Контакт

Економија

Договорена трговска размена меѓу Македонија и Обединети Арапските Емирати

Објавено пред

Македонија и обединетите Арапски Емирати ќе ја интензивираат екомоската соработка во делот на на енергијата, земјоделството и туризмот, објавија денеска шефотовите на дипломатиите на двете држави Антонио Милошоски и Шеикот Абдула бин Зајед Ал-Нахјан на прес-конфернеција во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Има многу области каде може да се развива понатаму соработката меѓу двете земји – на пример во производство на енергија, земјоделството и туризмот. Сметам дека реализирањето на спогодбите за избегнување на двојно оданочување и за заштита на инвестициите ќе создаде една рамка која на владата ќе и овозможи да ја поттикне деловната заедница во ОАЕ да соработува и да инвестира во Македонија, изјави Шеикот Ал-Нахјан кој е во официјална посета на државата.Двајцата министри договориле е да се формира тело – механизам кое ќе ги следи активностите во областа на економската соработка и ќе разгледува конкретни можности за инвестирање. Закажан е и прв состанок на тлеото за септмеври„Ќе ни биде задоволство да имаме и посета на една стручна делегација која се занимава со правење на проценки и можности во туризмот, земјоделството за да можеме на конкретна основа да видиме каде ОАЕ имаат зголемена потреба, каде Република Македонија има добри можности за инвестирање и да го развиеме тоа на едно конкретно ниво“ смета министерот за надворешни работи на Македонија Милошоски. Шефот на македонската дипломатија рече оти Македонија ќе ја разгледа апликацијата на ОАЕ да биде седиште на Агенцијата за обновлива енергија. Македонија, потсети Милошоски, е една од основачите на оваа Агенција.Шеикот Абдула бин Зајед Ал-Нахјан, кој е прв министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати во посета на Македонија, истакна дека неговата земја е првата која го призна Косово и оти верува дека секој народ има право да одлучи како политички да се развива. На средбата станало збор и за ситуацијата на Блискиот Исток и состојбата со нуклераната програма на Иран и изборите во таа земја.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Во услови на очекуван пад на каматите, сегашниот момент е вистинско време за штедење

Објавено пред

Европскaта централна банка (ЕЦБ) на последниот априлски состанок одлучи да ги задржи клучните каматни стапки на исто ниво од септември минатата година. Во циклусот на заострување на монетарната политика, а со цел намалување на инфлацијата во земјите од еврозоната, од јули 2022 до септември 2023 ЕЦБ ги зголеми основните каматни стапки 4,5 процентни поени. Ваквите мерки доведоа до зголемување на банкарските камати.

dobivaj vesti na viber

Со последната одлука и нашата Централна банка повторно ја задржа каматната стапка непроменета, на ниво од 6,30 процентни поени, кое се оценува дека e соодветно на тековните услови во економијата.

Меѓутоа, со оглед на падот на инфлацијата во еврозоната, експертите сметаат дека веќе во јуни може да се очекува да се случи прво намалување на основните каматни стапки од страна на ЕЦБ. Овој сигнал, веројатно, ќе го следи и нашата НБРМ, која поради нашата вразаност на денарот за еврото, ги следи чекорите на ЕЦБ.

Основната каматна стапка на централните банки секогаш е основа за определување на каматите стапки на банките, како на кредитите така и на депозитите. Доколку се остварат прогнозите на експертите, тоа значи дека и кај нас е можно да дојде до намалување на основната каматна стапка, а со тоа и на каматите на банките бидејќи тие своето работење го усогласуваат со одлуките на НБРМ.

Падот на каматите на кредитите во секој случај ќе значи и пад на каматите на депозитите, кај кои, по години исклучително ниски и неатрактивни камати за штедење, се случи пораст. Според последните податоци од Централната банка, просечната каматна стапка во март на вкупните депозити изнесуваше 1,80 %, односно на новопримените депозити 2,46 %.

Ако се знае дека пред почетокот на мерките за заострување на монетарната политика висината на каматите на депозитите беше минимална, можеби сега е вистино време да се искористат атрактивните камати за депозитите што ги имаат некои банки за одделни производи.

Таков атрактивен поизвод, на пример, е пролетниот депозит на Халкбанк, кој е со промотивен период до 30 јуни 2024 година. Истиот нуди можност за орочување на средствата за период од 13, 25 и 36 месеци. Каматните стапки се атрактивни и изнесуваат 3,30% за орочување на денари за период од 13 месеци, односно 3,80% и 3,90% за орочување во период од 25 и 36 месеци. За штедење во евра за соодветните периоди каматите изнесуваат 2,30%, односно 2,80% и 2,90%.

Она што е особено важно е дека каматата за целиот период на орочување е фиксна, така што и во случај на пад на каматите, за штедниот влог ќе се добие сегашната договорена камата. Каматата на орочените средства, пак, може да се повлекува месечно или на крајот на периодот на орочување.

Кај овој производ минимален износ за вложување е 30.000 денари, односно 500 евра и не е предвидено предвремено повлекување на средства или дополителни уплати. Во случај на предвремено раскинување на договорот за депозит се пресметува камата по видување според важечката Одлука за пасивни каматни стапки на Банката, која во моментот изнесува 0%.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Нова ТВ-кампања на Tigo.mk: Немаш пари? Нема проблем!

Објавено пред

Пионерот и иноватор на термините “0% трошоци и бесплатен кредит” во финансиската терминологија, Tigo.mk, започна со нова маркетинг и ТВ кампања, каде повторно во фокусот е клиентот и решението на неговите потреби.

dobivaj vesti na viber

Мотивирана од различните животни ситуации, каде недостатокот на финансиски средства може да претставува предизвик во остварување на идеите и задоволување на потребите, кампањата на духовит и интересен начин ја пренесува понудата со која граѓаните, кои за првпат аплицираат за кредит во Tigo.mk, можат да ги ползуваат придобивките на кредит без трошоци, односно, колку клиентот зема – толку и враќа. Без никакви дополнителни трошоци, 0% камата и 0% провизии.

Се што треба граѓаните да направат е да ја посетат страницата на Tigo.mk или некоја од 29-те филијали ширум земјата и да аплицираат за кредит само со важечки документ за лична идентификација, без дополнителни процедури или жиранти. Одговор на бесплатната апликација за кредит се добива за само 30 секунди, а исплатата во готово во филијала се врши за само 15 минути. И тоа е сѐ! „Немаш пари? Нема проблем!“ Погледнете ја рекламата.

Тigo.mk, дел од Финмак ДОО, е водечки бренд во индустријата на небанкарски кредити, кој на македонските граѓани во изминатите, речиси 7 години, на одговорен и транспарентен начин, нуди пристап до финансии и обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население на пазарот.

До услугите на Tigo.mk клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од нашите филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.

Повеќе информации за понудата и Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Објавено пред

Биткоинот поскапе за 0,53 отсто на 61.710,57 евра денеска во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance.

dobivaj vesti na viber

Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 21,42 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера.

Инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе во Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет2 часа

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија3 часа

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...

Македонија4 часа

Велигденов: Владата да се заземе за интересот на „Македонска пошта“ бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица

Првиот синдикалец на „Пошта“ информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање плата и не...

Македонија6 часа

Зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце,...

Македонија6 часа

Граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот, алармира ЦУК

Денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување...

Европа6 часа

Норвешка ја призна палестинската држава

Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека...

Македонија6 часа

„Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано. Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната...

Свет7 часа

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија, не е истиот вид како во САД

Птичјиот грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не...

Свет7 часа

На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозе му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за...

Свет7 часа

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран, Хамнеи води молитва за Раиси

Стотици илјади луѓе се собраа утрово на улиците на Техеран за да присуствуваат на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси...

Свет7 часа

(Видео) Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина повредени

Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина луѓе се повредени, пренесе Ројтерс....

Македонија19 часа

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија22 часа

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија22 часа

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија23 часа

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија1 ден

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија1 ден

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ1 ден

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ1 ден

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...