу двете земји. Во наш интерес е да се воспостави меморандум за соработка кој ќе ги регулира областите на соработка меѓу двете земји, истакна Дурмиши.

За време на престојот во Катар, министерот Дурмиши го потенцираше и фактот дека нашата земја ја следи состојбата со нашите работници кои работат во Катар во одредени сектори, на пр. во угостителството, градежништвото, здравството итн. Во таа насока, потребно е да се склучи билатерален договор за посредување, со кој ќе се регулира регрутирањето на работниците, издавањето на работни визи и престојот во поедноставена постапка, времетраењето на работниот ангажман на работниците, нивните права и обврски, обврските на работодавачите, обврските на националните агенции за вработување на двете земји итн.

„За нас како Mинистерство за економија и труд, под чии надлежности се условите за работа на странските инвеститори, од големо значење е да работиме на подобрување на бизнис климата, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст. Се надевам дека после оваа наша прва средба ќе работиме заеднички во иднина уште повеќе да ги подобриме односите помеѓу нашите две пријателски земји. Работиме со висок интензитет за да донесеме што повеќе инвеститори од Катар, што значително би ја подобрило економијата и животниот стандард на граѓаните“ изјави министерот Дурмиши.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Владата не ја донесе одлуката за маржите, профитот на неколкумина им е поважен од животот на граѓаните

Објавено пред

Владата на Христијан Мицкоски не ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, оставајќи ги граѓаните и понатаму сами да се справуваат со високите цени, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, а владата има поданичка позиција кон бизнис интересите на елитата и на големите трговци и не презема ништо. На Мицкоски воопшто не му е гајле што граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај.

Колкави долгови има Мицкоски кон оваа бизнис елита штом дозволува да профитираат врз грбот на граѓаните?

Веќе е јасно дека владата не само што нема решение за високите цени туку и нема желба нешто да преземе, нејзините економски политики се тотално фијаско и водат кон нова економска криза.

СДСМ бара владата итно да ги прифати 7 те пакет мерки за вистинско намалување на цените, олеснување на економскиот притисок и зголемување на стандардот на граѓаните.

Македонија не смее да биде земја во која профитот на малкумина е поважен од достоинствениот живот на сите!“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ28 минути

Брендирана роба без документација пронајдена во товарно возило: приведен струмичанец

Вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни...

Македонија30 минути

(Видео) Паѓа снег во Скопје, врнежи се очекуваат и во наредните денови

Во Скопје утрово паѓа снег. Според прогнозата во главниот град денеска повремено ќе има врнежи од снег, а температурата се...

Свет2 часа

Орбан: Украина може да стане Авганистан за ЕУ

Украина може да се претвори во „верзија на европски Авганистан“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп не може да обезбеди мировен...

Свет3 часа

Трамп сака мир во Украина до Велигден, пишува Блумберг

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, кој...

Свет3 часа

(Видео) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа девет луѓе

Најмалку девет лица ги загубија животите во текот на викендот бидејќи обилните дождови предизвикаа поплави во југоисточниот дел на САД,...

Свет4 часа

Трамп: Средбата со Путин ќе биде наскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата очекувана средба со рускиот колега Владимир Путин во Саудиска Арабија „може да се...

Европа4 часа

Стармер е подготвен да испрати војници во Украина доколку е потребно

Британскиот премиер Кир Стармер изјави вчера дека е подготвен да испрати војници во Украина доколку се покаже дека е неопходно...

Европа4 часа

(Видео) Украинците нападнаа руски регион со дронови, погодена рафинерија

Во напад на украинско беспилотно летало врз рускиот регион Краснодар е повредено едно лице, а оштетени се најмалку 12 куќи,...

Македонија15 часа

„Валкани пари – смртни последици“ – во Скопје нов потестен марш по смртта на Фросина Кулакова

Голем број граѓани и денес, по трет пат, се собраа на протест на кој се бараше правда за Фросина Кулакова,...

Топ20 часа

Во полиција задржан тинејџерот од Косово кој прегази пешаци на улица во Скопје, МВР поднесе кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа околу 22 часот удри пешаци во Скопје на улицата Дринска. Седумнаесетгодишникот од...

Македонија22 часа

Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот, Христијан Мицкоски, истакна...

Македонија23 часа

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори, откри Таравари

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на...

Македонија24 часа

(Видео) Изгоре магацин за полиестер во Врапчиште, пожарникар падна од скали и се повреди

Изгоре магацин за  производство на полиестер во општина Врапчиште. Магацинот се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека...

Свет1 ден

Првиот човек на НАТО: Путин не би се осмелил да нападне наша членка

Рускиот претседател Владимир Путин не би се осмелил да нападне земја-членка на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте...

Свет1 ден

Зеленски: Работиме на посебен договор со САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека успехот „веќе се чини можен“ откако неговата администрација почна да соработува со тимот на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија,...

Свет1 ден

„Не сме сите такви“ – Алхалаби е херојот од Сирија кој го совлада својот сонародник за време на нападот во Австрија

Сириец вчера избоде со нож пет минувачи по случаен избор во Вилах, Австрија пришто загина 14-годишно момче. Медиумите денес се...

Свет1 ден

ЕУ се подготвува за итен состанок за Украина

Франција разговара со своите сојузници за можноста за одржување неформален состанок на европските лидери за Украина, а четворица европски дипломати...

Македонија2 дена

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . Премиерот...

Македонија2 дена

Вклучувањето на Бугарите во Уставот е само првиот чекор и ќе овозможи почеток на преговорите, му рекол бугарскиот министер на Муцунски

Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ. Ваква порака испратил бугарскиот министер...