Економија
Модернизацијата на аеродромите стартува во март
Турски ТАВ сигурно ќе почне да ги модернизира скопскиот и охридскиот аеродром во март, но повеќе е од извесно дека нема да стартува и со изградбата на карго-аеродромот во Штип
Сани Шенер, генералниот директор на ТАВ вети дека реконструкцијата на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе стартува на втори март. „Си поставивме цел да го зголемиме бројот на аеродроми со кои ќе оперираме на десет, во десет години. Со комплетирањето на аеродромите во Скопје и Охрид во Македонија ќе ја постигнеме и оваа цел“, изјави тој, додавајќи дека изградбата на овие аеродроми ќе почне на 2 март. Во своето обраќањето по повод прославата на компанијата тој не го споменува карго- аеродромот во Штип.Турската компанија пред една година победи на тендерот за реконструкција на скопскиот и охридскиот аеродром. Во нив во следните десет години колку што е договорот за концесија со аеродромите треба да вложи околу 200 милиони евра. Според договорот ТАВ требаше да го гради и карго аеродромот во Штип. Стартот на реконструкцијата на аеродромите поради светската економска криза беше двапати одложена.Според Шенер ТАВ ерпортс холдинг, водечкиот оператор на турските аеродроми, пораснал за 4,5 пати за десетте години откако е формиран. Според Шенер, целта на ТАВ за следните десет години е да го зголеми бројот на патници што патуваат низ нивните аеродроми од сегашните 45 на 100 милиони луѓе, заедно со зголемувањето на вкупниот број вработени на компанијата од 12.800 на 50.000. Шенер наведе дека ТАВ постигнал забележителен успех од неговото формирање. Профитот на компанијата се проценува дека изнесувал од 630 до 640 милиони евра за 2009 г., додека во 2000 г. тој бил 144 милиони, што е речиси четирикратно зголемување во десетте години од постоењето. Вкупниот број вработени во ТАВ се зголеми од 402 во 2000, на 12.800 лица денес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

