Економија
Македонија официјално излезе од рецесија
Република Македонија официјално излезе од рецесија, откако во четвртото тромесечје од 2009 , бруто домашниот производ (БДП) забележа раст од 1,2 отсто, соопшти денеска министерот за финансии, Зоран Ставрески. Од СДСМ велат дека граѓаните не го почувствувале растот
Тој додаде дека Македонија ја заврши 2009 година со негативна стапка на раст од 0,7 отсто .„Остварените резултати, особено доколку се искомбинираат со намалување на невработеноста во текот на 2009 година, покажуваат дека Македонија во целина успеа да ја преброди кризата со најмали можни последици и спречени се негативните последици на пазарот на работна сила“, рече Ставрески.Тој напомена дека Македонија во изминатата година остварила трет резултат во Европа, гледано според стапката на БДП.„Економските политики кои беа поставени уште пред кризата, а секако и пакетите антикризните мерки донесоа добри резултати, односно помогнаа македонското стопанство да ја мине кризата со најмали можни последици“, рече Ставрески.Тој додаде дека објавените резултати покажуваат дека македонската економија е доволно жилава да се справи со најголемите последици, што не било случајност туку резултат на преземените реформи во последните неколку години. Ставрески изрази уверување дека економскиот раст во последниот квартал од ланската година дава силен кредибилитет на очекувањата дека во 2010 година ќе биде остварен раст од два отсто.„Тоа е солидна основа за да може да очекуваме дека постепено македонската економија ќе се врати на позитивните стапки на економски раст, кој што ги имавме претходно“, изјави Ставрески.Тој оцени дека е добро тоа што во структурата на растот учествуваат и инвестициите и потрошувачката.„Значи се работи за балансиран раст во кој што инвестициите пред се градежништвото даде значаен придонес, и со оглед нашата инвестициона програма, очекуваме тој економски раст да биде значајно поддржан преку инфраструктурни инвестиции“, изјави Ставрески.
Опозициската СДСМ излезе со реакција на објавените податоци, па велат и да е така, граѓаните тоа не го почувствувале. Тие го повикаа премиерот Груевски, да “престане да зборува за светската економска криза. Македонија е излезена од рецесија и не може за немањето странски инвестиции, нови работни места, за сиромаштијата и нискиот животен стандард веќе да се оправдувате со било што. Четири години сте премиер и на граѓаните им е здосадено од немање резултати“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

