Економија
Муратовски: Спасителот кoj стана автократ
Дојде како спасител, херој, а ќе си замине како тежок автократ и технократ, кој сака да држи се под контрола, посебно парите со кои располга ССМ, вака го опишуваат синдикалниот лидер Ванчо Муратовски неговите колеги
Деновиве не му е лесно на Муратовски, бидејќи претседателите на единаесет гранкови синдикати при Сојузот на синдикати (ССМ) го оспоруваат неговиот избор за претседател на ССМ, обвинувајќи го за фалисификат, покренувајќи иницијатива за негова смена. Тие тврдат дека при изборот на Муратовски во 2006 г. е направен класичен фалсификат.
Муратовски ги отфрлува обинувањата: „Јас се плукам тогаш кога ќе бидам чист, а ако имам путер на главата, сигурно ќе молчам“.
На Муратовски вториот мандат му истекува во март идната година. Речиси целата своја кариера ја има поминато во синдикат, а како кандидат за претседател на ССМ дојде од претседателското место во УПОЗ (Синдикат на управа, правосудство, здруженија на граѓани).
Првиот мандат да ги води работниците го доби во 2002 г. „Целата борба тогаш беше само да се тргне Живко Толевски, а Муратовски го доживувавме како херој. Вистинското лице си го покажа многу брзо“.
За само неколку месеци од кога стана претседател крајно не` разочара со јавниот повик да се даде подршка на СДСМ на изборите во септември 2002 г.“, велат од СИЕР (Синдикат на индустријата, енергетика и рударство).
По вокација Муратовски е правник, а во седумдесетите години од минатиот век има завршено и дипломатска обука.
Според неговите колеги, негова неостварена желба остана да биде амбасадор, па го посочуваат периодот во 1997 г., кога три недели работел во Министерството за надворешни работи, со желба да стане амбасадор.
„По раѓање е Македонец, но по убедување е Французин, па наместо да ги предводи истрошените работници, тој цело време изиграва господин“, коментираат синдикалците.
Поради пасивноста во своето делување како опција за синдикален лидер Муратовски им одговара на сите политички партии, иако отворено застана на страната на опозицијата, вели претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски, еден од најголемите гранкови синдикати кој во 2005 г. поради незадоволство од работењето на Муратовски го напушти ССМ.
„Тој нема лесно да си оди. Неговите пипци се исповрзани со политички и бизнис кругови. Го има, ама како да го нема. Тој е синдикален олигарх, чиј имот никогаш не е проверен. Со двете нозе работи на нов мандат. Игра и со власта и со опозицијата“, вели Цветановски.
Целиот портрет на Ванчо Муратовски ќе можете да го прочитете во најновиот број на Форум кој излегува на 16 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.