Економија
ЛП: Со случајот Ферпешед ги бркаме инвеститорите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/aaade450-8313-4575-9c2e-d8ad4f7116f8.jpeg)
Уништувањето на Фершпед и спорот со австриски ЕВН и носат лош имиџ на Македонија и ги демотивира постојните и потенцијалните домашни и странските инвеститори, обвинија денеска од Либералната Парија.
Оттаму оценуваат дека економската политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нанесува долгорочни и огромни штети врз македонското стопанство.„Уништувањето на „Фершпед” со сомнителни одлуки на македонската Царина не е ништо друго освен рушење на компанија која е регионален бренд во шпедитерскиот бизнис и вработува огромен број луѓе, а е докажан економски субјект со корпоративна одговорност”, изјави денеска на прес-конференција претседателот на ЛП, Борче Стојановски.Според него, спорот на државата и ЕЛЕМ со ЕВН Македонија е најлошата порака што странските инвеститори можат да ја добијат за владеењето на правото и отвореноста на економијата во Македонија. „Цениме дека присуството на ЕВН треба да се прошири бидејќи тоа е гаранција за брз и смислен развој на електро-енергетскиот систем во Македонија.”, вели Стојановски.
Инаку Либералната партија направила и интерна анкета за спорот што државната ЕЛЕМ го води со австриската ЕВН за меѓусебните долгови. Според резултатите од анкетата 68 проценти од испитаниците занеле за спорот. Од нив дури 45 отсто одговориле дека тој спор ќе и наштетите на угледот на државата. Испитаниците одговарале и на прашањето за дали ваквиот спор бил фер, при тоа 47 отсто од нив не знаеле како да одговорат, 27,6 отсто сметале дека таквиот спор не се водел по фер принципи, додека пак 25,4 отсто се изјасниле дека судските органи добро си ја завршиле работата. Околу 42 отсто од испитаниците сметале дека спорот со ЕВН ќе ги демотивира странските инвиститори.
ЛП обвини дека во доменот на макро-економската политика, Владата на ВМРО-ДПМНЕ води политика на предимензионирана јавна потрошувачка и ризична политика на задолжување по комерцијални услови, а избегнува аранжман со ММФ. Според последните анализи на оваа партија потребно е Владата да се заложи за решавање ена последиците од економската криза и невработеноста на долг рок.„Нереалната политика на концесионерство на патиштата, заедно со константниот пад на домашното производство на електрична енергија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се илустрација за заканата на долг рок да се попречат развојните перспективи на цели региони и индустриски гранки во Македонија. Одговорноста за ваквите состојби е директно на Премиерот, Потпретседателот на Владата задолжен за економија и министрите од надлежните ресори”, вели Стојановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
(Видео) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3, сега го зголемуваат на 4.9 проценти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-185301-1.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма велеше дека јавниот долг од крајот на 2023 година достигнал 62,1% од БДП, и дека ќе преземе мерки за фискална консолидација, земјата да има умерено ниво на задолженост. Со новиот ребаланс на буџетот, наместо намалување на јавниот долг, тој ќе биде зголемен на 4.9% уште во првата година од мандатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот Благој Бочварски, денес на Комисијата за финансирање и буџет.
-Потоа, велеа дека инфлацијата ќе ја намалат на 2%, а денес слушаме дека таа е 3.5%. Јасно е дека ќе се кратат сретсва од веќе предвидени проекти.
Пиар програмата на власта е едно, а реалноста е друго, рече Бочварски.
Тој потенцираше дека СДСМ ако не ги зголемеше платите и пензиите на граѓаните во време на кризи и инфлација, тешко дека ќе преживеаа граѓаните, особено со минималната плата од 9 илјади денари, каква што беше во времето на ДПМНЕ, а од каде нивните стручњаци велеа дека не е добро да се покачуваат платите.
-Колку за споредба, во 2017 минималната плата беше 9 илјади денари, а денес таа е 22.500. Просечната во 2017 беше 22.500, а денес е 41.100. Пензиите се зголемија за 6.500, а сега имаме бомбастични најави за зголемување од 5 илјади денари, за кое ни останува да видиме дали ќе се случи“, рече Бочварски.
Економија
Трипуновски: Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Трипуновски-26.07.2024-3.jpg)
Министерот Цветан Трипуновски после состанокот со откупувачите и преработувачите на црвена пиперка соопшти дека е постигнат договор за откупните цени.
„Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат: прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм, втора класа – 20 денари за килограм, трета класа – 12 денари за килограм“, соопшти Трипуновски.
Тој во неколку наврати одржа состаноци со земјоделците, преработувачите и откупувачите каде што главна тема беше откупната цена и текот на откупот на црвената пиперка.
Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Вистински се грижиме за македонските земјоделци, тие конечно имаат партнер во Министерството, рече Трипуновски.
Економија
Нови цени на горивата од полноќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/benzin-gorivo-960x639.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 22.7.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,072 %, кај дизелот 1,940 %, кај екстра лесното масло 2,096 % и кај мазутот намалувањето е 3,565 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,2688 %.
Од 27.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 81,50 (денар/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС 98 83,50 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денара/литар)
Мазут М-1 НС 44,656 (денари/килограм)
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,101 денар/кг и сега ќе изнесува 44,656 денари/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.