Економија
ММФ: Економијата остро забавува
По рапидниот раст во минатата година, економските параметри кај вас сега се подложни на ефектите од глобалната криза, а тоа негативно се одразува врз фискалните приходи, се вели, меѓу другото, во оценката на Мисијата на ММФ, по студиската посета на Македонија
Тимот на ММФ предводен од г-динот Вес МекГру престојуваше во Скопје од 7. до 14.мајво редовна посета. Целта на посетата беше да се оценат економските и финансискитеуслови и заедно со властите да се дискутираат економските политики. Тимот би сакалда се заблагодари на властите на Македонија за нивното искрено гостопримство и заотворените дискусии.Економијата остро забавува по нивото на рапиден пораст минатата година. Сличнокако со многу други земји од регионов глобалната економска контракција како иострото намалување на долговите на западните банки имаа негативен одраз врзекономијата како резултат на опаѓачката побарувачка за извоз како и поскуднотоекстерно финансирање. Овие негативни фактори веројатно ќе доведат до контракцијана растежот на годинешниов БДП и единствено до постепено заздравување следнатагодина иако засега е многу тешко со сигурност да се предвиди колку брзо може да сеповрати глобалниот растеж.Економскиот пад имаше негативен одраз врз фискалните приходи. Ребалансот набуџетот на владата, кој ги намалува трошоците како одговор на опаѓачките приходи, ечекор во правилната насока. Доколку приходите паднат под нивото претпоставено соребалансот на буџетот заради подзапирањето на економската активност, дополнителнимерки за постигнување на очекуваниот фискален дефицит може да бидат неопходни.Платниот биланс веројатно ќе биде предизвикот за Македонија оваа година. Извозот и приватните трансфери кои опаѓаат го отежнуваат значителното намалување на дефицитот на тековната сметка, додека пак истовремено се забавија странскитедиректни инвестиции како и останатите капитални приливи. Како светскиот растежпостепено ќе покажува знаци на заживување соодветно овие притисоци ќе сенамалуваат. Во меѓувреме, властите би требало да бидат подготвени за преземањедополнителни мерки доколку биде неопходно.Намалувањето на инфлацијата, од преку 8 проценти минатата година на скоро 0процент сега е добредојдено случување.Ние сме воедно охрабрени од фактот дека банкарскиот систем се покажува какорелативно здрав. Кредитниот растеж веројатно значително ќе забави споредено соминатогодишниот брз растеж со оглед дека банките се соочуваат со позатегнатиликвидносни услови; меѓутоа, нивните биланси изгледаат доволно силни да го надминатнадолниот тренд без поголеми повреди. Се разбира, претпазливоста е секогашпотребна, така што властите би требало правовремено да одговорат на појавата наевентуални проблеми.Фондот останува подготвен да и помогне на Македонија на начин кој е од најголемакорист. Фондот останува подготвен да разговара со властите за условите за техничкапомош, совет за политиките како и за финансиската поткрепа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.