Економија
УЈП затвори 61 објект во источна Македонија

Инспекторите на УЈП деновиве вршеле контроли за фискализација и регистрирање на готовинските плаќања. Мобилните екипи на Управата за јавни приходи откриле неправилности во работата на 64 даночни обврзници во Штип, Струмица, Куманово, Берово, Кочани, Радовиш
Како што информираат од Управата за јавни приходи, биел направени вкупно 209 контроли на фискални апарати. Од тоа во 64 објекти инспекторите утврдиле непочитување на одредбите, како што се воопшто немање фискален апарат, неиздавање фискални сметки од страна на даночните обрврзници. Најголем број неправилности биле констатирани во Штип и Струмица. Во текот на инспекцискиот надзор, поради сторен прекршок, изречени се казни во вкупен износ од 5.732.900 денари, како и изречена е мерка времена забрана за вршење на дејност од 30 дена за 61 објект. Паричните казни поради непочитување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, се движат од 200 до 1.500 евра, во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Николоски: Зошто власта набавува гас по 40% повисока цена од берзанската и зошто во РЕК Битола на тендерите секогаш има еден понудувач?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во Битола изјави дека енергетската состојба во државата ја следи незнаење од една страна и од друга страна голем криминал и корупција. Тој објави две големи теми – едната е набавката на гас по 40%, најмалку, повисока цена од берзанската цена и втора, зошто во РЕК Битола секогаш има по еден понудувач.
Николоски посочи дека доволни се овие две теми денес да се отворат и да се дадат одговори, како и одговорност која што подолг временски период не ја гледаме, а како што рече, тука одговорноста е на највисоко ниво, затоа што со одлуки на оваа Влада, практично одлуките се одземени од РЕК Битола, и набавките се прават директно од централата, односно се прават од ЕЛЕМ, односно владата затоа што раководството на ЕЛЕМ е назначено директно од владата.
„ Се работи за еден огромен скандал. За жал во енергетиката има само скандали. Имено, ЕЛЕМ, односно ЕСМ потпиша договор со сомнителни фирми од Бугарија за набавка на гас по фиксна цена од 99 евра за мегават час, иако денес доколку ја отворите Купекс како релевантна берза за цела Југоисточна Европа ќе видите дека цената е 59 евра. Што значи дека само денес разликата е околу 40 евра по мегават час, или преведено во проценти, над 40% е разликата помеѓу тоа по кое набавува државата и се трошат народните пари, и она што е денес цена на берзата, рече Николоски.
Тој посочи дека се работи за огромни екстра профити на овие сомнителни компании од Бугарија, што отвора сериозен сомнеж за криминал и корупција.
„ Така што би сакал да го повикам овдека целиот менаџмент на ЕЛЕМ, како и владата и министерот за економија Крешник Бектеши, премиерот Димитар Ковчевски да дадат одговор и да понесат одговорност за ова ненаменско трошење на пари коешто во месец јануари достигна над милион евра повеќе од тоа што беше на берза, а за февруари веројатно ќе е 2 до 2,5 пати повеќе од она што е берзанска цена и да дадат одговори каде одат овие средства, истакна Николоски.
Тој праша како е возможно на скоро секој тендер што го објавува ЕЛЕМ во РЕК Битола да има само по еден понудувач.
Економија
Андонов: За 30 отсто зголемено домашното производство на електрична енергија

На денешната прес-конференција соработникот за енергетика, Виктор Андонов, ги презентира најновите информации во врска со енергетската состојба во земјата.
Тој истакна дека во јануари, во екот на зимата, домашното производство на електрична енергија беше зголемено во однос на претходната година, стабилно и во целост ги задоволи потребите на граѓаните и малите потрошувачи.
„На почетокот на годината, по успешното монтирање на трансформаторот на Блокот 3 во РЕК ‘Битола’, првпат по долг временски период, беа ставени во функција сите домашни расположливи енергетски капацитети. Ова беше потврдено и со бројки, односно на 29 јануари 2023 година дневното производство од домашните производни капацитети изнесуваше 21.229 MWh електрична енергија, што претставува рекордно највисоко дневно производство во последните 10 години како резултат на посветената работа на нашите електроинженери и работници во енергетскиот сектор за што и претседателот на Владата неколкупати упати признанија и благодарност за нивниот вложен труд. Врз основа на податоците за јануари, можеме да заклучиме дека резултатите во однос на домашното производство на електрична енергија се повеќе од добри, впрочем ако во минатото било вообичаено да се увезува во овој период од годината, благодарение на зголеменото производство ЕСМ успеа целосно да ги задоволи потребите на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните обврски за прехранбената индустрија, училиштата, водоснабдителните системи и други витални државни субјекти, дополнително беа продадени и вишоци електрична енергија. Во јануари вкупното домашно производство на електрична енергија изнесува 561.350 MWh електрична енергија во споредба со истиот месец претходната година кога производството на електрична енергија изнесуваше 434.189 MWh. Зголемувањето во јануари изнесува 29 % и е во согласност со планот за 2023 година, со кој се предвидува зголемување на годишното производство на електрична енергија за 20 % во однос на 2022 година“, рече Андонов.
Воедно, тој го презентира енергетскиот биланс за 1 февруари, кој покажува дека вкупното домашно производство на електрична енергија изнесува 19.172 Mwh, од кои 13.744 Mwh од термоелектраните, а 5.428 MWh од обновливи извори. Со ова производство целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.
Економија
Потпишување договор за коридорите 8 и 10-Д: вложуваме во инфраструктурата

Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на потпишувањето на договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридорот 8 и на Коридор 10-Д, каде што имаше обраќање.
Договорот е потпишан со компанијата „ИРД инженеринг“, која е избрана за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридорот 8 и на Коридорот 10-Д. На настанот присуствуваа и имаа обраќање и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, и директорот на „ИРД инженеринг“, Паоло Орсини.
Со потпишувањето на овој договор почнуваат активностите за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 за автопатските делници Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан и на Коридорот 10-Д за делницата на автопатот Прилеп – Битола.
„Со потпишувањето на овој договор продолжуваме да ја зацврстуваме нашата определба како Влада дека автопатските делници, патиштата и инфраструктурата во нашата држава се еден од главните приоритети на кои ќе продолжиме да се фокусираме и годинава“, изјави премиерот Ковачевски.
Премиерот Ковачевски посочи дека Владата е силно фокусирана на капиталните инвестиции во патната и железничката инфраструктура додавајќи дека за 5 години се реализирани 1.300 км патна инфраструктура, рехабилитирана и изградена, во која се инвестирани над 1 милијарда евра.
„Изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10 е од клучно значење за подигнување на нивото на квалитетот на патната инфраструктура и сообраќај, со што уште повеќе ќе ја истакнеме геостратешката позиција на Република Северна Македонија, која преку овие проекти ќе стане неизбежна транспортна рута од значење за регионот, но и пошироко“, истакна премиерот Ковачевски.
Директорот на „ИРД инженеринг“, Паоло Орсини, истакна дека е „чест и привилегија е да се биде дел од овој настан во Владата“.
„’ИРД инженеринг’ е присутна во Македонија за инженерски услуги во последните 20 години. Една од нашите конкурентски предности е и ќе биде нашето локално присуство со комбинација на меѓународно искуство и експертиза. Заедно со нашите локални партнери во овој проект ние ќе ги вложиме сите потребни напори за да ги изградиме 4-те делници со највисок стандард и квалитет што одговараат на квалитетот на патиштата што се градат во ЕУ“, потенцира Орсини.